Оглас за работа во SunWireless

SunWireless, водечкиот оператор на безжичен интернет во Република Македонија, го проширува својот тим и за потребите во канцеларијата во Кавадарци објавува:

ОГЛАС ЗА РАБОТА

За работно место: ТЕХНИЧАР

Потребни квалификации:

- Солидно познавање на компјутери и работа со оперативни системи

- Основно познавање на мрежи и мрежно работење

- Основно познавање на Wi-Fi мрежи

- Работа на висина

- Возачка Б категорија

Сите заинтересирани своето CV можат да го пратат на jobs@sunwireless.com.mk со назнака “Техничар – Кавадарци

_

SunWireless е водечки провајдер на безжичен интернет во Македонија со над 550 хотзони во земјата и во моментов сè поагресивно ја шири својата мрежа кон Косово, Албанија, Србија и Грција.

SunWireless нуди мобилност со своите при-пејд и пост-пејд интернет пакети, кои се така дизајнирани да можат да се вклопат во потребите на мобилниот клиент, а при тоа нуди и големопродажба на Wi-Fi мрежата и услуги за роаминг на податоци на своите телекомуникациски партнери.

SunWireless има потпишано договори за деловна соработка со ONE, SBB, iPass, Boingo, GOWEX, Skype, Аеродромите на ТАВ, најголемите македонски хотели, ЈСП Скопје, главната автобуска станица, студентските домови, повеќе ресторани, кафулиња итн.

http://www.sunwireless.com.mk

SunWireless склучи договор за соработка со SBB член на водечката телеком групација во Југоисточна Европа

Најголемиот Wi-Fi провајдер во Македонија, “SunWireless“, со задоволство објавува дека е потпишан договор со “SBB“, водечки регионален телекомуникациски оператор и член на “United Group“ најголемата телеком групација во Југоисточна Европа.

Во наредниов период промотивно сите корисници на SunWireless ќе можат со при-пејд картичките кои ги употребуваат во Македонија да користат Wi-Fi сервис и во Србија, користејќи ја хотспот мрежата на Unifi/SBB која брои над 200 хот-зони на голем број ексклузивни локации.

Душко Кончалиев, извршниот директор на SunWireless, по повод договорот изјави:

Среќни сме што на нашите корисници успеавме да им обезбедиме квалитетен Wi-Fi сервис секогаш кога ќе престојуваат во соседна Србија и посебна чест ни е што соработуваме со SBB како еден од водечките оператори во регионот. Се надевам дека оваа соработка ќе се развива и во иднина пред се на задоволство на клиентите на двете компании„

Со овој договор, SunWireless продолжува да ја шири својата роаминг хотспот мрежа во регионот и на своите корисници да им обезбедува квалитетен сервис на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Интервју со Благојче од Прилеп, дел од SunWireless друштвото !

Изминатиот месец SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“.
Во конкуренција на повеќе од 170 студенти и ученици (и вкупно пријавени 201 фотографија), изминатата недела беа објавени имињата на 5-те победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобите фотографии.
SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.
Денеска имаме задоволство гостин на блогот да ни биде Благојче Мојаноски од Прилеп (Кривогаштани), ученик во СОУ”Кузман Јосифоски-Питу”..

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Јас сум член на КУД “Илинден”. Победничката слика е направена во Србија,    Мараморак кога со Културно Уметничкото Друштво каде што сум член бевме на турнеа. Во “Backstage-от” пред настап секогаш има вакви случајни фотографии, оваа фотографија беше една од нив.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Хм… интересна случка со моето друштво. Бидејќи сме доста големо друштво и скоро сите сме членови на Културно Уметничкото Друштво ќе ги одделам оние случки коишто ни се случуваат на турнеите, едноставно незаборавни…

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Тие го исполнуваат мојот живот секојдевно. Бидејќи со нив го поминувам воглавно поголемиот дел од денот неможам да го замислам животот без нив. После семејството, пријателите ми се највредното нешто што го поседувам во мојот живот.

Што мислите за SunWireless?

Подолго време сум корисник на SunWireless и сум доста задоволен. Живееме во општество каде што најчесто ние младите неможеме без интернетот. Со развојот на технологиите и воведувањето на смартфоните се појавува недостиг на пристап кон бежичниот интернет.  Со воведувањето на SunWireless тоа веќе не е така, недостигот е заменет со доста квалитетен бежичен интерент.  Со досегашното користење на SunWireless  можам да кажам дека сте едиствени и неспоредливи со никоја друга компанија од вашата област на работење. Задржете го тоа!

Интервју со Ивана од Скопје, дел од SunWireless друштвото!

Изминатиот месец SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“.

Во конкуренција на повеќе од 170 студенти и ученици (и вкупно пријавени 201 фотографија), изминатата недела беа објавени имињата на 5-те победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобите фотографии.

SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.

Денеска имаме задоволство гостинка на блогот да ни биде Ивана Марковиќ (Пешевска) од Скопје.

SunWireless: Кажете ни нешто повеќе за Вас ?

Ивана : Моето име е Ивана Марковиќ (но моминско Пешевска), сега во скоро време се омажив и тоа прилично млада, на 23 години. Живеам во Скопје, во населба Ченто. Имам завршено средно гимназиско училиште во гимназијата Јосип Броз Тито. Потоа продолжзив на Архитрконскиот Факултет во Скопје и сега имам уште една година до магистратура. Напорно е, но се издржува, кога се сака, се се може. Освен што уште студирам, исто така и работам во градежна фирма каде дополнително се дообучувам како теорески, така и практично.

Хоби ми е професијата, затоа што го сакам тоа што го учам, но покрај тоа имам и други дополнителни активности кои ме исполнуваат… Обожавам книги и читање, обожавам козметика, односно хонорарно се бавам со козметички услуги… Исто така дизајнирам и изработувам календри, бросури, визит карти, признанија, сертификати, свадбени покани и сл.

А во слободно време обожавам да излегувам со друштвото, да се забавувам и да си поминам екстра. Па кој млад човек не го сака тоа? :) :)

SunWireless : Каде и кога е направена победничката фотографија?

Ивана : Мојата победничка фотографија е направена на мојата свадба, но тоа беше сосема спонтан момент, спонтана поза, а изгледа како да е се монтирано. Девојките на фотографијата се MY SEXY LADIES (моите прекрасни деверуши…сестра ми Ане, братучетките Елена и Бојана и другарките Сања, Лина и Биле). На сликата има многу искрени насмевки, среќа, радост и исчекувања…Инаку сликата е направена на 16 Ноември 2013 на балконот од мојата детска соба во куќата во Марино, Илинден.

SunWireless:Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Ивана : Хм, има мнооогу интересни случки кои никогаш нема да ги заборавам… Но, еве вака можам една јавно да одвојам и да ја кажам…Веднаш штом положив за кола, се договоривме со другарките да одиме сами на викенд кај другарката Биле која е од Виница. За возилото немаше никаков проблем, моите родители целосно ми веруваат и ми ја дадоа колата…Ништо околу тоа не беше проблем. Проблем беше недоволното познавање на пaтиштата, затоа што сепак бевме деца…Тргнавме на пат внимателно и ги следевме знацитe и патоказите, но во еден дел од патувањето се закикотивме, се разборевме, изгубивме концентрација и целосно ја оплескавме работата, се изгубивме :) …Леле хаос, а незнаеме од кај да се вратиме, како да продолжиме…Бруки невидени…Дома не можевме да се јавиме, ќе ги загрижевме домашните…Што да правиме???

Најпосле се паркираме на едно исклучување покрај патот и почнавме да стопираме…За наша среќа застана една кола.Колата беше со двајца возрасни и еден млад дечко…Дечкото беше многу убав…Откако им ја објаснивме ситуацијата, на наша среќа и тие одеа кон истиот град. Возрасните рекоа да го земеме дечкото и да возиме по нив, а претходно одредивм место каде треба да застанеме и да го синмеме дечкото да си оди со неговите, а ние да продолжиме кај Биле. Но, знаете младост, лудост…Се разбаботевме во кола, муабети, смешки и си продолживме…Воопшто не го ни приметивме моментот кога другата кола застана за да се прекачи дечкото…Дури кога стигнавме кај Биле, кога излеговме од кола сватицме дека имаме плус еден член во колата………Хахахахаххааха…но сепак, влеговме сите заедно кај Биле, со дечкото се додека не дојдоа неговите по него…Дружба, смеа, изветреаност, младост….Но сепак екстра си поминавме…

SunWireless: Што Вашите пријатели значат за Вас?

Ивана : Богатство кое не се купува со ниедни пари на светот, бисери најретки и најскапоцени, луѓе кои треба да ги задржис цел живот, да им помагаш, да се бориш и да го заслужиш нивното пријателсто и доверба. Едноставно без пријатели си никој и ништо, безживотен, несреќен, нечовечен…

SunWireless: Како Ви се допаѓа SunWireless и нејзиниот начин на работа и комуникација ?

Ивана : Браво за идејата на SunWireless. Тоа покажува дека го разбирате, цените и поддржувате светот на младите и нивните потреби. Сите знаеме дека денеска интернетот е наше секојдневие, а исто така знаеме колку  од корист безжичноста на интернетот, ти дава слобода, не те обврзува на едно место…едноставно можеш многу поедноставно да ги извршуваш сите задачи и обврски…Една компанија ја одржуваат во работа нејзините клиенти, а задоволството на клиентите зависи од квалитетот на работата на компанијата. Оваа компанија изобилува со квалитет и брз и лесен пристап до информации што е многу важно во денешницата.Само напред…

Избрани најдобрите фотографии од SunWireless фото-конкурсот

SunWireless конкурсот на тема “Јас и моето друштво“ заврши. Пријавени беа вкупно 201 фотографија, а по првичната селекција во финалниот избор влегоа дури 76 од кои жири комисијата составена од вработени во компанијата гласаше и одбра 5 со најголем број на поени.

Победници на овогодинешниот фото-конкурс на SunWireless се :

1.Тијана Миљковиќ

2. Благојче Мојаноски

3. Ивана Пешевска

4. Ана Христовска

5. Атанас Јованов

Јужна Кореја спрема 5G

Јужна Кореја ќе претстави неверојатно брз 5G мобилен интернет сервис, со чија помош цел филм ќе може да се преземе за помалку од една секунда.

Иако поголемиот дел од светот се уште не го почувствувала благодетот на 4G сервисот, оваа технолошки напредна земја веќе го најави неговиот наследник вреден 1,5 милијарди долари.

Јужнокорејското Министерство за наука соопшти дека ќе ја примени оваа технологија, која е илјада пати побрза од 4G, во рок од шест години.

5G ќе им овозможи на корисниците да преземаат филмови од 800 мегабајти за само една секунда, во споредба со 40 секунди, колку што е потребно со користење на 4G.

Според планот, пробниот 5G сервис ќе почне со работа во 2017 година, а во целосна комерцијална форма во декември 2020 година.

Приоритет ќе има развојот на клучните карактеристики на новата мрежа, вклучувајќи Ултра-ХД и пренос на холограми, како и други нови сервиси.

Владата се надева дека ќе го примени планот преку соработка со операторите „СК Телеком“ и „Кореа телеком“, и производителите на апарати „Самсунг“ и ЛГ.

Извор. Денар.мк

Конкурс за најдобра фотографија на тема “Јас и моето друштво”

Објавува конкурс за

НАЈДОБРА АМАТЕРСКА ФОТОГРАФИЈА

Втора година со ред, SunWireless ги повикува сите ученици и студенти да ги достават своите аматерски фотографии направени со мобилен телефон или аматерски фото-апарат на тема “Јас и моето друштво“.

Фотографиите се испраќаат на следнава e-mail адреса : konkurs@sunwireless.com.mk

Конкурсот трае до 15.02.2014 година.

Најдобрите 5 фотографии кои ќе ги одбере комисија на SunWireless на 20.02.2014 год. ќе бидат наградени со SunXL при-пејд картичка во вредност од 699 денари.

Шведската хокеј лига обезбеди Wi-Fi во арените

Во вкупно 11 хокеј арени ширум Шведска од почетокот на претходниот месец инсталирани се стотина ацес поинти за обезбедување на free Wi-Fi за персоналот, медиумите и посетителите на хокеј натпреварите.

Новото Wi-Fi искуство за шведските фанови на хокеј е обезбедено благодарение на локалниот интегратор Icecon и Ruckus Wireless, кои интегрираа Ruckus Smart Wi-Fi решение за high-density Wi-Fi уотребувајќи Ruckus ZoneFlex™ ацес поинти.

Со овој новитет шведските фанови обезбедуваат дополнителна вредност со нивните билети за натпреварите и одсега ќе можат да сурфаат и директно да споделуваат импресии, слики и видеа со нивните пријатели кои не успеале да дојдат на натпреварите.

Мобилните уреди предводници на растот на огласувањето во следните три години

Како што пренесува ФАКТОР.мк , во наредните три години рекламната индустрија ќе забележи најголем раст во споредба со изминативе десет години според аналитичарите од ZenithOptimedia .

Според нив, рекламите од мобилните уреди ќе бидат главниот двигател на овој раст. Тие предвидуваат дека рекламната индустрија ќе забележи 3,6 % раст во оваа година , следен од 5.3 % скок во текот на следната .Во 2015 година и 2016 година зголемувањето ќе биде 5.8 % .

Основна цел на рекламите во наредните три години ќе се мобилните уреди. Прогнозите се дека мобилниот сектор ќе генерира 36 % од новите трошоци во светскиот рекламен буџет до 2016 година. Телевизијата ќе остане на второ место со 34% , следена од интернетот преку компјутер со 25% . Тоа значи доста експлозивен раст на мобилното рекламирање догодина , бидејќи во моментов нејзиниот удел е едвај 2,7 % од сите трошоци за реклама во светот заедно.

До 2016 година, вкупниот нејзиниот удел ќе достигне 7,7 % . Зголемениот интерес кон мобилната технологија не е изненадување. Според ZenithOptimedia ширењето на паметните телефони ќе продолжи да се зголемува и ќе ја пренесе 60% во повеќето земји во светот до 2016 година. Таблетите пак ќе ја преминат границата од 15% ширење меѓу луѓето. Ова ги прави многу атрактивни на пазарот за реклами.

SunWireless е единствената компанија која во Македонија нуди услуга за масовно мобилно огласување преку својата платформа за HotZone Advertising со која се овозможува таргетирање на целната публика преку неколку параметри.

Почнувајќи од 2015 секој воз во Шкотска мора да има Wi-Fi

Како што пренесува Krugoval.net, деновиве во Шкотска се објавени критериумите за компаниите кои сакаат да стопанисуваат со Шкотската железница почнувајќи од 2015 година во наредните 10 години.

Дел од критериумите нормално се однесуваат на брзината (мора да бидат брзи возови) и да понудат поголема комоција и удобност за самите патници.

Еден од критериумите исто така е и задолжителното постоење на Wi-Fi инфраструктура и брз пристап до интернет.

Компании кои ќе се натпреваруваат на конкурсот се Abellio, Arriva, First Group, MTR и National Express а победникот ќе биде избран есента во 2014 година.