Tag Archives: Sun Wireless

SunWireless прозрачи и во Гостивар

SunWireless има задоволство да соопшти дека од денеска својот сервис го овозможува и во Гостивар, кој станува 17-ти македонски град каде SunWireless има свои хотзони.

Првото SunWireless знаменце во Гостивар е поставено на кафичот “Black & White“ каде одсега посетителите ќе имаат можност додека се релаксираат, своето уживање да го надополнат со брз, стабилен и квалитетен Wi-Fi интернет од SunWireless.

SunWireless при-пејд картичките ќе може да се набават во самиот кафич “Black & White“ и во Тобако-АДЕ во Центарот на Гостивар.

Останатите SunWireless хотзони ширум Македонија можете да ги погледнете со зумирање на градовите од мапата на следниов ЛИНК.

Андроид, iPhone и Windows апликации на SunWireless

Преглед на SunWireless апликациите за Андроид, iOS и Windows оперативните системи.

1. SW Hotspot за Андроид

Линк за симнување.

2. SW Hotspot за вашиот iPhone:

Линк за симнување.

3. SW Hotspot за Windows

Линк за симнување.

Со користењето на SunWireless мобилните апликации добивате низа функционалности меѓу кои и:

- автоматско прикачување на мрежата на SunWireless секогаш кога ќе сте во некоја од нашите хотзони ,

- се избегнува постојаното внесување на при-пејд код,

- може да се прегледа  мапата на хотзони,

- може да се  прегледа мапата на продажни места,

- може да се провери искористеноста и рокот на важност на при-пејд картичката,

- информации за контакт со центарот за корисничка поддршка

Две нови продажни места на SunWireless при-пејд картичките

Како одговор на зголемената побарувачка на SunWireless при-пејд картичките, на задоволство на нашите корисници од Скопје – продолжуваме да ја шириме продажната мрежа со уште две нови продажни места со што услугата ќе ја направиме уште подостапна и само на чекор од Вас.

Одсега SunWireless при-пејд картичките ќе можете да ги набавите и во :

1. Тобако “Бета Хит Компани “ (Кисела Вода кај чешма)

2.Тобако “Мак-марлес“ (на самиот влез во ГТЦ)

Целата продажна мрежа на SunWireless при-пејд картичките ќе можете да ја видите на следниов ЛИНК со зумирање на градот за кој Ви треба информација.

SunWireless и во “Старо Буре“ во Лептокарија

SunWireless со задоволство Ви соопштува дека од неодамна својот сервис го направи достапен и за гостите во ресторан “Старо Буре“ кој се наоѓа во “ТЦ Лептокарија“ – Скопје.

Една од најдобрите гостилници во Скопје, одсега на своите гости им овозможува и првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер.

Се што треба да направите за да имате брз и стабилен безжичен интернет на Вашиот преносен уред (мобилен, таблет, лап-топ..), кога одсeга ќе го посетувате “Старо Буре“ е да ги прелистате достапните SunWireless Wi-Fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал.

После првото пребарување, ќе Ви се појави login страната на SunWireless каде треба да се логирате со Вашиот пост-пејд акаунт или при-пејд код.

При-пејд картичките одсега ќе можете да ги набавите и во самата гостилница.

Винотека “Темов“ одсега со SunWireless Wi-Fi

Најелитната винотека во град Скопје – “Темов“ , како и што прилега, одсега е обезбедена и со најелитниот Wi-Fi сервис – SunWireless !

Почитувани корисници на SunWireless , со задоволство Ве информираме дека Вашиот омилен Wi-Fi сервис одсега ќе имате можност да го користите и на нова супер-локација.

Од пред неколку дена SunWireless сервисот е овозможен и во Винотеката “Темов“ каде одсега ќе можете да користите SunWireless безжичен интернет со Вашите при-пејд картички или со Вашиот пост-пејд акаунт.

SunWireless при-пејд картичките ќе може да се купат од самиот шанк во локалот или од Вашиот келнер.

Уживајте во доброто вино и квалитената храна и споделете некоја фотка сурфајќи на SunWireless :)

SunWireless и во “Ало Ало“ на Кеј

SunWireless со задоволство објавува дека од пред неколку дена е потпишан договор со менаџментот на еден од најдобрите кафе-ресторани во Скопје – “Ало Ало“ кој се наоѓа на Кеј 13 Ноември и  кој одсега ќе биде обезбедуван со SunWireless сервис за безжичен интернет.

Сите посетители на “Ало Ало“ отсега ќе можат да користат првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски провајдер SunWireless – нешто што секако го очекуваат и заслужуваат како гости на елитен локал од овој ранг.

Се што треба да направите за да користите брз и стабилен Wi-Fi кога одсега ќе го посетувате “Ало Ало“, e со Вашиот преносен уред да ги проскенирате достапните “ SunWireless Alo Alo “ Wi-Fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал. После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless хотспот страната каде го внесувате Вашиот при-пејд код и се логирате.

При-пејд картичките може да се купат на шанкот на Ало Ало или од Вашиот келнер.

SunWireless прозрачи и во “Палма Бистро“ во Веро Центар

Семејството корисници на SunWireless сервисот кое од ден на ден се зголемува (минатиот месец изнесуваше повеќе од 400.000 членови кои се прикачуваат на SW мрежата), од денеска има на располагање уште една ексклузивна локација каде ќе може да сурфа со најдобрата понуда за безжичен интернет.

Со задоволство Ве информираме дека SunWireless потпиша договор со кафе-ресторанот “Палма Бистро“ кој се наоѓа во “ВЕРО Центар“ со што од денеска нашиот сервис е обезебеден и таму.

Се што треба да направите за да користите брз и безбеден безжичен интернет кога одсега ќе го посетувате “Палма Бистро“ и Веро центар е со Вашиот преносен уред (мобилен телефон, лап-топ или таблет) да ги прелистате достапните wi-fi мрежи и да се закачите на таа од SunWireless со најдобар сигнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави нашата логин страна каде ќе можете да се логирате со Вашиот при-пејд код од SunWirless.

При-пејд картичките од SunWireless можете да ги купите online , преку СМС , да ги најдете во нашите продажни места или во “Палма Бистро“.

SunWireless одсега и во Кафе “Тренд“

SunWireless со задоволство објавува дека  нашиот сервис ќе биде овозможен и во еден од најелитните ланч-ресторани во Скопје  - Кафе “Тренд“.

Договорот кој беше потпишан пред неколку дена, на сите посетители во “Тренд“  ќе им овозможи да добијат првокласна услуга на безжичен интернет од водечкиот wi-fi провајдер во Македонија –  SunWireless.

Се што треба да направите за да користите брз и безбеден безжичен интернет во “Тренд“ е со Вашиот преносен уред (мобилен телефон, таблет или лап-топ)  да ги прелистате достапните “SunWireless Trend” wi-fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал.

При првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless логин страната каде имате можност определен период да се регистирирате за промотивно користење на  wi-fi сервисот бесплатно а потоа сесијата можете да ја продолжите со внесување на Вашиот SunWireless при-пејд код.

При-пејд картичките кои важат 30 дена од моментот на активирање ќе можете да ги набавите од Вашиот келнер или на шанкот.

SunWireless при-пејд картичките и во “Градски Киоск“

SunWireless продолжува во својата намера своите услуги да ги направи што подостапни и на само чекор од Вас.

На обострано задоволство Ве информираме дека од денеска нашите при-пејд картички со кои добивате брз и безбеден безжичен интернет, ќе можете да ги најдете на уште една локација во центарот на Скопје.

Градски киоск“ кој се наоѓа веднаш спроти “Тренд“ на самиот плоштад е новото продажно место од каде ќе можите да ги набавите SunWireless при-пејд картичките.

Тобакото М1 во ГТЦ ново продажно место

Почитувани пријатели, корисници на SunWireless сервисот, Ве известуваме дека од денеска нашите при-пејд картички, со кои добивате брз, безбеден и стабилен безжичен интернет во сите SunWireless хотзони, можете да ги најдете и во М1 киоскот во Градскиот Трговски Центар (ГТЦ) во Скопје.

Различните видови и карактеристиките на при-пејд картичките можете да ги видите на следниов линк.

Целосната мапа на продажни места на SunWireless при-пејд картички можете да ја видите ТУКА.