Уличните телефони во Њујорк ќе нудат Wi-Fi

Американската интернет корпорација Google е една од неколкуте технолошки компании кои учествуваат во натпреварот за трансформирање на уличните телефони во Њујорк во предаватели на безжичен интернет за слободна употреба, пишува Bloomberg.

Проектот се состои во промената на дизајнот на уличните телефонски говорници со што тие ќе обезбедуваат wi-fi и телефонски услуги во секоја од петте административни единици на градот. Компаниите ќе можат да им наплатат  на клиентите за телефонските услуги, но пристапот до Wi-Fi интернет ќе биде слободен. Во Њујорк има над 7 300 улични телефон.

Google, кој веќе нуди пристап за wi-fi во Маунтин Вју и соседството на Њујорк Челзи, и со овој проект се обидува да ја зголеми корисничката база на  интернет преку обезбедување на електронски пристап на луѓето во САД и ширум светот.

“Масовното навлегување на мобилни уреди ја намалува потребата од телефони за јавна употреба, но сепак не секој има мобилен телефон и не секој има неограничен пристап до интернет”, пишува во документот на сајтот на градот во врска со проектот.

Извор: Локално.мк

Напишете коментар