Tag Archives: јас и моето друштво

Избрани најдобрите фотографии од SunWireless фото-конкурсот

SunWireless конкурсот на тема “Јас и моето друштво“ заврши. Пријавени беа вкупно 201 фотографија, а по првичната селекција во финалниот избор влегоа дури 76 од кои жири комисијата составена од вработени во компанијата гласаше и одбра 5 со најголем број на поени.

Победници на овогодинешниот фото-конкурс на SunWireless се :

1.Тијана Миљковиќ

2. Благојче Мојаноски

3. Ивана Пешевска

4. Ана Христовска

5. Атанас Јованов

Конкурс за најдобра фотографија на тема “Јас и моето друштво”

Објавува конкурс за

НАЈДОБРА АМАТЕРСКА ФОТОГРАФИЈА

Втора година со ред, SunWireless ги повикува сите ученици и студенти да ги достават своите аматерски фотографии направени со мобилен телефон или аматерски фото-апарат на тема “Јас и моето друштво“.

Фотографиите се испраќаат на следнава e-mail адреса : konkurs@sunwireless.com.mk

Конкурсот трае до 15.02.2014 година.

Најдобрите 5 фотографии кои ќе ги одбере комисија на SunWireless на 20.02.2014 год. ќе бидат наградени со SunXL при-пејд картичка во вредност од 699 денари.

Запознајте ја Катерина од Охрид, дел од SunWireless друштвото !

Како што добро знаете, пред определен период SunWireless организираше награден фото-конкурс на тема “Јас и моето друштво“. Во конкуренција од повеќе од 150 ученици и студенти, жирито на SunWireless избра 5 најдобри фотографии и 5 победници кои поблиску ви ги претставуваме на блогот.

Денеска задоволство ни е што како гостин на блогот ја имаме Катерина Петреска од Охрид.

Здраво Катерина , споделете ни нешто повеќе за себе?

Па, моето име е Катерина Петреска, јас сум четврта година во ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид. Ме интересираат општите науки, нешто што бара постојано учење, нешто што е во постојан прогрес, како на пример општеството. Сакам да читам, и мојата идна професија ја гледам поврзана со многу читање, како на пример книжевност или нешто слично :)

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Сликата е направена во училишниот двор на гимназијата каде учам. Автомобилот како уметничка целина е наше дело, мое и на моите другари од ликовниот клуб, а беше направен по повод снимањето на филм од страна на нашето училиште. Двете Ани, Боки и професорката Кети се присутни заедно со мене на сликата, сакајќи да го овековечиме моментот. :)

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Па интересни случки, малце е тешко да се издвои некоја, зашто секој ден со моите другари носи нешто интересно. Едноставно и едно сретнување на погледот може да биде интересно, зашто само ние знаеме што сакаме да кажеме.

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Моите пријатели за мене значат семејство кое сама сум го одбрала. Тие се највредното нешто кон кое се враќам секогаш и од секаде. Тие се мојата потпора, тие се мојата храброст, кога ја немам, тие се мојата подобра половина кога се „бедирам“ и секако мојата полоша половина кога е во прашање правењето на глупости.

Што мислите за SunWireless?

Во денешно време, безжичен интернет, бар мене, ми е потребен секогаш и секаде. Коцептот на SunWireless исклучително ми се допаѓа, бидејќи ги препознава барањата на младите и се стреми кон нивно задоволување. Sun it up!

Интервју со Боби Башевски победникот на SunWireless фото-конкурсот

Изминатиот месец, SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“. Во конкуренција на повеќе од 150 студенти и ученици, изминатата недела беа објавени имињата на 5-темина победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобрите фотографии.

SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.

Денеска како гостин на SunWireless блогот го имаме Боби Башевски кој според жири комисијата со својата пријавена фотографија освои најголем број на поени….

Кажете ни нешто повеќе за себеси?

Моето име е Боби Башевски, јас сум од Охрид и во моментов сум апсолвент на Техничкиот Факултет св. Климент Охридски во Битола, отсек Графичко инженерство.

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Сликата е направена на планината Петрино (Галичица) на местото “Висок Врв” 1600 метри надморска височина веднаш над Охрид, со дел од моите другари. Немаше посебна цел на нашата “експедиција” но бидејќи беше непосредно пред новата година, ден-два, решивме да направиме елка и со чаша вино на необичен начин и необично место да наздрваиме за престојните новогодичните празници.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Па има премногу случки во Нашето Друштво, смешни, весели, интересни… поготово со податокот дека ние сме 13 другари, колку и да бидеме нерасположени и индиспонирани секогаш има некој кој ќе не насмее, ќе предложи некоја организација или авантура. Едноставно никогаш не е монотоно со другарите.

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Моите пријатели за мене се СЕКОЈДНЕВИЕ! Со нив буквално го поминувам поголемиот дел од денот, тоа можат да го потврдат сите што ме знаат :)

Што мислите за SunWireless?

Живееме во општество каде скоро не можиме ништо без интернетот. Дури и кабелскот интернет не може да заврши голема работа бидејки се повеќе се користат смартфоните во замена за компјутерит,  па затоа шемата која ја има вашата компанија е многу корисна. Ја имам користено во Скопје, а можам да забележам и доста локации во мојот град.