Tag Archives: македонија

Мобилното огласување во светот и во Македонија

Денешен Гардијан во својата секција посветена на огласувањето и медиумите се осврнува на се поприсутниот тренд кој компаниите го употребуваат за да градат врска со клиентите, популарниот – мобилен адвертајзинг.

Авторот сублимира податоци во кои изнесува претпоставка дека ако пазарот во 2012 год. севкупно го правеле некои 526 милиони фунти, за годинава таа бројка е нарасната за дури 90% и ќе финишира со неверојатна 1 милијарда фунти.

Овој сеприсутен светски тренд на се помасовно прифаќање од страна на компаниите да се огласуваат на мобилни уреди – е секако резултат и на драстично зголемената бројка на мобилни уреди (мобилни телефони и таблети пред се) кои  се повеќе-и повеќе се продаваат и користат.

mobile ads - marketing365

Авторот се осудува и прави една подолгорочна проценка за 2016 година каде претпоставува дека ако севкупниот адвертајзинг пазар достиигне 8 милијарди фунти – мобилното огласување во колачот ќе учествува и со дури 3 милијарди фунти.

Се претпоставува дека само Фејсбук UK ќе “сврти“ некои 279 милиони фунти оваа година , што е за 25% пораст споредено со лани. Неоспорен е фактот дека главните адвертајзинг платформи во многу што ги подобрија приликите за мобилно огласување – што секако е главен “ветар во грб“ за компаниите да прават редистрибуција од десктоп буџетите за буџетите за на мобилен.

Главен дигитален огласувач во светски рамки сеуште останува Гугл, за којeMarketer во најновото истражување предвидува дека само оваа година ќе заработи повеќе од 2,65 милијарди фунти од своите адвертајзинг производи.

Во Македонија ситуацијата значително се разликува. Тука многу малце (или воопшто НЕ) се прифаќа светскиот тренд на мобилно огласување иако сите факти говорат дека се повеќе се зголемува употребата на мобилните уреди (паметни телефони и таблети) и корисниците се повеќе и повеќе на интернет пристапуваат преку мобилен телефон.

Веројатно кривицата треба да се подели на повеќе страни, но првенствено боде очи фактот што во Македонија сеуште постојат компании од голем ранг кои немаат дури ни развиено соодветна мобилна веб страна – со што се оневозможува создавањето и затворањето на таа платформа, односно тој круг  кој ќе обезбеди ефикасност во мобилнот огласување.

Пионир во понудата на продукти за мобилно огласување кај нас несомнено е HotZone Advertising сервисот на SunWireless, кој овозможува пласирање на мобилни огласи кои ќе таргетираат по повеќе параметри (локација, социјален статус, јазик и сл..) но полека и класичните веб медиуми се повеќе го прифаќаат трендот и создаваат свои мобилни страни на кои може да се пласираат огласи прилагодени за мобилни уреди.

Маркетинг агенциите се чини веќе го перцепираат овој тренд и прават напори да влијаат кај клиентите тие да алоцираат дел од буџетите за дигитал адвертајзинг токму на mobile, но сепак останува впечатокот дека големите огласувачи во Македонија сеуште многу повеќе љубат огласување на класичните медиуми отколку на дигиталните. А за на мобиелен велат – почекајте !

Статијата е преземена од Маркетинг365 порталот и првично е објавена на овој линк.

Заедничка пресконференција со ONE – утре во 11 часот

Чест и задоволство ни е да Ве поканиме на утрешната (Петок, 26.10.2012 год.) прес конференција која ќе се оддржи во кафетерија “Драма“ на ул. “Македонија“ во Скопје со почеток од 11:00 часот, на која ќе ја официјализираме соработката со телекомуникацискиот оператор ONE.

Kendaron Capital Partners нов инвеститор во SunWireless Македонија

SunWireless Mакедонија со задоволство соопштува дека Kendaron Capital Partners, странска група на инвеститори , претставувана од Г-дин Colin Greff од Обединетото Кралство, се стекна со 20% акционерски капитал во SunWireless Македонија. Со цел стекнување на уделот во SunWireless Mакедонија, Kendaron Capital Partners ја формираше компанијата  Sun Wireless International Limited преку која влезе во  SunWireless Mакедонија.

Средствата обезбедени со оваа инвестиција ќе бидат искористени од SunWireless за да се прошири постоечката мрежа на бежичен интернет, во Скопје, Прилеп, Битола и околните градови, со што, компанијата ќе се зацврсти како најголем  провајдер на бежичен интернет во Република Македонија.

До крајот на годината, SunWireless планира да ја прошири својата мрежа и во соседните земји.

За Kendaron Capital Partners

Kendaron Capital Partners е приватна инвестициона компанија активна во бизнисот со недвижности, структуирано финансирање и приватниот пазат на капитал. Исто така, Групата е активен учесник и во тргувањето со приватниот капитал.Иако вообичаено Kendaron е главен инвеститор, често соработува и како ко-инвеститор во најразлични проекти и инвестициони можности заедно со други приватни и институционални инвеститори. www.kendaron.com

Светска Банка: Брз и достапен интернет критичен за развој на економијата

Нов извештај објавен вчера од Светската Банка упатува дека пристапот до брз и ценовно достапен интернет и мобилна телефонија помага за забрзување на економскиот раст, особено во земјите во развој.  Според извештајот, зголемување на интернет приклучоците за 10% допринесува за пораст на брутодомашниот производ за 1,3%.

“Бројот на интернет корисници во земјите во развој се зголеми десет-пати во периодот од 2000 до 2007 година”, изјави Mohsen Khalil, директор за Глобална ИК Технологија за Светската Банка.  Khalil надополни и дека “овие технологии нудат огромни можности” и затоа владите треба да работат со приватниот сектор за да им овозможат брз пристап до интернет на што повеќе граѓани.

Земјите во развој треба да се посветат на подобрување на “локалната ИТ индустрија преку закони кои би го стимулирале приватниот сектор и преку инвестиции во кадар и инфраструктура”, порача Christine Zhen-Wei Qiang, Економист од Светската Банка.

Инаку, неодамна Владата на Република Македонија најави проект за национална Wi-Fi мрежа наменета за руралните средини во Македонија (веста ја објавивме на блогот овде), што значи дека ние веќе ги следиме ваквите препораки.  Се надеваме дека ваквите проекти во иднина ќе продолжат да се спонзорираат и спроведуваат.

World Bank Press Release: http://web.worldbank.org/WBSITE/EXTERNAL/NEWS/0,,contentMDK:22231347~pagePK:64257043~piPK:437376~theSitePK:4607,00.html?cid=3001

Information and Communications for Development 2009: Extending Reach and Increasing Impact (извештај): http://www.worldbank.org/ic4d

Веста беше пренесена и од А1: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110783

WiMax во Македонија?

Тотал вчера објави дека според Агенцијата за електронски комуникации се очекува националните WiMax оператори да ги изгубат своите лиценци што ги добија во 2007 година.  И двете компании, Америком и Некском, кои платиле 1.500.000 односно 115.000 евра за лиценците (зошто толку разлика?), не ги исполнуваат условите за задржување на лиценците.  Иако ветија големи инвестиции и двете компании немаат постигнато многу во изминативе две години и се далеку од покривање на 80% од територијата на Македонија, што е еден од условите за задржување на лиценцата.

WiMax-от како технологија е наменет токму за покривање на поголеми територии со безжична интернет мрежа.  Но, иако нуди некои предности во споредба со Wi-Fi (види http://en.wikipedia.org/wiki/WiMax), WiMax не е доволно застапен во кориснички уреди и е доста скап за имплементирање, две предности што ги има Wi-Fi и што допринесе Wi-Fi мрежите да станат доминантни.

Доста луѓе веруваат дека WiMax ќе биде следната технологија за безжични интернет мрежи (и очекуваа дека досега тоа ќе биде реализирано на поголем план), но засега јас сеуште не сум уверен и очекувам дека Wi-Fi мрежите ќе останат многу позастапени.

Проект за Wi-Fi национална мрежа во Македонија

Владата на Македонија донесе одлука за започнување со реализација на проектот на Министерството за информатичко општество за поставување на 680 Wi-Fi точки во руралните средини во Македонија.  Ова е дел од владината стратегијата за имплементирање на Wi-Fi национална мрежа со цел да ја подобри бизнис климата во државата но и да го намали “дигиталниот јаз и е-Инклузивност”.

Со проектот ќе се субвенционира приватниот сектор за изградба на инфраструктурна мрежа во рурални средини кадешто има подрачни единици на основни и средни школи.  Проектот ќе трае четири години и има буџет до 4 милиони евра.

Целосното соопштение можете да го прочитате на сајтот на владата.

SunWireless меѓу првите виртуелни продавници во Македонија

Следнава репортажа од Тотал ја издвои SunWireless како една од првите 5 он-лајн продавници во Македонија.  SunWireless ја промовираше опцијата за купување на pre-paid Интернет картички он-лајн на 24 декември.

Расте интересот за отварање на он-лајн продавници во Македонија

Расте интересот на македонските компании за продажба на своите производи и услуги преку Интернет. И покрај тоа што оваа услуга е нова на македонскиот пазар, од Уни банка, единствената банка која што во моментов ја нуди оваа услуга, велат дека уште од самиот старт на  наишле на огромен интерес од страна на компаниите за отворање на виртуелни продавници.

“Интересот за отворање на виртуелни – продавници е енормно голем и секојдневно расте. Дневно пристигаат по минимум 5-10 апликации за активирање на услугата“, изјави за Тотал Марија Мучева од Уни банка.

Таа вели дека поднесените апликации се одобруваат по кратка процедура и проверка на техничката подготвеност на подносителот на барањето.
Продажбата преку Интернет е релативно нова услуга за македонскиот пазар. Тоа најмногу се должи на фактот, што во изминатите години во Македонија немаше домашен процесинг центар поради што македонските банки не беа во можност на своите клиенти да им ја понудат оваа услуга, а користењето на странски процесинг центар едноставно беше поскапо.

Од неодамна единствениот процесинг центар во Македонија, Касис на македонските банки им овозможува техничка поддршка за спроведување на ваквиот тип на услуга. Од Касис ни рекоа дека речиси сите од банките со кои соработуваат, пројавиле интерес за воведување на оваа услуга.
“Речиси сите банки кои се наши партнери пројавија интерес и веќе работат на воведување на оваа услуга. Засега можеме да потврдиме дека до крајов на месецот со оваа услуга ќе започне ИК банка“, изјави за Тотал, Сандра Томановиќ од Касис.

Во Македонија во моментов функционираат само пет виртуелни продавници во кои може да се плаќа он-лајн преку сервисот на Уни Банка. Тоа се веб страните на Вип оператор (www.vip.com.mk), каде што можете онлајн да надополнувате кредит 24 часа на ден, картографската компанија Три Макс (www.3max.com.mk), Wireless операторот Sun Wireless (www.sunwireless.com.mk)  кој онлајн продава Интернет конекција, www.exploringmacedonia.com каде што може да букирате авио билети и да резервирате хотелски соби, а од неодамна онлајн функционира и едношалтерскиот систем (www.crm.com.mk).

SunWireless стана членка на МАСИТ

Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, на својата 19-та редовна седница ја прифати SunWireless (односно Аниц Системи) за членка во МАСИТ.

Стопанската Комора за Информатички и Комуникациски Технологии МАСИТ Скопје се основа за унапредување на правно-економскиот деловен амбиент во Република Македонија, унапредување на стручните и деловните обичаи и норми, воспоставување на соработка со релевантни домашни и странски институции, застапување и заштита на интересите на стопанските субјекти на територијата на Република Македонија, а кои работат во областа на информатичката и комуникациската технологија.

Повеќе за МАСИТ на нивниот сајт.

Осумдесет отсто од фирмите имаат интернет пристап

Дневник неодамна објави податоци од Државниот завод за статистика кои посочуваат на добри бројки за интернет пристап во бизнис секторот во Македонија.

Повеќе од 80 отсто од деловните субјекти од финансискиот и нефинансискиот сектор од земјава годинава имале пристап до интернет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Статистиката покажува дека 83,4 отсто од фирмите со десет или повеќе вработени имале пристап до интернет. Од нив, 68,3 отсто најчесто го употребувале за банкарски и за финансиски услуги, а своја интернет-страница имале 55,5 отсто. Автоматска размена на податоци со други деловни субјекти имале 30,9 отсто од фирмите, а внатрешна размена на информации во рамките на деловниот субјект имале 41,3 отсто од нив.

Оригиналниот текст ќе го најдете на следниот линк: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=459C4FE8D507C44DA47881C83E19FA76