Интервју со Ивана од Скопје, дел од SunWireless друштвото!

Изминатиот месец SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“.

Во конкуренција на повеќе од 170 студенти и ученици (и вкупно пријавени 201 фотографија), изминатата недела беа објавени имињата на 5-те победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобите фотографии.

SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.

Денеска имаме задоволство гостинка на блогот да ни биде Ивана Марковиќ (Пешевска) од Скопје.

SunWireless: Кажете ни нешто повеќе за Вас ?

Ивана : Моето име е Ивана Марковиќ (но моминско Пешевска), сега во скоро време се омажив и тоа прилично млада, на 23 години. Живеам во Скопје, во населба Ченто. Имам завршено средно гимназиско училиште во гимназијата Јосип Броз Тито. Потоа продолжзив на Архитрконскиот Факултет во Скопје и сега имам уште една година до магистратура. Напорно е, но се издржува, кога се сака, се се може. Освен што уште студирам, исто така и работам во градежна фирма каде дополнително се дообучувам како теорески, така и практично.

Хоби ми е професијата, затоа што го сакам тоа што го учам, но покрај тоа имам и други дополнителни активности кои ме исполнуваат… Обожавам книги и читање, обожавам козметика, односно хонорарно се бавам со козметички услуги… Исто така дизајнирам и изработувам календри, бросури, визит карти, признанија, сертификати, свадбени покани и сл.

А во слободно време обожавам да излегувам со друштвото, да се забавувам и да си поминам екстра. Па кој млад човек не го сака тоа? :) :)

SunWireless : Каде и кога е направена победничката фотографија?

Ивана : Мојата победничка фотографија е направена на мојата свадба, но тоа беше сосема спонтан момент, спонтана поза, а изгледа како да е се монтирано. Девојките на фотографијата се MY SEXY LADIES (моите прекрасни деверуши…сестра ми Ане, братучетките Елена и Бојана и другарките Сања, Лина и Биле). На сликата има многу искрени насмевки, среќа, радост и исчекувања…Инаку сликата е направена на 16 Ноември 2013 на балконот од мојата детска соба во куќата во Марино, Илинден.

SunWireless:Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Ивана : Хм, има мнооогу интересни случки кои никогаш нема да ги заборавам… Но, еве вака можам една јавно да одвојам и да ја кажам…Веднаш штом положив за кола, се договоривме со другарките да одиме сами на викенд кај другарката Биле која е од Виница. За возилото немаше никаков проблем, моите родители целосно ми веруваат и ми ја дадоа колата…Ништо околу тоа не беше проблем. Проблем беше недоволното познавање на пaтиштата, затоа што сепак бевме деца…Тргнавме на пат внимателно и ги следевме знацитe и патоказите, но во еден дел од патувањето се закикотивме, се разборевме, изгубивме концентрација и целосно ја оплескавме работата, се изгубивме :) …Леле хаос, а незнаеме од кај да се вратиме, како да продолжиме…Бруки невидени…Дома не можевме да се јавиме, ќе ги загрижевме домашните…Што да правиме???

Најпосле се паркираме на едно исклучување покрај патот и почнавме да стопираме…За наша среќа застана една кола.Колата беше со двајца возрасни и еден млад дечко…Дечкото беше многу убав…Откако им ја објаснивме ситуацијата, на наша среќа и тие одеа кон истиот град. Возрасните рекоа да го земеме дечкото и да возиме по нив, а претходно одредивм место каде треба да застанеме и да го синмеме дечкото да си оди со неговите, а ние да продолжиме кај Биле. Но, знаете младост, лудост…Се разбаботевме во кола, муабети, смешки и си продолживме…Воопшто не го ни приметивме моментот кога другата кола застана за да се прекачи дечкото…Дури кога стигнавме кај Биле, кога излеговме од кола сватицме дека имаме плус еден член во колата………Хахахахаххааха…но сепак, влеговме сите заедно кај Биле, со дечкото се додека не дојдоа неговите по него…Дружба, смеа, изветреаност, младост….Но сепак екстра си поминавме…

SunWireless: Што Вашите пријатели значат за Вас?

Ивана : Богатство кое не се купува со ниедни пари на светот, бисери најретки и најскапоцени, луѓе кои треба да ги задржис цел живот, да им помагаш, да се бориш и да го заслужиш нивното пријателсто и доверба. Едноставно без пријатели си никој и ништо, безживотен, несреќен, нечовечен…

SunWireless: Како Ви се допаѓа SunWireless и нејзиниот начин на работа и комуникација ?

Ивана : Браво за идејата на SunWireless. Тоа покажува дека го разбирате, цените и поддржувате светот на младите и нивните потреби. Сите знаеме дека денеска интернетот е наше секојдневие, а исто така знаеме колку  од корист безжичноста на интернетот, ти дава слобода, не те обврзува на едно место…едноставно можеш многу поедноставно да ги извршуваш сите задачи и обврски…Една компанија ја одржуваат во работа нејзините клиенти, а задоволството на клиентите зависи од квалитетот на работата на компанијата. Оваа компанија изобилува со квалитет и брз и лесен пристап до информации што е многу важно во денешницата.Само напред…

Напишете коментар