Tag Archives: при-пејд картичка

Сурфај на SunWireless и во пивница “Стар Град“

Сите корисници на SunWireless,  љубителите на доброто пиво, посетителите на најдобрата пивница во Скопје – “Стар Град“, од денеска имаат причина да бидат задоволни со уште еден новитет :)

Со договорот кој беше потпишан пред неколку дена, овозможен е SunWireless сервисот и за сите гости на пивницата “Стар Град“ кои одсега ќе можат да сурфаат на брз и безбеден безжичен интернет од најголемиот македонски wi-fi провајдер.

Се што треба да направите кога отсега ќе ја посетувате Пивницата за да користите wi-fi интернет е да ги проскенирате достапните SunWireless wi-fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сгнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless логин страната на која треба да го внесете при-пејд кодот од картичките кои ќе можете да ги набавите од Вашиот келнер или на шанкот !

Пијте пиво и сурфајте !

Тобакото М1 во ГТЦ ново продажно место

Почитувани пријатели, корисници на SunWireless сервисот, Ве известуваме дека од денеска нашите при-пејд картички, со кои добивате брз, безбеден и стабилен безжичен интернет во сите SunWireless хотзони, можете да ги најдете и во М1 киоскот во Градскиот Трговски Центар (ГТЦ) во Скопје.

Различните видови и карактеристиките на при-пејд картичките можете да ги видите на следниов линк.

Целосната мапа на продажни места на SunWireless при-пејд картички можете да ја видите ТУКА.

Втор круг на извлечени гости на “Амаро“ кои ќе добијат гратис SunWireless интернет!

После минатонеделното прво извлекување на добитници на SunWireless при-пејд ваучери, денеска беше оддржано и второто извлекување на добитници-гости на најпопуларниот кафе бар во Неготино – “Амаро“ кои добија гратис интернет од SunWireless.

Во продолжение победничките талони:

Купи SunWireless при-пејд картичка со 30% попуст

Во склоп на “Сајбер Понеделник“ (Cyber Monday) – светскиот ден кога се прават најмногу online купувања, SunWireless лансираше промо код : “CYBERMONDAY“ , со кој на првите 100 купувачи им овозможува да купат online SunWireless при-пејд картичка со 30% попуст.

Се што треба да направите е да ја посетите нашата веб страна од каде што можете да купите при-пејд картичка на следниов ЛИНК.

Откако ќе ја одберете при-пејд картичката што сакате да ја купите и ќе го одберете копчето “Купи Online“ , на крајот од формуларот за купување треба да го внесете купонот “CYBERMONDAY“ (без наводници) и при-пејд картичката ја добивате со 30% попуст.

Понудата важи до Вторник ! Побрзајте !