Tag Archives: продажно место

Ново SunWireless продажно место во Охрид

Почитувани корисници, SunWireless продолжува во својата намера своите услуги да ги направи што подостапни и на само чекор од Вас.

Во таа насока Ве информираме дека нашите при-пејд картички одсега ќе можете да ги набавите на уште една локација во Охрид. Станува збор за продавницата Тути-Фрути 2013 која се наоѓа во центарот на Охрид во близина на фонтаната.

Останатите продажни места во Охрид и низ цела Македонија можете да ги погледнете на следниов линк.

Истовремено, Ве потсетуваме дека SunWireless при-пејд картичките можете да ги купите и online.

Книжарницата Клио во Струга, ново продажно место

На барање на нашите корисници од Струга, SunWireless објавува дека склучи договор со книжарницата КЛИО каде одсега ќе може да се најдат и купат SunWireless при-пејд картичките.

Книжарницата се наоѓа во строгиот центар на Струга, на главната улица од плоштадот.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картичките со кои можете да имате брз и квалитетен безжичен интернет во цела Струга и насекаде во мрежата на SunWireless , можат да се купат и online.

Целосната мапа на продажни места на SunWireless при-пејд картички можете да ја видите ТУКА.

За било какви прашања или информации можете да ни пратите e-mail на contact@sunwireless.com.mk или да се јавите на : 072 / 277 002 076 / 277 002 078 / 277 002

Тобакото М1 во ГТЦ ново продажно место

Почитувани пријатели, корисници на SunWireless сервисот, Ве известуваме дека од денеска нашите при-пејд картички, со кои добивате брз, безбеден и стабилен безжичен интернет во сите SunWireless хотзони, можете да ги најдете и во М1 киоскот во Градскиот Трговски Центар (ГТЦ) во Скопје.

Различните видови и карактеристиките на при-пејд картичките можете да ги видите на следниов линк.

Целосната мапа на продажни места на SunWireless при-пејд картички можете да ја видите ТУКА.

SunWireless одсега и во СД “Доне Божинов“ од Пробиштип

Големо задоволство ни е да објавиме дека од пред неколку дена со SunWireless сервис го обезбедивме и студентскиот дом “Доне Божинов“ од Пробиштип.

Одсега и студентите и учениците кои ќе отседнуваат во СД “Доне Божинов“ во Пробиштип, по примерот на своите колеги кои се “станари“ во студентските домови низ Скопје,Штип и Прилеп – ќе можат да ја користат услугата од најголемиот провајдер на безжичен интернет во Р.Македонија – SunWireless и да добијат брза, безбедна и квалитетна врска за безжичен интернет.

При-пејд картичките со кои се овозможува користењето на SunWireless wi-fi мрежата ќе може да се набават во трафиката ЛИЛА ЛОТО ДООЕЛ.

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

1.Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)

2.При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.

3.После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

Видовите и карактеристиките на при-пејд картичките можете да ги видите на следниов линк , од каде што можат и да се купат online.

Office Plus сувенирницата ново продажно место на Аеродромот во Скопје

На задоволство на своите корисници, како и на сите патници и посетители на Аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, SunWireless од пред неколку дена склучи договор со Office Plus за продажба на SunWireless при-пејд картичките во Office Plus-сувенирницата која се наоѓа во холот на самиот влез во аеродромот.

Како што знаете, SunWireless е ексклузивен провајдер на безжичен интернет на аеродромите на ТАВ, па одсега сите патници и посетители на аеродромот во Скопје ќе имаат можност SunWireless при-пејд картичките да ги набават уште во едно продажно место на самиот аеродром. Од претходно, SunWireless при-пејд картичките можат да се набават уште и во продавницата на “Југотеч“.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картичките со кои можете да имате брз и квалитетен безжичен интернет на самиот Аеродром и секаде во мрежата на SunWireless , можат да се купат и online.

За било какви прашања или информации можете да ни пратите e-mail на contact@sunwireless.com.mk или да се јавите на :

072 / 277 002
076 / 277 002
078 / 277 002

SunWireless при-пејд картички на аеродромот “Александар Велики“

На задоволство на нашите клиенти, како и на посетителите и патниците на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, SunWireless обезбеди ново продажно место за своите при-пејд картички за бежичен Wi-Fi интернет.

SunWireless од пред неколку дена склучи партнерски договор и со ланецот продавници “Еми Медија - ЈУГОТЕЧ“ каде одсега ќе можат да се најдат при-пејд картичките на SunWireless.

Како што претходно имаме споменато, SunWireless е ексклузивен провајдер на бежичен интернет на аеродромите на ТАВ во Македонија, па отсега сите посетители и патници на аеродромот “Александар Велики“ ќе имаат можност од продавницата на “Еми МедијаЈУГОТЕЧ“, која се наоѓа на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, да најдат и да купат при-пејд картичка со која ќе можат да користат Wi-Fi интернет на аеродромот и секаде низ републикава.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картички можат да си купат и online, преку следниов линк .

Доколку пак сакате да станете наш пост-пејд корисник (пост-пејд понудата можете да ја видите тука), можете да се јавите на :

02/ 3 223 734

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да не посетите на улица “Прашка“ бр.86а. ,  Скопје.