Tag Archives: Кавадарци

Оглас за работа во SunWireless

SunWireless, водечкиот оператор на безжичен интернет во Република Македонија, го проширува својот тим и за потребите во канцеларијата во Кавадарци објавува:

ОГЛАС ЗА РАБОТА

За работно место: ТЕХНИЧАР

Потребни квалификации:

- Солидно познавање на компјутери и работа со оперативни системи

- Основно познавање на мрежи и мрежно работење

- Основно познавање на Wi-Fi мрежи

- Работа на висина

- Возачка Б категорија

Сите заинтересирани своето CV можат да го пратат на jobs@sunwireless.com.mk со назнака “Техничар – Кавадарци

_

SunWireless е водечки провајдер на безжичен интернет во Македонија со над 550 хотзони во земјата и во моментов сè поагресивно ја шири својата мрежа кон Косово, Албанија, Србија и Грција.

SunWireless нуди мобилност со своите при-пејд и пост-пејд интернет пакети, кои се така дизајнирани да можат да се вклопат во потребите на мобилниот клиент, а при тоа нуди и големопродажба на Wi-Fi мрежата и услуги за роаминг на податоци на своите телекомуникациски партнери.

SunWireless има потпишано договори за деловна соработка со ONE, SBB, iPass, Boingo, GOWEX, Skype, Аеродромите на ТАВ, најголемите македонски хотели, ЈСП Скопје, главната автобуска станица, студентските домови, повеќе ресторани, кафулиња итн.

http://www.sunwireless.com.mk

Добитници од кафе бар Пикасо – Кавадарци

SunWireless и оваа недела продолжи со својата наградна игра која ја реализира со најпознатите кафе барови во повеќе градови.

Овојпат заедно со кафе бар Пикасо од Кавадарци наградивме петмина нивни гости на кои им доделивме бесплатни при-пејд ваучери со кои 1 месец тие ќе можат бесплатно да сурфаат преку мрежата на SunWireless.

Во продолжение имињата на добитниците:

SunWireless и кафе Тоскано од Кавадарци делеа бесплатен интернет

SunWireless во соработка со кафе “Тоскано“ од Кавадарци минатата недела организираше наградна игра во која делеше бесплатни при-пејд ваучери од SunWireless за дел од посетителите на кафичот.

Во извлекувањето оддржано во Вторникот, извлечени беа следните 5 добитници:

ЗШУЦ “Ѓорче Петров” Кавадарци домаќини на SunWireless

SunWireless и во текот на вчерашниот ден продолжи со својата едукативна акција на посета на средните училишта и факултети низ државава повторно како гости на Кавадаречките средношколци.

Имено ЗШУЦ “Ѓорче Петров” од Кавадарци беше местото каде караванот на SunWireless во текот на вчерашниот ден се среќаваше и дружеше со средношколците и разменуваше информации за функционирањето на wireless мрежите во светот и во Македонија, практично презентирајќи опрема и начини на wireless поврзување притоа промовирајќи и извадоци од најновата литература во таа област.

Голема благодарност до раководителите на училиштето, наставниот кадар и средношколците со кои поминавме одлични моменти.

SunWireless на гости во СОУ “Киро Спанџов – Брко“ во Кавадарци

SunWireless во текот на вчерашниот ден имаше едукативна посета на СОУ “Киро Спанџов – Брко“ во Кавадарци на непосредна средба со учениците со кои разменувавме мислења за wireless технологијата , безбедноста на мрежите, ја презентиравме опремата која ја користиме и начинот на кој SunWireless мрежата функционира и се развива.

Им се заблагодаруваме на надлежните за одличниот прием а најмногу на учениците со кои разменивме интересни размислувања за различни аспекти на фукционирањето на wireless мрежите во светот и Македонија.

Во продолжение неколку слики од вчерашната посета:

Оглас за практиканти во Неготино

SunWireless како општествено одговорна компанија им нуди можност на сите студенти од Неготино да добијат практично искуство во промотивните активности на мултинационалната компанија.

Практикантите ќе бидат ангажирани 2-3 часа дневно.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

- да бидат комуникативни и флексибилни ; и 
- да имаат основни познавања на MS Office пакетот

Сите заинтересирани кандидати да пратат CV со слика на riste@sunwireless.com.mk

SunWireless склучи договор со Хотел “Уни Палас“ од Кавадарци

SunWireless на задоволство на своите клиенти објавува дека од неодамна е склучен договор со кавадаречкиот хотел “Уни Палас“.

Одсега, сите посетители и гости на Хотелот “Уни Палас“ ќе имаат можност да добијат брза, квалитетна и безбедна wi-fi интернет врска од SunWireless.

Со овој договор, хотелот “Уни Палас“ се приклучува на листата хотели кои склучија договор со “SunWireless“ – најголемиот оператор на безжичен интернет во Р.Македонија и со тоа на своите гости им овозможија да добијат првокласна услуга на безжичен интернет кој ќе можат да го користат и во хотелот и на сите други хот-зони на SunWireless.

Повеќе за Хотелот Уни Палас можете да прочитате на нивниот официјален веб сајт

SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

SunWireless на трибина во Кавадарци

SunWireless подржа и присуствуваше на трибина во Кавадарци на тема Безбедно на интернет.  Трибината се одржа на 20 април во салата на собранието на општина Кавадарци од страна на локалната полициска станица, а беше подржана и од ОБСЕ.

Гордана Богева, член на мрежата составена од обучени преставници на училишта и НВОи од Македонија, формирана во рамките на проектот “Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет” одржа едукативна презентација за присутните ученици – по 10-тина од сите основни и средни училишта во општината, како и директорите и стручните служби од училиштата, советници од Бирото за развој на образованието и претставници на невладини огранизации и медиуми.

SunWireless воедно додели и бесплатни при-пејд интернет картички на неколку од присутните ученици.

SW Kavadarci tribina

SunWireless во Кавадарци

Викендов ја пуштивме и првата базна станица во Кавадарци.  Мапата на покриеност можете да ја следите на сајтот: http://0.mk/sw-kavadarci

Припејд картички можете да купите online преку нашиот сајт или од едно од продажните места во другите градови.  Следете го блогот за повеќе информации за проширувањето на мрежата и за нови продажни места.