Интервју со Благојче од Прилеп, дел од SunWireless друштвото !

Изминатиот месец SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“.
Во конкуренција на повеќе од 170 студенти и ученици (и вкупно пријавени 201 фотографија), изминатата недела беа објавени имињата на 5-те победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобите фотографии.
SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.
Денеска имаме задоволство гостин на блогот да ни биде Благојче Мојаноски од Прилеп (Кривогаштани), ученик во СОУ”Кузман Јосифоски-Питу”..

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Јас сум член на КУД “Илинден”. Победничката слика е направена во Србија,    Мараморак кога со Културно Уметничкото Друштво каде што сум член бевме на турнеа. Во “Backstage-от” пред настап секогаш има вакви случајни фотографии, оваа фотографија беше една од нив.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Хм… интересна случка со моето друштво. Бидејќи сме доста големо друштво и скоро сите сме членови на Културно Уметничкото Друштво ќе ги одделам оние случки коишто ни се случуваат на турнеите, едноставно незаборавни…

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Тие го исполнуваат мојот живот секојдевно. Бидејќи со нив го поминувам воглавно поголемиот дел од денот неможам да го замислам животот без нив. После семејството, пријателите ми се највредното нешто што го поседувам во мојот живот.

Што мислите за SunWireless?

Подолго време сум корисник на SunWireless и сум доста задоволен. Живееме во општество каде што најчесто ние младите неможеме без интернетот. Со развојот на технологиите и воведувањето на смартфоните се појавува недостиг на пристап кон бежичниот интернет.  Со воведувањето на SunWireless тоа веќе не е така, недостигот е заменет со доста квалитетен бежичен интерент.  Со досегашното користење на SunWireless  можам да кажам дека сте едиствени и неспоредливи со никоја друга компанија од вашата област на работење. Задржете го тоа!

Напишете коментар