Archives

Бежичен интернет и за жителите во Сопиште

SunWireless продолжува со своите активности за целосно покривање на градот Скопје и околните места.Во текот на изминатиов викенд, SunWireless постави и пушти во функција нова базна станица, овојпат во општина Сопиште.

Отсега, жителите на Сопиште ќе можат да користат бежичен интернет од SunWireless и да станат пост-пејд корисник по најдобрите услови кои се нудат на македонскиот пазар или да си купат при-пејд картичка по поволни цени.

Сите заинтересирани за повеќе информации околу понудта на SunWireless, можат да се јават на нашите телефонски броеви:

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да ја посетат нашата веб страна www.sunwireless.com.mk

Бежичен интернет за студентите во “Гоце Делчев“ и “Кузман Јосифовски – Питу“

На задоволство на студентите од студентските домови “Гоце Делчев“ и “Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, SunWireless им обезбеди покриеност со бежичен интернет.

Одсега, “жителите“ во овие 2 студентски домa ќе имаат можност да брзо и едноставно се приклучат на бежичната мрежа на SunWireless и користат брз и квалитетен интернет.

Бежичниот интернет, студентите можат промотивно да го користат 15 минути бесплатно, а потоа  можат да купат при-пејд картички со многу поволни цени од најблиската продавница или online на веб страната на компанијата.

Студентите од “Гоце Делчев“ можат да купат при-пејд картичка од продавницата која се наоѓа во самиот двор на домот.

SunWireless продолжува во засилено темпо да го покрива Градот Скопје и заклучно со 1-ви Март се очекува да заврши покривањето на сите поважни локации низ градот, па отсега и Скопјани ќе имаат можност да ги користат придобивките на мобилноста која SunWireless им ја нуди на своите клиенти.

SunWireless стана ексклузивен провајдер на бежичен интернет на аеродромите на ТАВ во Македонија

SunWireless на задоволство на своите корисници објавува дека на ден 26 јануари 2012 година, потпиша ексклузивен долгогодишен договор со менаџментот на ТАВ Оперативни Услуги – Македонија со кој на сите посетители на аеродромите “Александар Велики“ во Скопје и “Апостол Павле“ во Охрид ќе им овозможи пристап до безжичен интернет.

Договорот во просториите на ТАВ Оперативни Услуги-Македонија беше потпишан од страна на извршниот директор на SunWireless г-ѓа Весна Стојановска и Маркетинг&Оперативниот Менаџер на ТАВ Оперативни Услуги-Македонија г-динот Ојтун Арат.

Со овој чекор SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Потпишување на договорот со ТАВ

Потпишување на договорот со ТАВ

За ТАВ Оперативни Услуги

TAV Operation Services Co. управува со неавиационите приходи на холдингот “ТАВ аеродроми“ во 11 аеродроми во 5 земји (Турција, Грузија, Тунис, Македонија, Латвија), каде што врши распределување на комерцијален простор, изнајмување на рекламен и промотивен простор, првокласни CIP услуги, рекреативни услуги, “ТАV Passport“ програма за лојалност и го издава аеродромскиот магазин “The Gate”.

ТАВ Оперативни Услуги во 2012 година ќе менаџира и со неавиационите приходи на “Medina” аеродромот во Саудиска Арабија. За повеќе информации посетете ги:

www.tavoperationservices.com, www.primeclass.com.tr и www.tavpassport.com

За TAV Aеродроми

ТАВ Аеродроми е водечкиот турски авио-оператор. ТАВ Аеродроми во Турција управува со следниве аеродроми : “Atatürk “ во Истанбул, “Esenboga “ во Анкара, “Adnan Menderes “ во Измир и “Gazipasa“ во Анталија. Во Грузија управува со аеродромите во Тбилиси и Батуми , во Тунис со аеродромите “Monastir “  и “Enfidha-Hammamet“ и во Македонија со Скопскиот и Охридскиот аеродром. Холдингот, во првата половина на 2012 година ќе ги преземе и операциите на аеродромот во Медина, Саудиска Арабија.

ТАВ аеродроми исто така работи и во други области на аеродромските операции, како што се: бесцарински услуги, услуги поврзани со храна и пијалоци, ИТ услуги и услуги за обезбедување.

Компанијата заедно со своите подружници, годишно реализира околу 451 илјада на летови и опслужува околу 53 милиони патници.

www.tav.aero

Kendaron Capital Partners нов инвеститор во SunWireless Македонија

SunWireless Mакедонија со задоволство соопштува дека Kendaron Capital Partners, странска група на инвеститори , претставувана од Г-дин Colin Greff од Обединетото Кралство, се стекна со 20% акционерски капитал во SunWireless Македонија. Со цел стекнување на уделот во SunWireless Mакедонија, Kendaron Capital Partners ја формираше компанијата  Sun Wireless International Limited преку која влезе во  SunWireless Mакедонија.

Средствата обезбедени со оваа инвестиција ќе бидат искористени од SunWireless за да се прошири постоечката мрежа на бежичен интернет, во Скопје, Прилеп, Битола и околните градови, со што, компанијата ќе се зацврсти како најголем  провајдер на бежичен интернет во Република Македонија.

До крајот на годината, SunWireless планира да ја прошири својата мрежа и во соседните земји.

За Kendaron Capital Partners

Kendaron Capital Partners е приватна инвестициона компанија активна во бизнисот со недвижности, структуирано финансирање и приватниот пазат на капитал. Исто така, Групата е активен учесник и во тргувањето со приватниот капитал.Иако вообичаено Kendaron е главен инвеститор, често соработува и како ко-инвеститор во најразлични проекти и инвестициони можности заедно со други приватни и институционални инвеститори. www.kendaron.com