Tag Archives: апликација

Google тестира апликација која ќе ги конектира корисниците со градските WiFi хотспотови

Google тестира многу интересна апликација под името WiFi Passport и тоа во Џакарта, Индонезија, каде има многу голем број на WiFi hotspot-ови

countdown

Познато е дека не е лесно да се најде брз широкодостапен интернет пристап во градови како што е Џакарта. па затоа WiFi Passport станува многу популарна опција. Токму затоа Google и неговиот партнер MOGPlay создале мрежа од hotspots  каде корисниците на апликацијата WiFi Passport ќе можат да добиваат пристат до интернет директно преку апликација, без да мораат да внесуваат лозинки.

Оваа услуга е  безплатна за првите 10 дена, а после истекувањето на тој период, апликацијата може да биде превземена од Google Play Store за само 2 долари за период од 20 дена или за 5 долари за период од 50 дена.

Засега оваа услуга е наменета само на пазарите во развој, но тестовите во моментот се спроведуваат само во Џакарта.

Извор: SocialNet

За прв пат во Македонија публиката избираше играч на натпреварот

Како резултат на соработката помеѓу SunWireless и РК Металург, за прв пат во Македонија, публиката во салата Борис Трајковски го избираше “Играчот на натпреварот“ !

За оваа интерактивна акција беше изработена специјална веб апликација која беше поставена на логин страната на SunWireless и до која можеа да пристапат сите присутни на натпреварот синоќа против РК Партизан и да гласаат за играчот кој според нив забележа најдобар настап.


Публиката со 51% од вкупните гласови, како “Играч на натпреварот“, го изгласа младиот Филип Талевски кој својата одлична игра ја круниса со ова специјално признание кое за прв пат во Македонија беше доделено директно од тие кои се најповикани да одлучат – навивачите !

1. Филип Талески 51 %

2. Павел Атман 20 %

3. Раде Мијатовиќ 11 %

3. Никола Митревски 11 %

Андроид, iPhone и Windows апликации на SunWireless

Преглед на SunWireless апликациите за Андроид, iOS и Windows оперативните системи.

1. SW Hotspot за Андроид

Линк за симнување.

2. SW Hotspot за вашиот iPhone:

Линк за симнување.

3. SW Hotspot за Windows

Линк за симнување.

Со користењето на SunWireless мобилните апликации добивате низа функционалности меѓу кои и:

- автоматско прикачување на мрежата на SunWireless секогаш кога ќе сте во некоја од нашите хотзони ,

- се избегнува постојаното внесување на при-пејд код,

- може да се прегледа  мапата на хотзони,

- може да се  прегледа мапата на продажни места,

- може да се провери искористеноста и рокот на важност на при-пејд картичката,

- информации за контакт со центарот за корисничка поддршка

iOS апликацијата на SunWireless со нови функционалности

SW Hotspot апликацијата наменета за сите корисници на SunWireless, сопственици на iPhone телефони и другите iOS уреди, од денеска е надградена и вклучува нови функционалности со кои веруваме уште повеќе ќе Ви го олесниме користењето на SunWireless сервисот.

Одсега со SW Hotspot iOS app , ќе можете:

- автоматски да ги лоцирате и да се конектирате на сите SunWireless хотспотови,

- да ја прегледувате мапата на покриеност на SunWireless,

-да ги лоцирате продажните места на SunWIreless и

- да го проверувате статусот на Вашиот при-пејд ваучер.

Апликацијата е компатибилна со сите Apple уреди (iPhone, iPad и iPod) кои користат iOS верзија 4.3 или постара.

SW Hotspot може да се симне бесплатно од iTunes на следниов ЛИНК.

SunWireless со своја iOS апликација

На задоволство на нашите корисници кои користат Apple уреди од пред неколку дена лансиравме iPhone-апликација со која користењето на SunWireless сервисот ќе им го направиме уште поедноставно.

Со првата верзија на “SW Hotspot” iPhone апликацијата, на корисниците им се овозможува автоматски да се конектираат со нивниот при-пејд код секогаш кога ќе се поврзат на SunWireless хотспотовите.

Апликацијата може бесплатно да се симне од Apple store на следниов ЛИНК.

Изминатиов период SunWireless исто така лансираше и Aндроид и windows апликации кои исто така во многу што го олеснуваат користењето на нашиот сервис.

Во иднина најавуваме и низа надоградби на сите три апликации со што корисничкото искуство ќе го направиме уште попригодно.

SunWireless со своја Windows апликација

SunWireless Ве информира дека од неодамна лансираше своја windows апликација, насловена како “SW Hotspot“.

SW Hotspot ги скенира достапните SunWireless хотспотови, автоматски се логира на нив и Ви овозможува интернет пристап. Апликацијата Ви дозволува да си извршите соодветни прилагодувања, како на пример зучни известувања, секогаш кога ќе се логирате на определен SunWireless хотспот.

Апликацијате е компатибилна со сите Windows верзии почнувајќи од XP па се до Windows 8.

Апликацијата може бесплатно да се симне од следниов ЛИНК.

Упатство за користење:

Најпрво треба да го внесете 16-цифрениот  код од Вашата при-пејд картичка, па потоа да ги чекирате “Active” и “Auto Connect” како би ја активирале апликацијата. После тоа апликацијата ги пребарува достапните SunWireless wi-fi мрежи и автоматски се поврзува  на нив. Исто така со помош на апликацијата ќе можете да си го проверите и статусот на Вашата SunWireless при-пејд картичка.

Исто така ги потсетуваме и корисниците на андроид телефоните и таблетите дека SunWireless има и своја андроид апликација кој може да се симне на следниов линк. Повеќе за апликацијата можете да прочитате тука.