Tag Archives: Охрид

Ново SunWireless продажно место во Охрид

Почитувани корисници, SunWireless продолжува во својата намера своите услуги да ги направи што подостапни и на само чекор од Вас.

Во таа насока Ве информираме дека нашите при-пејд картички одсега ќе можете да ги набавите на уште една локација во Охрид. Станува збор за продавницата Тути-Фрути 2013 која се наоѓа во центарот на Охрид во близина на фонтаната.

Останатите продажни места во Охрид и низ цела Македонија можете да ги погледнете на следниов линк.

Истовремено, Ве потсетуваме дека SunWireless при-пејд картичките можете да ги купите и online.

SunWireless и во хотел “Бисер“ од Струга

SunWireless со задоволство ги информира своите корисници и македонската јавност дека од денеска својот сервис го обезбедува и во еден од најубавите хотели на струшкото крајбрежје – хотел “Бисер“.

Сите посетители на хотелот одсега ќе имаат можност да користат брз, безбеден и стабилен безжичен интернет од SunWireless.

SunWireless при-пејд картичките со кои се овозможува користење на Wi-Fi интернет низ хотелот, цела Струга, Охрид и низ останатите градови каде има SunWireless хотзони , ќе може да се купат на самата рецепција.

Хотел “Бисер“ се приклучува на долгата листа хотели кои за своите гости обезбедуваат SunWireless сервис а ја сочинуваат уште и: Хотел “Александар Палас“ , “Кристал Палас“, “Дрим“ , “Гранит“ , “Београд“ , “Милениум Палас“ , “Монтана“ , “Милениум“, “Уни Палас“ и др..

Со овој договор компанијата  продолжува со својата мисија да расте како најголем Wi-Fi провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбедува квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

SunWireless одсега и во хотел Милениум Палас во Охрид

SunWireless, најголемиот провајдер на безжичен интернет во Македонија, на задоволство на своите корисници, објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со хотелот “Милениум Палас“ од Охрид, каде одсега на сите посетители на хотелот ќе им биде овозможен пристап до првокласна услуга за безжичен интернет.

Со овој договор се прошири соработката која претходно беше објавена, а со која SunWireless својот сервис го обезбеди и за хотелот “Милениум“ од Битола.

Сите гости кои одсега ќе го посетуваат и хотел “Милениум Палас“ во Охрид, исто така ќе може да користат брз, безбеден и стабилен безжичен интернет.

Хотелите “Милениум Палас“ и “Милениум“ во Охрид и Битола се дел од листата на хотели кои обезбедуваат SunWireless Wi-Fi сервис, а која ја сочинуваат уште и: Александар Палас, Гранит, Дрим, Монтана, Кристал Палас, Уни Палас, Београд и др.

Со оглед на тоа што SunWireless е ексклузивен партнер во Македонија на најголемите светски Wi-Fi мрежи Boingo и iPass, отсега сите туристи – корисници на овие два глобални провајдера – кои ќе престојуваат во нашата држава, ќе имаат на располагање уште 2 нови хотели во кои можат без дополнителни трошоци и сетирања да добијат квалитетен сервис на безжичен интернет.

Запознајте ја Катерина од Охрид, дел од SunWireless друштвото !

Како што добро знаете, пред определен период SunWireless организираше награден фото-конкурс на тема “Јас и моето друштво“. Во конкуренција од повеќе од 150 ученици и студенти, жирито на SunWireless избра 5 најдобри фотографии и 5 победници кои поблиску ви ги претставуваме на блогот.

Денеска задоволство ни е што како гостин на блогот ја имаме Катерина Петреска од Охрид.

Здраво Катерина , споделете ни нешто повеќе за себе?

Па, моето име е Катерина Петреска, јас сум четврта година во ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид. Ме интересираат општите науки, нешто што бара постојано учење, нешто што е во постојан прогрес, како на пример општеството. Сакам да читам, и мојата идна професија ја гледам поврзана со многу читање, како на пример книжевност или нешто слично :)

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Сликата е направена во училишниот двор на гимназијата каде учам. Автомобилот како уметничка целина е наше дело, мое и на моите другари од ликовниот клуб, а беше направен по повод снимањето на филм од страна на нашето училиште. Двете Ани, Боки и професорката Кети се присутни заедно со мене на сликата, сакајќи да го овековечиме моментот. :)

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Па интересни случки, малце е тешко да се издвои некоја, зашто секој ден со моите другари носи нешто интересно. Едноставно и едно сретнување на погледот може да биде интересно, зашто само ние знаеме што сакаме да кажеме.

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Моите пријатели за мене значат семејство кое сама сум го одбрала. Тие се највредното нешто кон кое се враќам секогаш и од секаде. Тие се мојата потпора, тие се мојата храброст, кога ја немам, тие се мојата подобра половина кога се „бедирам“ и секако мојата полоша половина кога е во прашање правењето на глупости.

Што мислите за SunWireless?

Во денешно време, безжичен интернет, бар мене, ми е потребен секогаш и секаде. Коцептот на SunWireless исклучително ми се допаѓа, бидејќи ги препознава барањата на младите и се стреми кон нивно задоволување. Sun it up!

Запознајте го Виктор од Охрид, еден од победниците на SunWireless фото-конкурсот!

Продолжуваме со серијата интервјуа на SunWireless блогот со учесниците на фото-конкурсот кои ги испратија најдобрите 5 фотографии. Денеска како гостин на блогот го имаме Виктор Крстаноски од Охрид.

Кој е Виктор, што прави и кое е неговото хоби?

Моето име е Виктор Крстаноски, студирам на ФТУ – насока Диететика….хоби хммм шо знам гејминг, покер и така слично..да не речам се со седење хаха

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Фотографијата е направена на градскиот плоштад во Охрид за време на натпреварот Македонија-Шпанија.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Паа ќе ја споделам неодамнешната случка за Василица…Се облековме сите сино бело,ставивме бели капи, се испоцртавме сини на фаците и ајде ојме “ШТРУМФОЈ“  ќе се правиме :) ) Ептен луда ноќ со многу ФАИЛОЈ и пресврти и на крај добивме прва награда за маската :)

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Хммм интересно прашање..сигурно мислите другарите зато шо пријателите јас ги дефинирам појќе ко познаници пример од на школо, и со нив имам здраво . А ако прајме муабет за другарите ние сме така доста големо друштво 13  души ..тие шо се на сликата плус минус  и плус рачунај секој женска и се собираме до кај 20…затоа тешко е да дефинираш што ти значат бидејќи некој е поблизок некој е поодалечен. Убо е да се имат стално блиски другари за секакви активности, пример и за “цепење дрва и за на слава да ги викниш“ :)

Што мислите за SunWireless?

Мислам декa идеата е многу интересна – “интрнет за сите-во секое време-на секое место” . Јас живеам во Охрид и голем дел од Градот е покриен, но има и места кои не се (на пример јас каде што живеам) па се надевам дека скоро и таму ќе “прозрачите“ :)

Запознајте го Александар од Охрид, дел од SunWireless друштвото!

Изминатиот месец ,SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“. Во конкуренција на повеќе од 150 студенти и ученици, изминатата недела беа објавени имињата на 5-темина победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобите фотографии.

SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.

Денеска имаме задоволство како гостин на блогот да го имаме Александар Мечкаровски од Охрид….

Кажете ни нешто повеќе за себеси?

Јас сум Александар Мечкароски живеам во Охрид и сум четврта година средно економско училиште.Свирам гитара,играм

кошарка и сакам постојано да сум опкружен со моето друштво.

Каде и кога е направена фотографија со која учествуваше на SunWireless конкурсот?

Оваа слика е направена за време на роденденот на еден од моите школски другари,Злате.Бевме собрани друштво од класот и низ игра и забава испадна и оваа фотографија.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Ова што ќе го напишам сега се случи истата вечер кога ја направив сликава.После прославата в стан требаше да одиме в кафиќ да допрославиме.Тргнавме за таму и наместо в кафиќ завршивме кај друг другар в стан и тек другиот ден појдовме кај што бевме тргнати.Нешто како Џамбазов кога купувал работи за Нова Година дента а се вратил 2 недели после Нова Година.

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Тие претставуваат голем дел од мене.Со нив сум секој ден и искрено не можам да го замислам денот без нив.

Што мислите за SunWireless?

Јас сум корисник на SunWireless веќе 4 години и сум многу задоволен од услугата.Вработените се љубезни и професионални.Исто така морам да напоменам дека како корисник на wireless интернет квалитетот на сигналот е многу важен.Безжичниот интернет е наше секојдневие а со користењето на социјалните мрежи стана и потреба – посебно за нас младите.

Подарете SunWireless !!!

Предновогодишниот период е време од годината во кое ги даруваме најблиските, им посветуваме внимание и правиме да се чувствуваат посебно.

За оваа Нова Година, SunWireless одлучи масовно да наградува и подарува и во таа акција да Ве вклучи и Вас !

Од денес па се до 15-ти Јануари 2013 год. , Вие имате можност да подарите SunWireless на било кој Ваш пријател или познаник на кого му треба интернет и двајцата да добиете по 1 месец гратис !

Се што треба да направите е да го симнете ОВОЈ документ (или да го земете во некоја од нашите канцеларии), соодветно да го пополните и да ни го испратите на podari@sunwireless.com.mk или да го донесете во некоја од нашите канцеларии.

Правила:
• постоечкиот корисник добива 1 месец гратис за секој успешно
инсталиран нов корисник
• новиот корисник добива 1 месец гратис по извршена инсталација
• новиот корисник може да не биде инсталиран поради немање
техничка можност (SunWireless нема покриеност, лош сигнал, и сл.)
утврдено од SunWireless
• постоечкиот корисник ќе биде соодветно известен за успешната
инсталација на новиот корисник

Во акцијата можат да се вклучат сите пост-пејд корисници на SunWireless. За секој нивен пријател кој ќе го вклучат во SunWireless фамилијата добиваат 1 месец гратис. Може да се подарува повеќе пати и соодветно на тоа да се добијат повеќе месеци гратис.

Правила на игра :)

- Постоечкиот корисник добива 1 месец гратис за секој успешно инсталиран нов корисник.

- Новиот корисник добива 1 месец гратис по извршена инсталација.

- Новиот корисник може да не биде инсталиран поради немање на техничка можност (SunWireless нема покриеност, лош сигнал и сл.)

- Постоечкиот корисник ќе биде соодветно известен за успешната инсталација на новиот корисник.

SunWireless во “Гимазијата“ и “Економското“ во Охрид

SunWireless минатата недела заврши со едукативниот караван во Охрид со посетата на Гимназијата “Св. Климент Охридски“ и Средното Економско училиште.

Со учениците беа споделени најновите трендови во функционирањето на wireless технологиите на светско ниво и беа презентирани достигнувањата и иновациите кои SunWireless ги направи на македонскиот пазар.

Досега во Охрид беа посетени вкупно 5 образовни институции каде тимот на SunWireless се дружеше со студентите и учениците од овој град и се надеваме дека во наредниов период ќе имаме прилика за повторна средба.

Едукативниот караван на SunWireless од оваа недела продолжува во Неготино.

Во продолжение неколку фотографии од посетата на Економското и Гимназијата во Охрид:

Едукативниот караван на SunWireless во Охрид

Екипата на SunWireless која изминатиов месец активно ги посетува средните училишта и факултетите низ Република Македонија, изминатава недела беше “на гости“ во Охрид.

Посетени беа  “Факултетот за туризам и угостителство“, Средното училиште “Ванчо Питошевски“  и ЕМУЦ “Св. Наум Охридски“, каде SunWireless правеше презентација на wireless технологијата за поврзување, презентираше уреди какви што компанијата користи во својата работа и со учениците и студентите споделуваше искуства во однос на безбедноста при користењето на wireless мрежите и начините за поефикасна заштита.

Им благодариме на раководните лица од овие образовни установи што ни излегоа во пресрет на нашата едукативна акција, но пред се и на учениците и студентите со кои поминавме одлични заеднички моменти.

Петта приватна гимназија од Струга домаќини на SunWireless

После посетата на ФОН универзитетот во Струга, тимот на SunWireless кој ги организира едукативните посети низ средните училишта и факултетите низ Македонија, продолжи во  “Петта приватна гимназија“ од Струга, на неколкучасовна дружба со учениците и вработените од ова средно училиште со кои споделивме интересни идеи и практики за искористувањето на wireless технологијата во секојдневниот живот.

На пултот беа презентирани неколку видови на wireless опрема како и дел од најновата литература  кој ги обработува светските трендови во оваа област. Учениците со нас споделија за нивните навики при користењето на интернет како и за зголемените потреби да имаат интернет постојано со нив.