Tag Archives: при-пејд интернет

Книжарницата Клио во Струга, ново продажно место

На барање на нашите корисници од Струга, SunWireless објавува дека склучи договор со книжарницата КЛИО каде одсега ќе може да се најдат и купат SunWireless при-пејд картичките.

Книжарницата се наоѓа во строгиот центар на Струга, на главната улица од плоштадот.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картичките со кои можете да имате брз и квалитетен безжичен интернет во цела Струга и насекаде во мрежата на SunWireless , можат да се купат и online.

Целосната мапа на продажни места на SunWireless при-пејд картички можете да ја видите ТУКА.

За било какви прашања или информации можете да ни пратите e-mail на contact@sunwireless.com.mk или да се јавите на : 072 / 277 002 076 / 277 002 078 / 277 002

Андроид, iPhone и Windows апликации на SunWireless

Преглед на SunWireless апликациите за Андроид, iOS и Windows оперативните системи.

1. SW Hotspot за Андроид

Линк за симнување.

2. SW Hotspot за вашиот iPhone:

Линк за симнување.

3. SW Hotspot за Windows

Линк за симнување.

Со користењето на SunWireless мобилните апликации добивате низа функционалности меѓу кои и:

- автоматско прикачување на мрежата на SunWireless секогаш кога ќе сте во некоја од нашите хотзони ,

- се избегнува постојаното внесување на при-пејд код,

- може да се прегледа  мапата на хотзони,

- може да се  прегледа мапата на продажни места,

- може да се провери искористеноста и рокот на важност на при-пејд картичката,

- информации за контакт со центарот за корисничка поддршка

SunWireless и во “Ало Ало“ на Кеј

SunWireless со задоволство објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со менаџментот на еден од најдобрите кафе-ресторани во Скопје – “Ало Ало“ кој се наоѓа на Кеј 13 Ноември и  кој одсега ќе биде обезбедуван со SunWireless сервис за безжичен интернет.

Сите посетители на “Ало Ало“ отсега ќе можат да користат првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски провајдер SunWireless – нешто што секако го очекуваат и заслужуваат како гости на елитен локал од овој ранг.

Се што треба да направите за да користите брз и стабилен Wi-Fi кога одсега ќе го посетувате “Ало Ало“, e со Вашиот преносен уред да ги проскенирате достапните “ SunWireless Alo Alo “ Wi-Fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал. После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless хотспот страната каде го внесувате Вашиот при-пејд код и се логирате.

При-пејд картичките може да се купат на шанкот на Ало Ало или од Вашиот келнер.

Сурфај на SunWireless и во пивница “Стар Град“

Сите корисници на SunWireless,  љубителите на доброто пиво, посетителите на најдобрата пивница во Скопје – “Стар Град“, од денеска имаат причина да бидат задоволни со уште еден новитет :)

Со договорот кој беше потпишан пред неколку дена, овозможен е SunWireless сервисот и за сите гости на пивницата “Стар Град“ кои одсега ќе можат да сурфаат на брз и безбеден безжичен интернет од најголемиот македонски wi-fi провајдер.

Се што треба да направите кога отсега ќе ја посетувате Пивницата за да користите wi-fi интернет е да ги проскенирате достапните SunWireless wi-fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сгнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless логин страната на која треба да го внесете при-пејд кодот од картичките кои ќе можете да ги набавите од Вашиот келнер или на шанкот !

Пијте пиво и сурфајте !

Втор круг на извлечени гости на “Амаро“ кои ќе добијат гратис SunWireless интернет!

После минатонеделното прво извлекување на добитници на SunWireless при-пејд ваучери, денеска беше оддржано и второто извлекување на добитници-гости на најпопуларниот кафе бар во Неготино – “Амаро“ кои добија гратис интернет од SunWireless.

Во продолжение победничките талони:

Извлечени првите гости на “Албум“ кои ќе добијат гратис SunWireless интернет!

Изминатиов викенд беа извлечени имињата на првите добитници на SunWireless при-пејд кодови, во наградната игра која заеднички ја организираат “SunWireless“ и кафе “Албум“ од Струга.

Да потсетиме, секој посетител на “Албум“ има можност со секоја фискална сметка да учествува во наградната игра на SunWireless во која секој викенд се извлекуваат по 5 добитници, кои добиваат гратис можност да користат wi-fi интернет од SunWireless.

Во продолжение извлечените талони:

SunWireless сервис и во хотел “Монтана“ од Крушево

Ако во пресрет на новогодишните и Божиќните празници имате намера да го посетите Крушево и хотел “Монтана“ , покрај задолжителната скијачка опрема и зимска гардероба, никако не заборавајте да си набавите и SunWireless при-пејд картичка со која одсега и таму ќе можете постојано да бидете online и во комуникација со Вашите најблиски :)

На задоволство на своите корисници, “SunWireless“ објавува дека од пред неколку дена обезбедува свој сервис и во најпознатиот хотел во Крушево – хотел “Монтана“, со кој на посетителите ќе им обезбеди брза, безбедна и квалитетна врска на безжичен интернет.

Со овој договор и хотел “Монтана“ се приклучува на листата на хотели кои на своите гости можат да им понудат првокласна услуга на безжичен интернет од најголемиот македонски wi-fi провајдер, а Крушево станува 13-ти македонски град во кој SunWireless започнува да го нуди својот сервис.

SunWireless при-пејд картичките ќе можат да се набават на самата рецепција во хотелот, online и секако во останатите продажни места кои можат да се видат на следнава МАПА.

Безжичен интернет и за студентите во СД “Пелагонија“ од Скопје

Станарите на студентскиот дом “Пелагонија“ од Скопје, имаат причина да бидат задоволни со уште една убава вест која SunWireless предновогодишно им ја соопштува.

Имено, ги информираме студентите кои престојуваат во СД “Пелагонија“ дека од средината на минатата недела во самиот студентски дом во функција е пуштен сервисот на SunWireless со кој ним им се овозможува да добијат брза и квалитетна врска на безжичен интернет во нивните соби.

Интернетот се користи со при-пејд картички кои што можат да се набават на самата портирница во домот, во најблиската “Тримакс“ книжарница или online на следниов ЛИНК.

Се што треба студентите да направат е да се поврзат на SunWireless wi-fi мрежата со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички) и при првото пребарување ќе бидат пренасочени на нашата login страна. Таму треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката, по што корисникот ќе добие потврда за успешно логирање.

Повеќе за мапата на покриеност, при-пејд и пост-пејд понудата на SunWireless можете да прочитате ТУКА.

Пелагонија е 8-ми студентски дом во низа во кој SunWireless обезбедува свој сервис  и се приклучува на листата која веќе ја сочинуваат и СД“Стив Наумов“ , СД “Гоце Делчев“, СД “Томе Стефановски – Сениќ“ и СД “Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје потоа СД “Орде Чопела“ од Прилеп и Штипските СД “Браќа Миладиновци “ и СД “Оаза“.

SunWireless склучи договор со Хотел “Уни Палас“ од Кавадарци

SunWireless на задоволство на своите клиенти објавува дека од неодамна е склучен договор со кавадаречкиот хотел “Уни Палас“.

Одсега, сите посетители и гости на Хотелот “Уни Палас“ ќе имаат можност да добијат брза, квалитетна и безбедна wi-fi интернет врска од SunWireless.

Со овој договор, хотелот “Уни Палас“ се приклучува на листата хотели кои склучија договор со “SunWireless“ – најголемиот оператор на безжичен интернет во Р.Македонија и со тоа на своите гости им овозможија да добијат првокласна услуга на безжичен интернет кој ќе можат да го користат и во хотелот и на сите други хот-зони на SunWireless.

Повеќе за Хотелот Уни Палас можете да прочитате на нивниот официјален веб сајт

SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Нови три продажни места во центарот на Скопје

SunWireless при-пејд картичките од денеска ќе можат да се најдат на уште три нови локации во центарот на Скопје.

Отсега, сите оние кои сакаат да користат при-пејд интернет во мрежата на SunWireless , нашите при пејд картички дополнително ќе можат да ги купат и на следниве локации:

1.КИОСК М1 , кој се наоѓа на улица “Македонија“ во редот на кафе-ресторан Пелистер.

2. КИОСК М1, на Кеј 13 Ноември , до “Холидеј Ин“

3. КИОСК М1 , на ул. “Орце Николов“ до “Савана“

Во продолжение, погледнете ја и мапата на сите останати продажни места во Скопје.