Tag Archives: оператор

SunWireless во ТВ емисијата “Добра идеја“

Популарниот ТВ проект “Добра идеја“ кој ги опфаќа најуспешните и најиновативни производи и идеи од Македонија посвети емисија за почетокот и растот на SunWireless.

Истата во целост можете да ја погледнете во продолжение:

SunWireless одсега и во СЦ “Борис Трајковски“

SunWireless и спортската арена „Борис Трајковски“ имплементираа  безжична (Wi-Fi) мрежа со висока густина – прва во регионот

Водечкиот Wi-Fi мобилен оператор во Македонија, SunWireless, со задоволство објавува дека е потпишан договор со „Борис Трајковски“, најголемата спортска арена во Македонија и една од најголемите во регионот, со кој се овозможи SunWireless да инсталира Wi-Fi мрежа со висока густина во арената.

Арената Борис Трајковски, со максимален капацитет од 8.000 седишта е прва во Југоисточна Европа и најнова меѓу елитните спортски локации во светот кои инсталирале ваква врвна Wi-Fi технологија. Со тоа, арената  им се придружува на стадионите како Сантијаго Бернабе во Мадрид,  Етихад во Манчестер , O2 арената во Лондон, како и Жилет Стадионот во Бостон, САД.


Весна Стојановска, управителот на SunWireless, изјави: ” Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе им биде достапна на посетителите на Арената и драстично ќе го подобри севкупното искуство кое го нуди овој простор и со тоа ќе ги охрабри посетителите да ја споделат возбудата на играта со нивните пријатели и семејството.

Натпреварите и концертите во живо се социјални настани кои нудат големо задоволство и нам ни е навистина драго што можеме да им понудиме на навивачите и посетителите ваков систем кој ќе им овозможи подобро искористување на нивните мобилни и таблет уреди во самата Арена. Ова не е само престижна зделка, ова е технички предизвик за нас и ние сме навистина среќни што спортската арена “Борис Трајковски” препозна во SunWireless лидер на пазарот”.

Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе помогне во елиминирање на проблемите со конекција во самата Арена и ќе им овозможи на посетителите подобар пристап до информациите за услугите на Спортскиот Центар, информации за спортските клубови, информациите за клубските апликации, претстојните настани и севкупно ќе придонесе за подобра online вклученост на посетителите.

SunWireless ексклузивен Wi-Fi провајдер во Аква Паркот во Скопје

SunWireless на задоволство на своите корисници и на сите љубители на водните лудории објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со менаџментот на Спортскиот Центар “Борис Трајковски“ со кој SunWireless ја доби честа и обврската да биде ексклузивен Wi-Fi провајдер во скопскиот “Аква Парк“ кој во Неделата беше официјално отворен.

- Големо задоволство ни е што добивме шанса нашиот сервис да го направиме достапен и за посетителите на Аква Паркот кој несомнено претставува уникатен објект за забава и релаксација и е вистинска атракција во главниот град, па максимално ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да ги задоволиме потребите и очекувањата на сите посетители на Аква Паркот – изјави Весна Стојановска од менаџерскиот тим на SunWireless.

Со овој договор сите посетители на Аква Паркот во Скопје ќе имаат можност да користат првокласен сервис за брз, стабилен и безбеден безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер, кој исто така ги обезбедува и Аеродромите на ТАВ, најголемите хотели, автобусите на ЈСП-Скопје, студентските домови и сите поголеми и поелитни кафичи и ресторани со преку 550 хотпотови низ целата држава.

iOS апликацијата на SunWireless со нови функционалности

SW Hotspot апликацијата наменета за сите корисници на SunWireless, сопственици на iPhone телефони и другите iOS уреди, од денеска е надградена и вклучува нови функционалности со кои веруваме уште повеќе ќе Ви го олесниме користењето на SunWireless сервисот.

Одсега со SW Hotspot iOS app , ќе можете:

- автоматски да ги лоцирате и да се конектирате на сите SunWireless хотспотови,

- да ја прегледувате мапата на покриеност на SunWireless,

-да ги лоцирате продажните места на SunWIreless и

- да го проверувате статусот на Вашиот при-пејд ваучер.

Апликацијата е компатибилна со сите Apple уреди (iPhone, iPad и iPod) кои користат iOS верзија 4.3 или постара.

SW Hotspot може да се симне бесплатно од iTunes на следниов ЛИНК.

“Ало Ало” во Скопје Сити Мол доби SunWireless сервис

Откако пред неколку дена и официјално беше промовиран договорот помеѓу SunWireless и еден од најпознатите скопски кафе-ресторани  - “Ало Ало“ со кој првично беше овозможен SunWireless сервисот за локалот лоциран  на Кеј 13 Ноември, од денеска со задоволство можеме да соопштиме дека SunWireless сервисот е овозможен и за “Ало Ало“ во Скопје Сити Мол.

Со обезбедувањето на сервис во овој локал се проширува листата на најелитните локали од Скопје кои само минативе две недели беа обезбедени со SunWireless сервис а која ги вклучува и Тренд (на плоштад и во Скопје Сити Мол), Пивница “Стар Град“, Винотека Темов, Палма Бистро во Веро Центар и др…

Почнувајќи од денеска, сите посетители на “Ало Ало“ во Скопје Сити Мол ќе можат да сурфаат на најдобриот безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер.

Се што треба да направите за да добиете брз и стабилен безжичен интернет во “Ало Ало“ е да ги прелистате достапните Wi-Fi мрежи и да се прикачете на “SunWireless Alo Alo“ мрежата со најдобар сигнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless хотспот страната на која треба да го внесете Вашиот SunWireless при-пејд код или да се логирате со Вашиот пост-пејд акаунт.

SunWireless при-пејд картичките ќе можат да се купат на самиот шанк или од Вашиот келнер во “Ало Ало“.

SunWireless и во “Ало Ало“ на Кеј

SunWireless со задоволство објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со менаџментот на еден од најдобрите кафе-ресторани во Скопје – “Ало Ало“ кој се наоѓа на Кеј 13 Ноември и  кој одсега ќе биде обезбедуван со SunWireless сервис за безжичен интернет.

Сите посетители на “Ало Ало“ отсега ќе можат да користат првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски провајдер SunWireless – нешто што секако го очекуваат и заслужуваат како гости на елитен локал од овој ранг.

Се што треба да направите за да користите брз и стабилен Wi-Fi кога одсега ќе го посетувате “Ало Ало“, e со Вашиот преносен уред да ги проскенирате достапните “ SunWireless Alo Alo “ Wi-Fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал. После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless хотспот страната каде го внесувате Вашиот при-пејд код и се логирате.

При-пејд картичките може да се купат на шанкот на Ало Ало или од Вашиот келнер.

Трет круг добитници од кафе “Амаро“ – Неготино

Во текот на вчерашниот ден беше оддржано третото извлекување на најсреќните неготинчани, посетители на кафе бар “Амаро“ кои добија гратис при-пејд картички од SunWireless, со кои можат да добијат квалитетен и брз безжичен интернет во сите SunWireless хотзони.

Во продолжение добитниците од последното извлекување: