Tag Archives: Сан Вајрлесс

Избрани најдобрите фотографии од SunWireless фото-конкурсот

SunWireless конкурсот на тема “Јас и моето друштво“ заврши. Пријавени беа вкупно 201 фотографија, а по првичната селекција во финалниот избор влегоа дури 76 од кои жири комисијата составена од вработени во компанијата гласаше и одбра 5 со најголем број на поени.

Победници на овогодинешниот фото-конкурс на SunWireless се :

1.Тијана Миљковиќ

2. Благојче Мојаноски

3. Ивана Пешевска

4. Ана Христовска

5. Атанас Јованов

SunWireless во ТВ емисијата “Добра идеја“

Популарниот ТВ проект “Добра идеја“ кој ги опфаќа најуспешните и најиновативни производи и идеи од Македонија посвети емисија за почетокот и растот на SunWireless.

Истата во целост можете да ја погледнете во продолжение:

ТЦ Лептокарија обезбеден со SunWireless Wi-Fi

Делот од населбата во општина Карпош (Скопје) , попознат како “Лептокарија“ е обезбеден со SunWireless Wi-Fi сервис.

Со пуштањето во функција на сервисот во ресторанот Старо Буре и неколку околни места, во поголемиот дел од ТЦ Лептокарија е достапен SunWireless сервис за безжичен интернет кој можат да го користат сите оние кои таму живеат, пазаруваат или се релаксираат во многубројните кафе-барови или ресторани.

SunWireless при-пејд картичките најблиску можат да се купат од Ресторанот “Старо Буре“ или online преку следниов линк.

SunWireless и хотел Манастир од Берово потпишаа договор за соработка

SunWireless, на задоволство на своите корисници соопштува дека од пред неколку дена е потпишан договор за соработка со менаџментот на еден од најубавите хотели во Македонија, хотел “Манастир“ од Берово.

Хотелскиот комплекс Манастир е сместен сред божествената убавина на Малешевијата, веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил од кој е добиена и инспирацијата за неговата специфична манастирска архитектура.

Почнувајќи од денеска па натаму, сите гости и посетители на хотел Манастир, ќе имаат можност да уживаат во користење на квалитетен сервис за безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер – SunWireless.

SunWireless при-пејд картички со кои може да се користи брз, стабилен и безбеден безжичен интернет низ целиот хотел и сите други над 550 SunWireless хотзони,  ќе може да се набават и на рецепцијата во самиот хотел.

Хотелот Манастир се приклучува на листата хотели кои за своите гости обезбедуваат SunWireless Wi-Fi а ја сочинуваат уште и: Александар Палас, Гранит, Дрим, Кристал Палас,  Милениум Палас, Бисер, Монтана , Милениум, Београд, Уни Палас и др..

SunWireless одсега и во хотел Милениум Палас во Охрид

SunWireless, најголемиот провајдер на безжичен интернет во Македонија, на задоволство на своите корисници, објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со хотелот “Милениум Палас“ од Охрид, каде одсега на сите посетители на хотелот ќе им биде овозможен пристап до првокласна услуга за безжичен интернет.

Со овој договор се прошири соработката која претходно беше објавена, а со која SunWireless својот сервис го обезбеди и за хотелот “Милениум“ од Битола.

Сите гости кои одсега ќе го посетуваат и хотел “Милениум Палас“ во Охрид, исто така ќе може да користат брз, безбеден и стабилен безжичен интернет.

Хотелите “Милениум Палас“ и “Милениум“ во Охрид и Битола се дел од листата на хотели кои обезбедуваат SunWireless Wi-Fi сервис, а која ја сочинуваат уште и: Александар Палас, Гранит, Дрим, Монтана, Кристал Палас, Уни Палас, Београд и др.

Со оглед на тоа што SunWireless е ексклузивен партнер во Македонија на најголемите светски Wi-Fi мрежи Boingo и iPass, отсега сите туристи – корисници на овие два глобални провајдера – кои ќе престојуваат во нашата држава, ќе имаат на располагање уште 2 нови хотели во кои можат без дополнителни трошоци и сетирања да добијат квалитетен сервис на безжичен интернет.

SunWireless и кафе Тоскано од Кавадарци делеа бесплатен интернет

SunWireless во соработка со кафе “Тоскано“ од Кавадарци минатата недела организираше наградна игра во која делеше бесплатни при-пејд ваучери од SunWireless за дел од посетителите на кафичот.

Во извлекувањето оддржано во Вторникот, извлечени беа следните 5 добитници:

SunWireless со двојно зголемени капацитети во студентските домови од Штип

Во текот на минатата недела техничката екипа на SunWireless работеше напорно на надградување на својот сервис и во студентските домови “Браќа Миладиновци“ и “Оаза“ од Штип, па сега, станарите во овие два студентски домови ќе можат да ги користат придобивките од двојно зголемените капацитети со кои на студентите ќе им се овозможи брза и квалитетна врска на безжичен интернет.

Студентите од студентските домови од Штип  ќе можат да користат wi-fi интернет со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во околната продавница за компјутерска опрема или online на следниов ЛИНК.

ВИДОВИ НА ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИ:

1.SunMobile ,со цена од 99 денари, со 512 мб сообраќај.

2.SunM, со цена од 299 денари, со 6 гб сообраќај.

3.SunL, со цена од 499 денари, со 12 гб сообраќај.

Картичките траат 30 дена од моментот на активирање

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

  1. Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)
  2. При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.
  3. После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

ДСД “Браќа Миладиновци“ и ПСД “Оаза“ се приклучуваат на листата на студентски домови каде спаѓаат уште и “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ , “Кузман Јосифовски-Питу“, “Пелагонија“, “Томе Стефановски-Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп во кои SunWireless веќе обезбедува свој сервис. Во наредниов период компанијата својот сервис ќе го обезбеди и во уште неколку други студентски домови ширум Македонија.

Автобуската станица во Скопје со безжичен интернет од SunWireless

SunWireless на задоволство на своите корисници објавува дека од пред неколку дена потпиша ексклузивен договор со менаџментот на Автобуската станица во Скопје со кој на сите посетители на автобуската станица ќе им овозможи пристап до квалитетна, безбедна и брза врска за безжичен интернет.

Особена чест и задоволство ни е што изборот за wireless провајдер во автобуската станица – Скопје која несомнено е од највисока категорија и реноме, падна токму на SunWireless, па максимално ќе се потрудиме сите посетители да добијат првокласен сервис на бежичен интернет – каков што несомнено очекуваат и заслужуваат.

Со овој договор, SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.