Tag Archives: конкурс

Конкурс за најдобра фотографија на тема “Јас и моето друштво”

Објавува конкурс за

НАЈДОБРА АМАТЕРСКА ФОТОГРАФИЈА

Втора година со ред, SunWireless ги повикува сите ученици и студенти да ги достават своите аматерски фотографии направени со мобилен телефон или аматерски фото-апарат на тема “Јас и моето друштво“.

Фотографиите се испраќаат на следнава e-mail адреса : konkurs@sunwireless.com.mk

Конкурсот трае до 15.02.2014 година.

Најдобрите 5 фотографии кои ќе ги одбере комисија на SunWireless на 20.02.2014 год. ќе бидат наградени со SunXL при-пејд картичка во вредност од 699 денари.

Запознајте го Виктор од Охрид, еден од победниците на SunWireless фото-конкурсот!

Продолжуваме со серијата интервјуа на SunWireless блогот со учесниците на фото-конкурсот кои ги испратија најдобрите 5 фотографии. Денеска како гостин на блогот го имаме Виктор Крстаноски од Охрид.

Кој е Виктор, што прави и кое е неговото хоби?

Моето име е Виктор Крстаноски, студирам на ФТУ – насока Диететика….хоби хммм шо знам гејминг, покер и така слично..да не речам се со седење хаха

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Фотографијата е направена на градскиот плоштад во Охрид за време на натпреварот Македонија-Шпанија.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Паа ќе ја споделам неодамнешната случка за Василица…Се облековме сите сино бело,ставивме бели капи, се испоцртавме сини на фаците и ајде ојме “ШТРУМФОЈ“  ќе се правиме :) ) Ептен луда ноќ со многу ФАИЛОЈ и пресврти и на крај добивме прва награда за маската :)

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Хммм интересно прашање..сигурно мислите другарите зато шо пријателите јас ги дефинирам појќе ко познаници пример од на школо, и со нив имам здраво . А ако прајме муабет за другарите ние сме така доста големо друштво 13  души ..тие шо се на сликата плус минус  и плус рачунај секој женска и се собираме до кај 20…затоа тешко е да дефинираш што ти значат бидејќи некој е поблизок некој е поодалечен. Убо е да се имат стално блиски другари за секакви активности, пример и за “цепење дрва и за на слава да ги викниш“ :)

Што мислите за SunWireless?

Мислам декa идеата е многу интересна – “интрнет за сите-во секое време-на секое место” . Јас живеам во Охрид и голем дел од Градот е покриен, но има и места кои не се (на пример јас каде што живеам) па се надевам дека скоро и таму ќе “прозрачите“ :)

Запознајте го Александар од Охрид, дел од SunWireless друштвото!

Изминатиот месец ,SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“. Во конкуренција на повеќе од 150 студенти и ученици, изминатата недела беа објавени имињата на 5-темина победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобите фотографии.

SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.

Денеска имаме задоволство како гостин на блогот да го имаме Александар Мечкаровски од Охрид….

Кажете ни нешто повеќе за себеси?

Јас сум Александар Мечкароски живеам во Охрид и сум четврта година средно економско училиште.Свирам гитара,играм

кошарка и сакам постојано да сум опкружен со моето друштво.

Каде и кога е направена фотографија со која учествуваше на SunWireless конкурсот?

Оваа слика е направена за време на роденденот на еден од моите школски другари,Злате.Бевме собрани друштво од класот и низ игра и забава испадна и оваа фотографија.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Ова што ќе го напишам сега се случи истата вечер кога ја направив сликава.После прославата в стан требаше да одиме в кафиќ да допрославиме.Тргнавме за таму и наместо в кафиќ завршивме кај друг другар в стан и тек другиот ден појдовме кај што бевме тргнати.Нешто како Џамбазов кога купувал работи за Нова Година дента а се вратил 2 недели после Нова Година.

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Тие претставуваат голем дел од мене.Со нив сум секој ден и искрено не можам да го замислам денот без нив.

Што мислите за SunWireless?

Јас сум корисник на SunWireless веќе 4 години и сум многу задоволен од услугата.Вработените се љубезни и професионални.Исто така морам да напоменам дека како корисник на wireless интернет квалитетот на сигналот е многу важен.Безжичниот интернет е наше секојдневие а со користењето на социјалните мрежи стана и потреба – посебно за нас младите.

Избрани 5-те најдобри фотографии од SunWireless конкурсот

Во огромна конкуренција од преку 150 учесници и повеќе од 200 испратени фотографии, комисијата на SunWireless ги избра најдобрите 5 аматерски фотографии од конкурсот на тема “Јас и моето друштво“ кој минатиот месец од 12-ти до 31-ви беше организиран од страна на компанијата.

Во продолжение 5-те победнички фотографии кои добија најголем број на поени:

1. Боби Башевски

2.  Виктор Крстаноски

3. Катерина Петреска

4. Александар Мечкароски

5. Сара Коцевска

SunWireless им честита на победниците и на сите останати учесници на конкурсот за одличните фотографии !