Tag Archives: припејд

SunWireless и во “Ало Ало“ на Кеј

SunWireless со задоволство објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со менаџментот на еден од најдобрите кафе-ресторани во Скопје – “Ало Ало“ кој се наоѓа на Кеј 13 Ноември и  кој одсега ќе биде обезбедуван со SunWireless сервис за безжичен интернет.

Сите посетители на “Ало Ало“ отсега ќе можат да користат првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски провајдер SunWireless – нешто што секако го очекуваат и заслужуваат како гости на елитен локал од овој ранг.

Се што треба да направите за да користите брз и стабилен Wi-Fi кога одсега ќе го посетувате “Ало Ало“, e со Вашиот преносен уред да ги проскенирате достапните “ SunWireless Alo Alo “ Wi-Fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал. После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless хотспот страната каде го внесувате Вашиот при-пејд код и се логирате.

При-пејд картичките може да се купат на шанкот на Ало Ало или од Вашиот келнер.

Сурфај на SunWireless и во пивница “Стар Град“

Сите корисници на SunWireless,  љубителите на доброто пиво, посетителите на најдобрата пивница во Скопје – “Стар Град“, од денеска имаат причина да бидат задоволни со уште еден новитет :)

Со договорот кој беше потпишан пред неколку дена, овозможен е SunWireless сервисот и за сите гости на пивницата “Стар Град“ кои одсега ќе можат да сурфаат на брз и безбеден безжичен интернет од најголемиот македонски wi-fi провајдер.

Се што треба да направите кога отсега ќе ја посетувате Пивницата за да користите wi-fi интернет е да ги проскенирате достапните SunWireless wi-fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сгнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless логин страната на која треба да го внесете при-пејд кодот од картичките кои ќе можете да ги набавите од Вашиот келнер или на шанкот !

Пијте пиво и сурфајте !

SunWireless со двојно зголемени капацитети во студентските домови од Штип

Во текот на минатата недела техничката екипа на SunWireless работеше напорно на надградување на својот сервис и во студентските домови “Браќа Миладиновци“ и “Оаза“ од Штип, па сега, станарите во овие два студентски домови ќе можат да ги користат придобивките од двојно зголемените капацитети со кои на студентите ќе им се овозможи брза и квалитетна врска на безжичен интернет.

Студентите од студентските домови од Штип  ќе можат да користат wi-fi интернет со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во околната продавница за компјутерска опрема или online на следниов ЛИНК.

ВИДОВИ НА ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИ:

1.SunMobile ,со цена од 99 денари, со 512 мб сообраќај.

2.SunM, со цена од 299 денари, со 6 гб сообраќај.

3.SunL, со цена од 499 денари, со 12 гб сообраќај.

Картичките траат 30 дена од моментот на активирање

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

  1. Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)
  2. При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.
  3. После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

ДСД “Браќа Миладиновци“ и ПСД “Оаза“ се приклучуваат на листата на студентски домови каде спаѓаат уште и “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ , “Кузман Јосифовски-Питу“, “Пелагонија“, “Томе Стефановски-Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп во кои SunWireless веќе обезбедува свој сервис. Во наредниов период компанијата својот сервис ќе го обезбеди и во уште неколку други студентски домови ширум Македонија.

Нови три продажни места во центарот на Скопје

SunWireless при-пејд картичките од денеска ќе можат да се најдат на уште три нови локации во центарот на Скопје.

Отсега, сите оние кои сакаат да користат при-пејд интернет во мрежата на SunWireless , нашите при пејд картички дополнително ќе можат да ги купат и на следниве локации:

1.КИОСК М1 , кој се наоѓа на улица “Македонија“ во редот на кафе-ресторан Пелистер.

2. КИОСК М1, на Кеј 13 Ноември , до “Холидеј Ин“

3. КИОСК М1 , на ул. “Орце Николов“ до “Савана“

Во продолжение, погледнете ја и мапата на сите останати продажни места во Скопје.