Tag Archives: Сан ваерлес

SunWireless склучи партнерски договор со Boingo

Со огромно задоволство соопштуваме дека SunWireless од неодамна склучи партнерски договор со еден од најголемите светски wi-fi оператори Boingo.

Со овој договор се официјализираа најавите дека токму SunWireless ќе биде ексклузивниот партнер на Boingo за покривање на територијата на Република Македонија.

Одсега, сите корисници на “Boingo”, ќе имаат можност со користење на своите “Boingo акаунти” да пристапуваат на мрежата на SunWireless за време на нивниот престој во нашата држава.

Бежичен интернет и за студентите од студентскиот дом “Стив Наумов“

Почнувајќи од денеска, студентите од СД “Стив Наумов“ – Скопје имаат причина да бидат задоволни и со уште една убава вест која SunWireless специјално им ја соопштува.

Имено, од денеска, во функција е пуштен системот  кој на студентите од СД “Стив Наумoв“ ќе им овозможи пристап до квалитетна бежична интернет врска, по што, после студентите од СД “Гоце Делчев“ и СД “Кузман Јосифовски-Питу“ и тие ќе имаат можност со купување на SunWireless при-пејд картички (online, од најблиската “СтопШоп“ трафика или “Тримакс“ книжарница) да добијат wi-fi интернет во својата соба.

Сите заинтересирани за повеќе информации околу понудта на SunWireless, можат да се јават на нашите телефонски броеви:

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002,

02/ 3 223 734

или пак да ја посетат нашата веб страна www.sunwireless.com.mk

Потпишан договор за продажба на SunWireless при-пејд картички во трафиките StopShop

Како одговор на зголемената побарувачка и на задоволство на своите корисници, SunWireless, засилено ја зголемува својата продажна мрежа на при-пејд картички во градот Скопје.

Најнов во низата договори за продажба на при-пејд SunWreless картички е неодамна потпишаниот договор со трафиките StopShop .

Во прво време Скопјани ќе можат да си купат при-пејд картичка за користење на бежичен интернет од SunWireless на следниве 4 локации на StopShop :

1. StopShop Тафталиџе 2, ул.“Московска“ , пред СП (пазар Тафталиџе)

2.StopShop Центар, ул. “Македонија“ , до С.Оливер (спроти Херц)

3.StopShop Центар, карши Tinex, на отворениот паркинг кај дрводекор.

4.StopShop Центар, на рекорд, до Levi`s.

, а во наредниов период таа можност корисниците ќе ја имаат и во останатите StopShop места.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картички можат да си купат и online, преку следниов линк .

Доколку пак сакате да станете наш пост-пејд корисник (пост-пејд понудата можете да ја видите тука), можете да се јавите на :

034/ 330-816 ,

072/277 002 ,

076/277 002 ,

078/277 002

или пак да не посетите на улица “Прашка“ бр.86а. ,  Скопје.

Kendaron Capital Partners нов инвеститор во SunWireless Македонија

SunWireless Mакедонија со задоволство соопштува дека Kendaron Capital Partners, странска група на инвеститори , претставувана од Г-дин Colin Greff од Обединетото Кралство, се стекна со 20% акционерски капитал во SunWireless Македонија. Со цел стекнување на уделот во SunWireless Mакедонија, Kendaron Capital Partners ја формираше компанијата  Sun Wireless International Limited преку која влезе во  SunWireless Mакедонија.

Средствата обезбедени со оваа инвестиција ќе бидат искористени од SunWireless за да се прошири постоечката мрежа на бежичен интернет, во Скопје, Прилеп, Битола и околните градови, со што, компанијата ќе се зацврсти како најголем  провајдер на бежичен интернет во Република Македонија.

До крајот на годината, SunWireless планира да ја прошири својата мрежа и во соседните земји.

За Kendaron Capital Partners

Kendaron Capital Partners е приватна инвестициона компанија активна во бизнисот со недвижности, структуирано финансирање и приватниот пазат на капитал. Исто така, Групата е активен учесник и во тргувањето со приватниот капитал.Иако вообичаено Kendaron е главен инвеститор, често соработува и како ко-инвеститор во најразлични проекти и инвестициони можности заедно со други приватни и институционални инвеститори. www.kendaron.com