Tag Archives: при-пејд

Најефтино решение за користење на интернет на одмор

Статијата е преземена од fakulteti.mk и првично е објавена на следниов ЛИНК

Како наближува екот на туристичката сезона, се повеќе и повеќе студенти се спремаат за одмор во некои од нашите туристички центри.

Ако ова лето решите да ги посетите Охрид и Струга една од работите кои треба навремено да си ги обезбедите, секако покрај “капачката опрема“, е и пристапот до интернет. Станува незамисливо во денешно време да се поминат повеќе денови а воопшто да не се отвори мобилниот телефон, лап-топ или таблетот и да не се провери mail, Facebook или Twitter.



Покрај Охридските и Струшките интернет-кафулиња посетителите имаат можност да користат и некои од пакетите на домашните мобилни или Wireless оператори со различни карактеристики во при-пејд и пост-пејд понудите прилагодени за сечиј џеб.

Едно од најевтините решенија за користење на интернет додека сте на одмор во Охрид и Струга е Wi-Fi мрежата на SunWireless.

SunWireless има повеќе од 100-тина локации (хотзони) во Охрид и Струга каде може да се користи безжичен интернет меѓу кои и главните плоштади и шеталишта, најпознатите кафичи, ресторани, плажите и хотелите. Значи речиси секаде каде што би имале потреба.

Од нивната понуда како најповолни за студентите би ги издвоиле следниве при-пејд картички SunMobile 512 Mb интернет за 99 денари, SunS 2 GB за 199 денари и SunM 6 GB интернет за 299 денари.

Сите картички траат 30 дена од моментот на активирање и можат да се користат на мобилен, лап-топ или таблет.

ЛИНК до мапата на продажни места во Охрид и Струга. Зумирајте за градот за кој сакате да видите и ќе можете точно да ги лоцирате нашите продажни места.

iOS апликацијата на SunWireless со нови функционалности

SW Hotspot апликацијата наменета за сите корисници на SunWireless, сопственици на iPhone телефони и другите iOS уреди, од денеска е надградена и вклучува нови функционалности со кои веруваме уште повеќе ќе Ви го олесниме користењето на SunWireless сервисот.

Одсега со SW Hotspot iOS app , ќе можете:

- автоматски да ги лоцирате и да се конектирате на сите SunWireless хотспотови,

- да ја прегледувате мапата на покриеност на SunWireless,

-да ги лоцирате продажните места на SunWIreless и

- да го проверувате статусот на Вашиот при-пејд ваучер.

Апликацијата е компатибилна со сите Apple уреди (iPhone, iPad и iPod) кои користат iOS верзија 4.3 или постара.

SW Hotspot може да се симне бесплатно од iTunes на следниов ЛИНК.

SunWireless и кафе Тоскано од Кавадарци делеа бесплатен интернет

SunWireless во соработка со кафе “Тоскано“ од Кавадарци минатата недела организираше наградна игра во која делеше бесплатни при-пејд ваучери од SunWireless за дел од посетителите на кафичот.

Во извлекувањето оддржано во Вторникот, извлечени беа следните 5 добитници:

Втор круг на извлечени гости на “Амаро“ кои ќе добијат гратис SunWireless интернет!

После минатонеделното прво извлекување на добитници на SunWireless при-пејд ваучери, денеска беше оддржано и второто извлекување на добитници-гости на најпопуларниот кафе бар во Неготино – “Амаро“ кои добија гратис интернет од SunWireless.

Во продолжение победничките талони:

Извлечени првите гости на “Албум“ кои ќе добијат гратис SunWireless интернет!

Изминатиов викенд беа извлечени имињата на првите добитници на SunWireless при-пејд кодови, во наградната игра која заеднички ја организираат “SunWireless“ и кафе “Албум“ од Струга.

Да потсетиме, секој посетител на “Албум“ има можност со секоја фискална сметка да учествува во наградната игра на SunWireless во која секој викенд се извлекуваат по 5 добитници, кои добиваат гратис можност да користат wi-fi интернет од SunWireless.

Во продолжение извлечените талони:

SunWireless со двојно зголемени капацитети во студентските домови од Штип

Во текот на минатата недела техничката екипа на SunWireless работеше напорно на надградување на својот сервис и во студентските домови “Браќа Миладиновци“ и “Оаза“ од Штип, па сега, станарите во овие два студентски домови ќе можат да ги користат придобивките од двојно зголемените капацитети со кои на студентите ќе им се овозможи брза и квалитетна врска на безжичен интернет.

Студентите од студентските домови од Штип  ќе можат да користат wi-fi интернет со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во околната продавница за компјутерска опрема или online на следниов ЛИНК.

ВИДОВИ НА ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИ:

1.SunMobile ,со цена од 99 денари, со 512 мб сообраќај.

2.SunM, со цена од 299 денари, со 6 гб сообраќај.

3.SunL, со цена од 499 денари, со 12 гб сообраќај.

Картичките траат 30 дена од моментот на активирање

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

  1. Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)
  2. При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.
  3. После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

ДСД “Браќа Миладиновци“ и ПСД “Оаза“ се приклучуваат на листата на студентски домови каде спаѓаат уште и “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ , “Кузман Јосифовски-Питу“, “Пелагонија“, “Томе Стефановски-Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп во кои SunWireless веќе обезбедува свој сервис. Во наредниов период компанијата својот сервис ќе го обезбеди и во уште неколку други студентски домови ширум Македонија.

SunWireless и во студентските домови “Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп

SunWireless, пред се на задоволство на “станарите“ во студентските домови “Томе Стефановски – Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп, објавува дека од денеска својот сервис го нуди и во овие два студентски домови.

Одсега студентите и учениците кои престојуваат во “Сениќ“ и “Орде Чопела“ ќе можат да добијат брза и квалитетна врска на безжичен интернет од најголемиот македонски wi-fi провајдер SunWireless.

Студентите сервисот ќе може да го користат со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во самите студентски домови и во околните продавници.

Се што треба да направат е да се поврзат на SunWireless wi-fi мрежата со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички) и при првото пребарување ќе бидат пренасочени на нашата login страна. Таму треба да го внесат 16-цифрениот код од при-пејд картичката, по што ќе добијат потврда за успешно логирање.

Повеќе за при-пејд понудата на SunWireless можете да прочитате ТУКА.

Купи SunWireless при-пејд картичка со 30% попуст

Во склоп на “Сајбер Понеделник“ (Cyber Monday) – светскиот ден кога се прават најмногу online купувања, SunWireless лансираше промо код : “CYBERMONDAY“ , со кој на првите 100 купувачи им овозможува да купат online SunWireless при-пејд картичка со 30% попуст.

Се што треба да направите е да ја посетите нашата веб страна од каде што можете да купите при-пејд картичка на следниов ЛИНК.

Откако ќе ја одберете при-пејд картичката што сакате да ја купите и ќе го одберете копчето “Купи Online“ , на крајот од формуларот за купување треба да го внесете купонот “CYBERMONDAY“ (без наводници) и при-пејд картичката ја добивате со 30% попуст.

Понудата важи до Вторник ! Побрзајте !

SunWireless “прозрачи“ во Прилеп и Битола

Со огромно задоволство Ве информираме дека од денеска SunWireless започнува својот сервис да го нуди уште во 2 поголеми градови во Република Македонија – Прилеп и Битола.

Сервисот промотивно е пуштен во централните градски подрачја на овие два града и засега е во тест фаза.

Многу скоро ќе биде понудена и можноста за инсталирање на нашите пост-пејд и при-пејд пакети а ќе бидат објавени и имињата на дистрибутерите каде ќе може да се купат при-пејд картичките.

Наредниве денови очекувајте повеќе информации !!!

SunWireless прозрачи и во Камп “АС“ од Струга

SunWireless одсекогаш била и во иднина ќе биде компанија која своите цели, програми и активности ќе ги поставува, планира и прилагодува на потребите и желбите на своите клиенти.

Така и овојпат, на барање на своите клиенти да се обезбеди wi-fi интернет во мега-популарниот камп “АС“ од Струга, SunWireless им излезе во пресрет на своите потрошувачи и им обезбеди брз и квалитетен безжичен интернет и за време на нивниот престој таму.

Ви посакуваме пријатен летен одмор !

При пејд картичките можат да се набават самата рецепција каде се врши најава.