Tag Archives: мобилен маркетинг

Мобилните уреди предводници на растот на огласувањето во следните три години

Како што пренесува ФАКТОР.мк , во наредните три години рекламната индустрија ќе забележи најголем раст во споредба со изминативе десет години според аналитичарите од ZenithOptimedia .

Според нив, рекламите од мобилните уреди ќе бидат главниот двигател на овој раст. Тие предвидуваат дека рекламната индустрија ќе забележи 3,6 % раст во оваа година , следен од 5.3 % скок во текот на следната .Во 2015 година и 2016 година зголемувањето ќе биде 5.8 % .

Основна цел на рекламите во наредните три години ќе се мобилните уреди. Прогнозите се дека мобилниот сектор ќе генерира 36 % од новите трошоци во светскиот рекламен буџет до 2016 година. Телевизијата ќе остане на второ место со 34% , следена од интернетот преку компјутер со 25% . Тоа значи доста експлозивен раст на мобилното рекламирање догодина , бидејќи во моментов нејзиниот удел е едвај 2,7 % од сите трошоци за реклама во светот заедно.

До 2016 година, вкупниот нејзиниот удел ќе достигне 7,7 % . Зголемениот интерес кон мобилната технологија не е изненадување. Според ZenithOptimedia ширењето на паметните телефони ќе продолжи да се зголемува и ќе ја пренесе 60% во повеќето земји во светот до 2016 година. Таблетите пак ќе ја преминат границата од 15% ширење меѓу луѓето. Ова ги прави многу атрактивни на пазарот за реклами.

SunWireless е единствената компанија која во Македонија нуди услуга за масовно мобилно огласување преку својата платформа за HotZone Advertising со која се овозможува таргетирање на целната публика преку неколку параметри.

Пазарот на мобилнo рекламирање ќе достигне до 14 милијарди евра во 2013 година

Мобилното рекламирање ќе достигне нови височини во 2013 година , оценува Mooreland Partners LLC , која се занимава со консултантска активност во сферата на спојувања и превземања ( M & A ) и поконкретно дигиталните медиуми.

Според компанијата, адвертајзинг мобилниот пазар ќе порасне за 62% на годишна основа во 2013 година , достигнувајќи речиси 14 милијарди долари во однос на позадината на купувачите и инвеститорите , кои пристигнуваат до неа.

Од Mooreland пресметале дека во сферата имало 21 сериозни спојувања од почетокот на годината . Според Mooreland мобилното рекламирање , исто така, е третиот најголем реклама формат , заостанувајќи само по десктоп побарувачката и прикажување реклами.

Предвидувањата на Busines Insider за глобалниот пазар на мобилни рекламирања во голема мера се совпаѓа со оние на Mooreland . Во септември, од изданието прогнозираа околу 70 % раст и постигнување на вредност на пазарот од околу 15 милијарди долари до крајот на 2013 година , главно поради рекламите при пребарувањето преку мобилни уреди.

Преземено од Фактор.мк

Таргетирано огласување со SunWireless Advertising сервисот

SunWireless во Македонија е присутен со повеќе од 550 хотзони меѓу кои неколку екстра атрактивни локации како Аеродромите на ТАВ во Скопје и Охрид, дел од најпознатите хотели во Републиката, сите студентски домови, арената “Борис Трајковски“, Аква Паркот, Автобусите на ЈСП, Автобуската станица, најпознатите кафичи и ресторани, главните улици и плоштадите во 17 поголеми градови низ Македонија. (листа на сите хотспотови тука).

На сите овие локации, посетителите кои сурфаат преку SunWireless (месечно бројот на уреди кои се прикачуваат на SunWireless Wi-Fi мрежата е од 450.000 до 500.000) најпрво ја добиваат логин страната на SunWireless на која преку Advertising сервисот е овозможено огласување за сите брендови и компании кои сакаат да таргетираат определена специфична публика преку повеќе различни методи.

Вашиот оглас на SunWireless Hotzone логин страната може да биде таргетиран според неколку параметри:

  • десктоп или мобилна верзија
    таргетирање врз база на уредот со којшто корисниците се поврзуваат на интернет
  • локација
    таргетирање врз база на локацијата на којашто се наоѓаат корисниците – на било која локација во нашата мрежа
  • јазик
    таргетирање врз база на јазикот на којшто корисниците ја користат логин страната

Овие можности Ви даваат слобода точно да ја изберете Вашата целна група и директно да ја таргетирате со Вашиот оглас – за разлика од стандардното online огласување.

Hotzone Login Page

Пример: Доколку сакате да таргетирате бизнис корисници – можете да се огласувате на хотспотовите како “Бизнис салон на Аеродроми на ТАВ“ и/или во Хотел “Александар Палас“.

Пример: Доколку сакате да таргетирате студенти или млади – можете да се огласувате на хотспотовите “Студентски домови“, “Центар на Скопје, ул. “Македонија“ и “Кеј“ итн.

Исто така можете да таргетирате и по определени градови, села, или населби.
Освем стандардното огласување преку банери, на SunWireless advertising сервисот е овозможено и огласување преку full branding на логин страната, реклами во меѓустрана или целосно “спонзориран хотспот“ кога брендот спонзорира FREE интернет за сите оние кои ќе ја погледнат рекламата (може да биде и во видео формат) на компанијата.

Секоја кампања се прави по закуп на импресии за определена хотзона (локација) со определен буџет за кој одлучува огласувачот.

Овој сервис за прв пат во Македонија овозможува спроведување на масовни кампањи на мобилен маркетинг и е вистински начин за диверзификација на огласувачките канали на маркетинг агенциите и компаниите и секако внесување доза на иновативност за сите нови кампањи.

Извор: Маркетинг365

Социјалните мрежи сè повеќе се посетуваат од мобилен

Главниот заклучок од најновото истражувањето кое eMarketer го направи минатиов декември,е дека веќе станува прашање на време кога користењето на социјалните мрежи преку мобилен ќе го надмине нивното користење преку персонален компјутер.

За Твитер е јасно дека од старт е измислен за користење на мобилен, а со новиве апликации и Фејсбук и Google+ се повеќе и повеќе се погодни за такво користење. Тој тренд на зголемено користење на социјалните мрежи преку мобилен и мобилни апликации никако нема да запре.

Видете го графиконот:

Од него јасно се забележува дека употребата на десктоп компјутери за користење на Социјални мрежи во 2012 се намалила во споредба со 2011 година, додека истовремено употребата на мобилни телефони за пристапување до социјалните медиуми е значително зголемена. Исто воочлив е и порастот на употребата на таблети за истата намена.

Интересен момент тука е и што се повеќе и повеќе маркетери од  компаниите решаваат поголем дел од својот буџет за дигитален адвертајзинг да го инвестираат во мобилно огласување, односно користат формати и медиуми преку кои форсираат мобилен маркетинг.

Тоа е очекувано бидејќи знаеме дека луѓето најмногу време на интернет поминуваат при користењето на социјалните мрежи, а тоа користење во најголем процент е и ќе биде преку мобилен телефон.

SunWireless е првата компанија која во Македонија нуди можност за масовни кампањи на мобилен маркетинг преку својот сервис на HotZone Advertising,  за кој повеќе можете да прочитате на следниов линк.

Буџетите за мобилен маркетинг континуирано растат

Ако се земат во обзир резултатите од најновата студија направена минатиот месец од страна на Pointiflex и Burrell Associates , 27% од малите и средните претпријатија во наредните дванаесет месец планираат да го зголемат својот буџет за рекламирање на мобилен телефон а 47% ќе продолжат со исто темпо и ќе го задржат својот буџет како и годинава што изминува.

Овие бројки значат дека дури 3/4 од малите и средните претпријатија активно го прифаќаат трендот за 2013 година да се инвестира во рекламирање со кое ќе се таргетираат корисниците на паметни телефони, односно се поголем процент во својот медиа план да го насочат на мобилен маркетинг.

Од тие 27% колку што планираат да го зголемат својот буџет, дури 42% одговориле дека тоа зголемување ќе биде помеѓу 11 и 20 % а 1/5 рекле дека зголемувањето ќе биде помеѓу 21 и 30 %

Во Република Македонија, SunWireless е првата компанија која нуди целосно интегриран сервис на HotZone Advertising со кој на огласувачите им се овозможува геолокациско таргетирање на својата целна јавност, па покрај стандардните десктоп опции – овозможува и огласување на мобилна верзија, односно дава можност за прв пат во Македонија да може да се прават масовни кампањи на мобилен маркетинг.