Ем телефонска говорница, ем хотспот

Telecom New Zeland, започна со реализирање на проектот за национална Wi-Fi мрежа на тој начин што нивните веќе поставени телефонски говорници ќе ги претвори во хотспотови кои на нивните корисници ќе им овозможат бесплатен пристап до интернет.

Тие што не се корисници на Телеком Нов Зеланд, ќе плаќаат 9,95$ месечно за услугата која што во моментов промотивно е отворена за сите. До 1 ноември 2013, активни биле повеќе од 700 хотспот локации а до средината на следната година планирано е мрежата да се прошири на 2000.

Постоечките пост-пејд корисници на Telcom New Zeland кои имаат месечни претплати од 19 или 29 долари, ќе имаат бесплатен пристап и потрошувачка до 1 GB дневно.

Засега, за време на промотивниот период, на овие хотспотови се имаат регистрирано преку 175,000 луѓе.

Технологијата која се користи во позадина е Ruckus Wireless ZF7782 3×3:3 dual band Access Point.


Извор: Круговал Магазин

Напишете коментар