Осумдесет отсто од фирмите имаат интернет пристап

Дневник неодамна објави податоци од Државниот завод за статистика кои посочуваат на добри бројки за интернет пристап во бизнис секторот во Македонија.

Повеќе од 80 отсто од деловните субјекти од финансискиот и нефинансискиот сектор од земјава годинава имале пристап до интернет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Статистиката покажува дека 83,4 отсто од фирмите со десет или повеќе вработени имале пристап до интернет. Од нив, 68,3 отсто најчесто го употребувале за банкарски и за финансиски услуги, а своја интернет-страница имале 55,5 отсто. Автоматска размена на податоци со други деловни субјекти имале 30,9 отсто од фирмите, а внатрешна размена на информации во рамките на деловниот субјект имале 41,3 отсто од нив.

Оригиналниот текст ќе го најдете на следниот линк: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=459C4FE8D507C44DA47881C83E19FA76

Напишете коментар