Tag Archives: Штип

SunWireless со двојно зголемени капацитети во студентските домови од Штип

Во текот на минатата недела техничката екипа на SunWireless работеше напорно на надградување на својот сервис и во студентските домови “Браќа Миладиновци“ и “Оаза“ од Штип, па сега, станарите во овие два студентски домови ќе можат да ги користат придобивките од двојно зголемените капацитети со кои на студентите ќе им се овозможи брза и квалитетна врска на безжичен интернет.

Студентите од студентските домови од Штип  ќе можат да користат wi-fi интернет со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во околната продавница за компјутерска опрема или online на следниов ЛИНК.

ВИДОВИ НА ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИ:

1.SunMobile ,со цена од 99 денари, со 512 мб сообраќај.

2.SunM, со цена од 299 денари, со 6 гб сообраќај.

3.SunL, со цена од 499 денари, со 12 гб сообраќај.

Картичките траат 30 дена од моментот на активирање

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

  1. Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)
  2. При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.
  3. После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

ДСД “Браќа Миладиновци“ и ПСД “Оаза“ се приклучуваат на листата на студентски домови каде спаѓаат уште и “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ , “Кузман Јосифовски-Питу“, “Пелагонија“, “Томе Стефановски-Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп во кои SunWireless веќе обезбедува свој сервис. Во наредниов период компанијата својот сервис ќе го обезбеди и во уште неколку други студентски домови ширум Македонија.

Продажба на при-пејд картички во Штип

Со задоволство објавуваме дека сега можете да добиете информации за нашите услуги и да купете при-пејд интернет картички во Штип во ИТ продавницата Медиа Дизајн, Борис Кидрич бб, комплекс дуќани Дујле (тел. 032/387992).

SunWireless во Охрид и Штип

Оние од Вас кои се во Охрид можеби веќе ја имаат слушнато рекламата на Супер Радио – SunWireless е конечно и во Охрид!

Иако сеуште ја прошируваме мрежата во градот, веќе работи централната базна станица во Охрид на Охридско Кале од кадешто една дополнителна базна станица покрива поголем дел од строгиот центар на градот. Моментално работат и уште три базни станици (на туристичка спроти пазарот и на факултетот за туризам и угостителство), а во план се да се пуштат уште неколку до средината на Јули.

Пред неколку дена на столбот на Канал 77 во Штип беше пуштена и нашата Штипска централна базна станица, а во текот на следната недела ќе почнеме да ги инсталираме и базните станици низ градот. Очекуваме дека до средината на Јули во Штип ќе бидат поставени 6 базни станици со што ќе биде покриен добар дел од градот.

Следете го блогот и сајтот (go.sunwireless.com.mk) за повеќе информации.