SunWireless со нови 1500+ хотспотови се проширува во Шпанија

SunWireless со задоволство објавува дека потпиша договор со водечкиот шпански и еден од најголемите светски Wi-Fi оператори – GOWEX, со кој на своите корисници ќе им овозможи нови над 1500 хотспотови кои ќе можат да ги користат кога ќе ја посетуваат Шпанија.


Истовремено, со овој договор и корисниците на GOWEX кога ќе престојуваат во Македонија ќе можат да се логираат на сите SunWireless хотзони.

Душко Кончалиев, еден од сопствениците на SunWireless, по повод потпишувањето на договорот изјави: “Ние сме многу задоволни што добивме партнер како GOWEX, кој претставува еден од најголемите глобални играчи на телекомуникацискиот пазар, со што ја продолжуваме нашата мисија да обезбедиме најдобра услуга за нашите клиенти и партнери. Исто така, привилегија е што токму Шпанија е првата земја за нашето ширење надвор од регионов

Извршниот директор на GOWEX, Хенаро Гарсија, се надоврза: “Партнерството со SunWireless ни овозможува одлична основа за нашето понатамошно ширење во Југоисточна Европа и сме многу среќни што имаме можност да соработуваме со партнери кои ќе ни овозможат дополнителен развој на нашите роаминг и адвертајзинг платформи и во овој дел од Европа “

Со овој договор клиентите на SunWireless добиваат можност да користат безжичен интернет на многу јавни локации низ Шпанија, вклучително и најголемите плоштади, хотели, аеродроми, ресторани, кафе барови, трговски центри и возилата за јавен превоз.

За SunWireless

SunWireless е водечки Wi-Fi оператор во Македонија и на Балканот со повеќе од 550 хотзони агресивно ширејќи ја својата мрежа во Косово, Србија, Албанија и Грција.

SunWireless е ексклузивен Wi-Fi провајдер на низа атрактивни локации како аеродроми, хотели, студентски домови, ресторани, молови, кафе барови, спортски центри и др.

SunWireless има бизнис партнерства со Boingo, iPass, Skype, TAV и ONE Telecomunications.

За GOWEX

GOWEX е една од најголемите светски телекомуникациски компании со седишта во Мадрид, Парис,Дубаи, Лондон, Буенос Аирес, Шангај и Коста Рика.

Специјализирана е за т.е. “Wireless градови“ и има развиено уникатна роаминг и адвертајзинг платформа за своите корисници и партнери препознаена низ целиот свет.

GOWEX има бизнис партнерство со AT&T, Deutsche Telekom, Oi Brazil, PCCW, Boingo и др.

Напишете коментар