Google планира да лансира илјадници интернет балони

Проектот на „Google“ наречен „Loon“ веќе неколку години е во развој а за разлика од дроновите на „Facebook“, тие интернет до корисниците од неодстапните области сакаат да испорачаат со помош на балони.

Проектот беше тестиран над Нов Зеланд, а сега од компанијата сакаат да го прошират во повеќе земји.

Балоните летаат на висина од 20 киломтери и користат софтвер со чија помош знаат каде мораат да испратат одреден балон, во зависност од струењето на воздухот.

За разлика од 2013-та година, денеска балоните може да останат во стратосферата и до 10 пати подолго, a многу од нив во воздухот биле и повеќе од 100 дена.

Тој додава дека се доближуваат до моментот кога ќе можат да лансираат илјадници балони. Услугата ја тестираат и во Австралија и Јужна Америка, а со операторите соработуваат со цел во балоните да овозможат „LTE“ врска.

Повеќе информации за проектот Loon можете да погледнете во карткото видео на овој линк.

Напишете коментар