Tag Archives: аеродром

SunWireless и МЗТ Скопје организираа интерактивен избор на Играч на натпреварот

За прв пат во Македонија на кошаркарски натпревар, синоќа на средбата помеѓу МЗТ Скопје и Калев Талин во рамки на четвртото коло од Еврокупот – беше организиран интерактивен избор на Играч на натпреварот.

Како резултат на соработката помеѓу SunWireless и МЗТ Скопје Аеродром беше направена специјална веб апликација достапна на логин страната на SunWireless мрежата во СЦ Борис Трајковски, која на присутните посетители им овозможи да учествуваат во изборот и со своите гласови да го изберат најдобриот поединец на теренот.

Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски беше играчот кој доби најмногу гласови од публиката и стана прв кошаркар во Македонија кој е избран за играч на натпреварот директно од тие кои се најповикани да одлучат – навивачите !

Како гласаа навивачите:

Дамјан Стојановски – 33%

Cade Davis – 22%

Тодор Гечевски – 16%

….

SunWireless при-пејд картички на аеродромот “Александар Велики“

На задоволство на нашите клиенти, како и на посетителите и патниците на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, SunWireless обезбеди ново продажно место за своите при-пејд картички за бежичен Wi-Fi интернет.

SunWireless од пред неколку дена склучи партнерски договор и со ланецот продавници “Еми Медија - ЈУГОТЕЧ“ каде одсега ќе можат да се најдат при-пејд картичките на SunWireless.

Како што претходно имаме споменато, SunWireless е ексклузивен провајдер на бежичен интернет на аеродромите на ТАВ во Македонија, па отсега сите посетители и патници на аеродромот “Александар Велики“ ќе имаат можност од продавницата на “Еми МедијаЈУГОТЕЧ“, која се наоѓа на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, да најдат и да купат при-пејд картичка со која ќе можат да користат Wi-Fi интернет на аеродромот и секаде низ републикава.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картички можат да си купат и online, преку следниов линк .

Доколку пак сакате да станете наш пост-пејд корисник (пост-пејд понудата можете да ја видите тука), можете да се јавите на :

02/ 3 223 734

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да не посетите на улица “Прашка“ бр.86а. ,  Скопје.

SunWireless стана ексклузивен провајдер на бежичен интернет на аеродромите на ТАВ во Македонија

SunWireless на задоволство на своите корисници објавува дека на ден 26 јануари 2012 година, потпиша ексклузивен долгогодишен договор со менаџментот на ТАВ Оперативни Услуги – Македонија со кој на сите посетители на аеродромите “Александар Велики“ во Скопје и “Апостол Павле“ во Охрид ќе им овозможи пристап до безжичен интернет.

Договорот во просториите на ТАВ Оперативни Услуги-Македонија беше потпишан од страна на извршниот директор на SunWireless г-ѓа Весна Стојановска и Маркетинг&Оперативниот Менаџер на ТАВ Оперативни Услуги-Македонија г-динот Ојтун Арат.

Со овој чекор SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Потпишување на договорот со ТАВ

Потпишување на договорот со ТАВ

За ТАВ Оперативни Услуги

TAV Operation Services Co. управува со неавиационите приходи на холдингот “ТАВ аеродроми“ во 11 аеродроми во 5 земји (Турција, Грузија, Тунис, Македонија, Латвија), каде што врши распределување на комерцијален простор, изнајмување на рекламен и промотивен простор, првокласни CIP услуги, рекреативни услуги, “ТАV Passport“ програма за лојалност и го издава аеродромскиот магазин “The Gate”.

ТАВ Оперативни Услуги во 2012 година ќе менаџира и со неавиационите приходи на “Medina” аеродромот во Саудиска Арабија. За повеќе информации посетете ги:

www.tavoperationservices.com, www.primeclass.com.tr и www.tavpassport.com

За TAV Aеродроми

ТАВ Аеродроми е водечкиот турски авио-оператор. ТАВ Аеродроми во Турција управува со следниве аеродроми : “Atatürk “ во Истанбул, “Esenboga “ во Анкара, “Adnan Menderes “ во Измир и “Gazipasa“ во Анталија. Во Грузија управува со аеродромите во Тбилиси и Батуми , во Тунис со аеродромите “Monastir “  и “Enfidha-Hammamet“ и во Македонија со Скопскиот и Охридскиот аеродром. Холдингот, во првата половина на 2012 година ќе ги преземе и операциите на аеродромот во Медина, Саудиска Арабија.

ТАВ аеродроми исто така работи и во други области на аеродромските операции, како што се: бесцарински услуги, услуги поврзани со храна и пијалоци, ИТ услуги и услуги за обезбедување.

Компанијата заедно со своите подружници, годишно реализира околу 451 илјада на летови и опслужува околу 53 милиони патници.

www.tav.aero

Wi-Fi на аеродромите поважно од храна?

Во неодамнешната анкета спроведена од HP, 47% од 1.500 анкетирани бизнис патници на American Airlines изјавиле дека најмногу сакаат да имат Wi-Fi пристап на аеродромите.  Ова е скоро 30% повеќе од оние за кои пристап до храна на аеродромот е поважно.

Треба да бидеме малку скептични на овие резултати, особено бидејќи се анкетирани само оние кои летаат најмалку 20 пати годишно, што не го опишува просечниот патник.  Сепак резултатите покажуваат дека Wi-Fi станува се побарана технологија и аеродромите мораат да се прилагодуваат на барањата на своите патници.

Интересно е и тоа што истата анкета дознала и дека најголемите поплаки бизнис патниците ги имале не заради доцни летови, тесни седишта или скапи ресторани на аеродромите, туку заради истрошени лаптоп батерии и немање пристап до штекови за струја на летовите и аеродромите.

Поука за аеродромите и авиокомпаниите – овозможете им на бизнис патниците подолго да останат поврзани на интернет на своите лаптопи за да имате задоволни патници.