Tag Archives: Струга

Книжарницата Клио во Струга, ново продажно место

На барање на нашите корисници од Струга, SunWireless објавува дека склучи договор со книжарницата КЛИО каде одсега ќе може да се најдат и купат SunWireless при-пејд картичките.

Книжарницата се наоѓа во строгиот центар на Струга, на главната улица од плоштадот.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картичките со кои можете да имате брз и квалитетен безжичен интернет во цела Струга и насекаде во мрежата на SunWireless , можат да се купат и online.

Целосната мапа на продажни места на SunWireless при-пејд картички можете да ја видите ТУКА.

За било какви прашања или информации можете да ни пратите e-mail на contact@sunwireless.com.mk или да се јавите на : 072 / 277 002 076 / 277 002 078 / 277 002

Втор круг на извлечени гости на “Албум“ кои ќе добијат гратис SunWireless интернет!

Изминатиов викенд беа извлечени имињата на  добитници на SunWireless при-пејд кодови, од вториот круг во наградната игра која заеднички ја организираат “SunWireless“ и кафе “Албум“ од Струга.

Да потсетиме, секој посетител на “Албум“ има можност со секоја фискална сметка да учествува во наградната игра на SunWireless во која секој викенд се извлекуваат по 5 добитници, кои добиваат гратис можност да користат wi-fi интернет од SunWireless.

Во продолжение извлечените талони:

Извлечени првите гости на “Албум“ кои ќе добијат гратис SunWireless интернет!

Изминатиов викенд беа извлечени имињата на првите добитници на SunWireless при-пејд кодови, во наградната игра која заеднички ја организираат “SunWireless“ и кафе “Албум“ од Струга.

Да потсетиме, секој посетител на “Албум“ има можност со секоја фискална сметка да учествува во наградната игра на SunWireless во која секој викенд се извлекуваат по 5 добитници, кои добиваат гратис можност да користат wi-fi интернет од SunWireless.

Во продолжение извлечените талони:

Подарете SunWireless !!!

Предновогодишниот период е време од годината во кое ги даруваме најблиските, им посветуваме внимание и правиме да се чувствуваат посебно.

За оваа Нова Година, SunWireless одлучи масовно да наградува и подарува и во таа акција да Ве вклучи и Вас !

Од денес па се до 15-ти Јануари 2013 год. , Вие имате можност да подарите SunWireless на било кој Ваш пријател или познаник на кого му треба интернет и двајцата да добиете по 1 месец гратис !

Се што треба да направите е да го симнете ОВОЈ документ (или да го земете во некоја од нашите канцеларии), соодветно да го пополните и да ни го испратите на podari@sunwireless.com.mk или да го донесете во некоја од нашите канцеларии.

Правила:
• постоечкиот корисник добива 1 месец гратис за секој успешно
инсталиран нов корисник
• новиот корисник добива 1 месец гратис по извршена инсталација
• новиот корисник може да не биде инсталиран поради немање
техничка можност (SunWireless нема покриеност, лош сигнал, и сл.)
утврдено од SunWireless
• постоечкиот корисник ќе биде соодветно известен за успешната
инсталација на новиот корисник

Во акцијата можат да се вклучат сите пост-пејд корисници на SunWireless. За секој нивен пријател кој ќе го вклучат во SunWireless фамилијата добиваат 1 месец гратис. Може да се подарува повеќе пати и соодветно на тоа да се добијат повеќе месеци гратис.

Правила на игра :)

- Постоечкиот корисник добива 1 месец гратис за секој успешно инсталиран нов корисник.

- Новиот корисник добива 1 месец гратис по извршена инсталација.

- Новиот корисник може да не биде инсталиран поради немање на техничка можност (SunWireless нема покриеност, лош сигнал и сл.)

- Постоечкиот корисник ќе биде соодветно известен за успешната инсталација на новиот корисник.

Петта приватна гимназија од Струга домаќини на SunWireless

После посетата на ФОН универзитетот во Струга, тимот на SunWireless кој ги организира едукативните посети низ средните училишта и факултетите низ Македонија, продолжи во  “Петта приватна гимназија“ од Струга, на неколкучасовна дружба со учениците и вработените од ова средно училиште со кои споделивме интересни идеи и практики за искористувањето на wireless технологијата во секојдневниот живот.

На пултот беа презентирани неколку видови на wireless опрема како и дел од најновата литература  кој ги обработува светските трендови во оваа област. Учениците со нас споделија за нивните навики при користењето на интернет како и за зголемените потреби да имаат интернет постојано со нив.

SunWireless во едукативна посета на ФОН Универзитетот во Струга

Акцијата за едукативни посети на средните училишта и факултети низ Републикава од Кавадарци се пресели во Струга каде овојпат бевме гости на ФОН Универзитетот.

Со студентите разменивме ставови во однос на wireless технологијата и нејзината примена во зголемувањето на продуктивноста на вработените, потребата за постојан пристап до интернет и новите трендови од оваа област во светот.

Во продолжение неколку слики од акцијата:

SunWireless прозрачи и во Камп “АС“ од Струга

SunWireless одсекогаш била и во иднина ќе биде компанија која своите цели, програми и активности ќе ги поставува, планира и прилагодува на потребите и желбите на своите клиенти.

Така и овојпат, на барање на своите клиенти да се обезбеди wi-fi интернет во мега-популарниот камп “АС“ од Струга, SunWireless им излезе во пресрет на своите потрошувачи и им обезбеди брз и квалитетен безжичен интернет и за време на нивниот престој таму.

Ви посакуваме пријатен летен одмор !

При пејд картичките можат да се набават самата рецепција каде се врши најава.

Честитки за Билјана Митреска

Минатата сабота (15.08.2009) на „Пливалиште“ Струга, во присуство на многубројна публика, младите спортисти од пливачките клубови од Струга и Битола ги „одмерија“ силите во повеќе пливачки дисциплини.

Најуспешен натпреварувач на овој двомеч беше 12-годишната Билјана Митреска од ПК „Струга“ со 6 освоени медали (3 златни, 2 сребрени, 1 бронзена) и за нејзината посветеност и талент, SunWireless ја награди со интернет пакет во вредност од 5.000 ден. Наградата и’ ја врачи Марјан (нашиот регионален менаџер), и самиот поранешен активен член на клубот.

На Билјана и’ посакуваме уште многу многу успеси во иднина.

Млади спортисти