Tag Archives: бежичен интернет

ТАК тобако – ново продажно место

Како одговор на зголемената побарувачка за SunWireless при-пејд картичките од жителите кои се наоѓаат во скопските населби Карош и Тафталиџе, Ве информираме дека одсега при-пејд картичките можете да ги најдете уште на една физичка локација блиску до Вас.

ТАК Тобакото кое се наоѓа на бул. Партизански Одреди во Скопје, помеѓу ТЦ Лептокарија и Скопје Сити Мол е ново продажно место на SunWireless при-пејд картичките.

Целата листа на продажни места можете да ја видите на следниов линк.

Ве потсетуваме дека картичките исто така можете да ги купите online или преку SMS.

Книжарницата Клио во Струга, ново продажно место

На барање на нашите корисници од Струга, SunWireless објавува дека склучи договор со книжарницата КЛИО каде одсега ќе може да се најдат и купат SunWireless при-пејд картичките.

Книжарницата се наоѓа во строгиот центар на Струга, на главната улица од плоштадот.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картичките со кои можете да имате брз и квалитетен безжичен интернет во цела Струга и насекаде во мрежата на SunWireless , можат да се купат и online.

Целосната мапа на продажни места на SunWireless при-пејд картички можете да ја видите ТУКА.

За било какви прашања или информации можете да ни пратите e-mail на contact@sunwireless.com.mk или да се јавите на : 072 / 277 002 076 / 277 002 078 / 277 002

SunWireless потпиша договор за соработка со хотел Кристал Палас од Прилеп

Еден од најдобрите хотели во Прилеп и во државава, хотел “Кристал Палас“, одсега ќе биде целосно обезбеден со квалитетен и брз wi-fi интернет од најголемиот македонски оператор на безжичен интернет SunWireless.

Гостите во Хотел “Кристал Палас“ ќе имаат можност со користење на SunWireless при-пејд картички да добијат квалитетен, безбеден и брз безжичен интернет кој ќе можат да го користат насекаде во хотелот и низ сите други хотзони на SunWireless во Прилеп и останатите градови низ Македонија.

Големо задоволство ни е што добивме шанса својот сервис да го направиме достапен за гостите во хотел од високо реноме каков што несомнено е и “Кристал Палас“ ,  па максимално ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да ги задоволиме потребите и очекувањата на сите гости и посетители на хотелот.

Со овој договор, “Кристал Палас“ се приклучува на листата хотели каде SunWireless обезбедува свој сервис, а ја сочинуваат уште и хотелите “Александар Палас“ , “Дрим“, “Хотел Монтана“, “Београд“, “Уни Палас“ и др.

Нови три продажни места во центарот на Скопје

SunWireless при-пејд картичките од денеска ќе можат да се најдат на уште три нови локации во центарот на Скопје.

Отсега, сите оние кои сакаат да користат при-пејд интернет во мрежата на SunWireless , нашите при пејд картички дополнително ќе можат да ги купат и на следниве локации:

1.КИОСК М1 , кој се наоѓа на улица “Македонија“ во редот на кафе-ресторан Пелистер.

2. КИОСК М1, на Кеј 13 Ноември , до “Холидеј Ин“

3. КИОСК М1 , на ул. “Орце Николов“ до “Савана“

Во продолжение, погледнете ја и мапата на сите останати продажни места во Скопје.

SunWireless склучи партнерски договор со Boingo

Со огромно задоволство соопштуваме дека SunWireless од неодамна склучи партнерски договор со еден од најголемите светски wi-fi оператори Boingo.

Со овој договор се официјализираа најавите дека токму SunWireless ќе биде ексклузивниот партнер на Boingo за покривање на територијата на Република Македонија.

Одсега, сите корисници на “Boingo”, ќе имаат можност со користење на своите “Boingo акаунти” да пристапуваат на мрежата на SunWireless за време на нивниот престој во нашата држава.

Нови продажни места на SunWireless при-пејд картички

SunWireless продолжува во својата намера своите услуги да ги направи подостапни и само на чекор од Вас.

На Ваше задоволство, продолжуваме да ја шириме нашата мрежа на нови продажни места со уште 2 нови атрактивни локации.

Од денеска, нашите при-пејд картички можете да ги најдете и во:

1. Продавница во комплексот “Спомен куќа на Мајка Тереза“ на ул.Македонија бб. и,

2.Продавница “Давидоф и Стефанг“ на улица 22 бр.4,  Сопиште.

Целата мапа на продажни места во Скопје и низ останатите градови во Македонија, можете да ја погледнете на следниов ЛИНК

Истовремено, Ве потсетуваме дека нашите при-пејд картички, со кои добивате брз и квалитетен Wi-Fi интернет, насекаде во мрежата на SunWireless, можете да ги купите и online.

Бежичен интернет и за студентите од студентскиот дом “Стив Наумов“

Почнувајќи од денеска, студентите од СД “Стив Наумов“ – Скопје имаат причина да бидат задоволни и со уште една убава вест која SunWireless специјално им ја соопштува.

Имено, од денеска, во функција е пуштен системот  кој на студентите од СД “Стив Наумoв“ ќе им овозможи пристап до квалитетна бежична интернет врска, по што, после студентите од СД “Гоце Делчев“ и СД “Кузман Јосифовски-Питу“ и тие ќе имаат можност со купување на SunWireless при-пејд картички (online, од најблиската “СтопШоп“ трафика или “Тримакс“ книжарница) да добијат wi-fi интернет во својата соба.

Сите заинтересирани за повеќе информации околу понудта на SunWireless, можат да се јават на нашите телефонски броеви:

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002,

02/ 3 223 734

или пак да ја посетат нашата веб страна www.sunwireless.com.mk

SunWireless сервис и за жителите на Драчево

SunWireless продолжува со засилено темпо да ги опслужува потребите на сите свои корисници насекаде низ Градот Скопје.

Од пред неколку денови, и жителите на Драчево имат можност да добијат квалитетен и брз Wi-Fi интернет сервис од SunWireless.

Драчевчани, отсега ќе имаат можност да станат дел од фамилијата на SunWireless и да се обезбедат еднаш-засекогаш со интернет кој им овозможува мобилност и неограниченост.

Жителите на Драчево ќе можат да користат бежичен интернет од SunWireless и да станат пост-пејд корисник по најдобрите услови кои се нудат на македонскиот пазар или да си купат при-пејд картичка по поволни цени.

Сите заинтересирани за повеќе информации околу понудта на SunWireless, можат да се јават на нашите телефонски броеви:

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002,

02/ 3 223 734

или пак да ја посетат нашата веб страна www.sunwireless.com.mk

SunWireless при-пејд картички на аеродромот “Александар Велики“

На задоволство на нашите клиенти, како и на посетителите и патниците на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, SunWireless обезбеди ново продажно место за своите при-пејд картички за бежичен Wi-Fi интернет.

SunWireless од пред неколку дена склучи партнерски договор и со ланецот продавници “Еми Медија - ЈУГОТЕЧ“ каде одсега ќе можат да се најдат при-пејд картичките на SunWireless.

Како што претходно имаме споменато, SunWireless е ексклузивен провајдер на бежичен интернет на аеродромите на ТАВ во Македонија, па отсега сите посетители и патници на аеродромот “Александар Велики“ ќе имаат можност од продавницата на “Еми МедијаЈУГОТЕЧ“, која се наоѓа на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, да најдат и да купат при-пејд картичка со која ќе можат да користат Wi-Fi интернет на аеродромот и секаде низ републикава.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картички можат да си купат и online, преку следниов линк .

Доколку пак сакате да станете наш пост-пејд корисник (пост-пејд понудата можете да ја видите тука), можете да се јавите на :

02/ 3 223 734

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да не посетите на улица “Прашка“ бр.86а. ,  Скопје.

Книжарниците “Тримакс” нов партнер на “SunWireless”

На задоволство на своите корисници, “SunWireless“,  продолжува со своите активности на проширување на својата продажна мрежа, овојпат склучувајќи партнерски договор со мега-популарните книжарници Тримакс.

Одсега, корисниците на “SunWireless“ ќе можат да купат при-пејд картички за користење на бежичен интернет во 3 продажни места на “Тримакс“:

1.ТРИМАКС книжарница, Плоштад Македонија (спроти “Тренд“ )

2.ТРИМАКС книжарница , “Сава Ковачевиќ“ бр. 47 (белите кули, Кисела вода)

3. ТРИМАКС книжарница, Божидар Аџија бр.7 (спроти СД. Пелагонија)

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картички можат да си купат и online, преку следниов линк .

Доколку пак сакате да станете наш пост-пејд корисник (пост-пејд понудата можете да ја видите тука), можете да се јавите на :

02/ 3 223 734

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да не посетите на улица “Прашка“ бр.86а. ,  Скопје.