Tag Archives: пост-пејд

Извлечени првите гости на “Албум“ кои ќе добијат гратис SunWireless интернет!

Изминатиов викенд беа извлечени имињата на првите добитници на SunWireless при-пејд кодови, во наградната игра која заеднички ја организираат “SunWireless“ и кафе “Албум“ од Струга.

Да потсетиме, секој посетител на “Албум“ има можност со секоја фискална сметка да учествува во наградната игра на SunWireless во која секој викенд се извлекуваат по 5 добитници, кои добиваат гратис можност да користат wi-fi интернет од SunWireless.

Во продолжение извлечените талони:

SunWireless со двојно зголемени капацитети во студентските домови од Штип

Во текот на минатата недела техничката екипа на SunWireless работеше напорно на надградување на својот сервис и во студентските домови “Браќа Миладиновци“ и “Оаза“ од Штип, па сега, станарите во овие два студентски домови ќе можат да ги користат придобивките од двојно зголемените капацитети со кои на студентите ќе им се овозможи брза и квалитетна врска на безжичен интернет.

Студентите од студентските домови од Штип  ќе можат да користат wi-fi интернет со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во околната продавница за компјутерска опрема или online на следниов ЛИНК.

ВИДОВИ НА ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИ:

1.SunMobile ,со цена од 99 денари, со 512 мб сообраќај.

2.SunM, со цена од 299 денари, со 6 гб сообраќај.

3.SunL, со цена од 499 денари, со 12 гб сообраќај.

Картичките траат 30 дена од моментот на активирање

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

  1. Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)
  2. При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.
  3. После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

ДСД “Браќа Миладиновци“ и ПСД “Оаза“ се приклучуваат на листата на студентски домови каде спаѓаат уште и “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ , “Кузман Јосифовски-Питу“, “Пелагонија“, “Томе Стефановски-Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп во кои SunWireless веќе обезбедува свој сервис. Во наредниов период компанијата својот сервис ќе го обезбеди и во уште неколку други студентски домови ширум Македонија.

SunWireless “прозрачи“ во Прилеп и Битола

Со огромно задоволство Ве информираме дека од денеска SunWireless започнува својот сервис да го нуди уште во 2 поголеми градови во Република Македонија – Прилеп и Битола.

Сервисот промотивно е пуштен во централните градски подрачја на овие два града и засега е во тест фаза.

Многу скоро ќе биде понудена и можноста за инсталирање на нашите пост-пејд и при-пејд пакети а ќе бидат објавени и имињата на дистрибутерите каде ќе може да се купат при-пејд картичките.

Наредниве денови очекувајте повеќе информации !!!

SunWireless прозрачи и во Камп “АС“ од Струга

SunWireless одсекогаш била и во иднина ќе биде компанија која своите цели, програми и активности ќе ги поставува, планира и прилагодува на потребите и желбите на своите клиенти.

Така и овојпат, на барање на своите клиенти да се обезбеди wi-fi интернет во мега-популарниот камп “АС“ од Струга, SunWireless им излезе во пресрет на своите потрошувачи и им обезбеди брз и квалитетен безжичен интернет и за време на нивниот престој таму.

Ви посакуваме пријатен летен одмор !

При пејд картичките можат да се набават самата рецепција каде се врши најава.

Потпишан договор за продажба на SunWireless при-пејд картички во трафиките StopShop

Како одговор на зголемената побарувачка и на задоволство на своите корисници, SunWireless, засилено ја зголемува својата продажна мрежа на при-пејд картички во градот Скопје.

Најнов во низата договори за продажба на при-пејд SunWreless картички е неодамна потпишаниот договор со трафиките StopShop .

Во прво време Скопјани ќе можат да си купат при-пејд картичка за користење на бежичен интернет од SunWireless на следниве 4 локации на StopShop :

1. StopShop Тафталиџе 2, ул.“Московска“ , пред СП (пазар Тафталиџе)

2.StopShop Центар, ул. “Македонија“ , до С.Оливер (спроти Херц)

3.StopShop Центар, карши Tinex, на отворениот паркинг кај дрводекор.

4.StopShop Центар, на рекорд, до Levi`s.

, а во наредниов период таа можност корисниците ќе ја имаат и во останатите StopShop места.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картички можат да си купат и online, преку следниов линк .

Доколку пак сакате да станете наш пост-пејд корисник (пост-пејд понудата можете да ја видите тука), можете да се јавите на :

034/ 330-816 ,

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да не посетите на улица “Прашка“ бр.86а. ,  Скопје.