Светски рекорд во безжичен пренос на податоци

Научниците од Институтот за технологија во Карлсруе (КИТ) за првпат постигнаа брзина на пренос на информации од 100 гигабајти во секунда со безжична технологија и со тоа поставија нов светски рекорд.

Брзина од 100 гбпс досега беше можна само преку оптички кабли, но сега истата брзина научниците ја постигнаа со користење на безжична мрежа со фрекфенција од 237.5 гигахерци на оддалеченост од 20 метри.

Ова откритие дополнително ја отвора можноста за целосно безжична иднина, каде нема да постои потреба од оптички кабли или бакарни жици за поврзување на Интернет. Главен недостаток на постоечкиот начин на ширење на мрежата е нивната цена и комплицираното поставување во урбаните области. Рекордната брзина од 100 гбпс е постигната во лабораторија, а претходно со брзина од 40 гбпс е остварен пренос на информации на далечина од еден километар.

Извор: Вест

Напишете коментар