Archives

Office Plus сувенирницата ново продажно место на Аеродромот во Скопје

На задоволство на своите корисници, како и на сите патници и посетители на Аеродромот “Александар Велики“ во Скопје, SunWireless од пред неколку дена склучи договор со Office Plus за продажба на SunWireless при-пејд картичките во Office Plus-сувенирницата која се наоѓа во холот на самиот влез во аеродромот.

Како што знаете, SunWireless е ексклузивен провајдер на безжичен интернет на аеродромите на ТАВ, па одсега сите патници и посетители на аеродромот во Скопје ќе имаат можност SunWireless при-пејд картичките да ги набават уште во едно продажно место на самиот аеродром. Од претходно, SunWireless при-пејд картичките можат да се набават уште и во продавницата на “Југотеч“.

Истовремено, ги потсетуваме нашите клиенти дека при-пејд картичките со кои можете да имате брз и квалитетен безжичен интернет на самиот Аеродром и секаде во мрежата на SunWireless , можат да се купат и online.

За било какви прашања или информации можете да ни пратите e-mail на contact@sunwireless.com.mk или да се јавите на :

072 / 277 002
076 / 277 002
078 / 277 002

АЛФА ТВ бесплатно во мрежата на SunWireless

На задоволство на своите корисници и воопшто на сите оние кои сакаат да бидат во тек со најновите случувања од земјава и од странство, SunWireless одлучи да во наредниов период  “го отвори“ пристапот кон мобилната верзија на веб сајтот на една од најпопуларните ТВ станици во државава “АЛФА ТВ“.

Секогаш кога ќе сте во некоја од хот-зоните на “SunWireless“ (аеродроми, студентски домови, поголеми хотели, ресторани, централно градско подрачје во Скопје и 12 други градови низ Републикава) пребарајте ги достапните “SunWireless“ Wi-Fi мрежи со вашиот мобилен телефон и закачете се на таа со најсилен сигнал.

Откако ќе добиете потврда за успешно поврзување и ќе бидете пренасочени на логин страната изберете го делот “Бесплатни линкови“ а од таму кликнете на “АЛФА ТВ“ со што ќе бидете пренасочени на почетната страна на мобилниот веб сајт на Алфа Тв.

Мапата на хотзони на SunWireless, можете да ја видите на овој ЛИНК.