Мобилното огласување ќе достигне 72% од вкупното дигитално огласување во наредниве 4 години

Ако се верува на најновото истражување на eMarketer, инвестициите во мобилно огласување во наредниве 3-4 години вртоглаво ќе пораснат и ќе доминираат во целокупниот микс на дигитален маркетинг учествувајќи со најголем процент.

Во 2015 година, инвестирањето во моблни реклами во САД ќе се зголеми за неверојатни 50%, достигнувајќи бројки од 28 милијарди и дури 49% удел во сите дигитални огласувања.

Во 2019 мобилното огласување ќе порасне на 65 милијарди, или 72,2% од вкупните инвестиции во дигитални реклами.

mobile ad spending forecast

Од наредниот графикон подолу, се забележува дека наредната (2016) година ќе биде клучната кога мобилното огласување ќе го премине  за прв пат десктоп огласувањето, кое и понатаму ќе остварува континуитет во вкупно инвестираните средства, но мобилното огласување во меѓувреме ќе расте со огромни стапки на раст од година во година и ќе има се поголем удел во вкупно инвестираните средства.

desktop vs mobile

Овие предвидувања и бројки воопшто не се изненадување за сите што внимателно го следат развојот на индустријата и знаеја на време да ги прочитаат информациите за промената на навиките на потрошувачите и трендот на намалување на користењето на десктоп уреди за сметка на мобилните уреди (смартфоните и таблетите пред се).

SunWireless преку својот сервис HotZone Advertising нуди можности за мобилно огласување во над 550 локации низ цела Македонија.

Со Hotzone Advertising сервисот на SunWireless на огласувачите им се овозможува ефикасно таргетирање на целните групи.

Вашиот оглас на SunWireless Hotzone логин страната може да биде таргетиран според неколку параметри:

- десктоп или мобилна верзија
таргетирање врз база на уредот со којшто корисниците се поврзуваат на интернет
- локација
таргетирање врз база на локацијата на којашто се наоѓаат корисниците – на било која локација во нашата мрежа
- јазик
таргетирање врз база на јазикот на којшто корисниците ја користат логин страната

Овие можности Ви даваат слобода точно да ја изберете Вашата целна група и директно да ја таргетирате со Вашиот оглас – за разлика од стандардното online огласување.

Секоја кампања се прави по закуп на импресии за определена хотзона (локација) со определен буџет за кој одлучува огласувачот.

За повеќе информации можете да се јавите на 076 346 400 или да ни пишете маил на boris@sunwireless.com.mk

Напишете коментар