Tag Archives: SunWireless

Оглас за работа во SunWireless

SunWireless, водечкиот оператор на безжичен интернет во Република Македонија, го проширува својот тим и за потребите во канцеларијата во Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА РАБОТА

За работно место: ТЕХНИЧАР

Потребни квалификации:
- Солидно познавање на компјутери и работа со оперативни системи
- Основно познавање на мрежи и мрежно работење
- Основно познавање на Wi-Fi мрежи
- Работа на висина
- Возачка Б категорија

Сите заинтересирани своето CV можат да го пратат на jobs@sunwireless.com.mk со назнака “Техничар – Скопје“
_

SunWireless е водечки провајдер на безжичен интернет во Македонија со над 550 хотзони во земјата и во моментов сè поагресивно ја шири својата мрежа кон Косово, Албанија, Србија и Грција.

SunWireless нуди мобилност со своите при-пејд и пост-пејд интернет пакети, кои се така дизајнирани да можат да се вклопат во потребите на мобилниот клиент, а при тоа нуди и големопродажба на Wi-Fi мрежата и услуги за роаминг на податоци на своите телекомуникациски партнери.

SunWireless има потпишано договори за деловна соработка со ONE, SBB, iPass, Boingo, GOWEX, Skype, Аеродромите на ТАВ, најголемите македонски хотели, ЈСП Скопје, главната автобуска станица, студентските домови, повеќе ресторани, кафулиња итн.

http://www.sunwireless.com.mk

Привремен прекин на SunWireless сервисот во студентските домови во Скопје

Почитувани студенти, корисници на SunWireless Wi-Fi сервисот во студентските домови во Скопје, Ве информираме дека поради прекин на напојувањето со електрична енергија на самите студентските домови во моментов е оневозможено функционирањето и на нашата техничка инфраструктура и користењето на нашиот Wi-Fi сервис во сите студентски домови освем СД “Пелагонија“.

Се надеваме дека што поскоро студентските домови ќе добијат електрична енергија и со тоа повторно ќе биде овозможено функционирањето на сервисот за безжичен интернет.

SunWireless склучи договор за соработка со SBB член на водечката телеком групација во Југоисточна Европа

Најголемиот Wi-Fi провајдер во Македонија, “SunWireless“, со задоволство објавува дека е потпишан договор со “SBB“, водечки регионален телекомуникациски оператор и член на “United Group“ најголемата телеком групација во Југоисточна Европа.

Во наредниов период промотивно сите корисници на SunWireless ќе можат со при-пејд картичките кои ги употребуваат во Македонија да користат Wi-Fi сервис и во Србија, користејќи ја хотспот мрежата на Unifi/SBB која брои над 200 хот-зони на голем број ексклузивни локации.

Душко Кончалиев, извршниот директор на SunWireless, по повод договорот изјави:

Среќни сме што на нашите корисници успеавме да им обезбедиме квалитетен Wi-Fi сервис секогаш кога ќе престојуваат во соседна Србија и посебна чест ни е што соработуваме со SBB како еден од водечките оператори во регионот. Се надевам дека оваа соработка ќе се развива и во иднина пред се на задоволство на клиентите на двете компании„

Со овој договор, SunWireless продолжува да ја шири својата роаминг хотспот мрежа во регионот и на своите корисници да им обезбедува квалитетен сервис на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

Интервју со Благојче од Прилеп, дел од SunWireless друштвото !

Изминатиот месец SunWireless организираше фото конкурс на аматерски фотографии на тема “Јас и моето друштво“.
Во конкуренција на повеќе од 170 студенти и ученици (и вкупно пријавени 201 фотографија), изминатата недела беа објавени имињата на 5-те победници за кои жири комисијата одлучи дека ги испратиле најдобите фотографии.
SunWireless стапи во контакт со дел од победниците и реши поблиску да Ви ги претстави.
Денеска имаме задоволство гостин на блогот да ни биде Благојче Мојаноски од Прилеп (Кривогаштани), ученик во СОУ”Кузман Јосифоски-Питу”..

Каде и кога е направена победничката фотографија?

Јас сум член на КУД “Илинден”. Победничката слика е направена во Србија,    Мараморак кога со Културно Уметничкото Друштво каде што сум член бевме на турнеа. Во “Backstage-от” пред настап секогаш има вакви случајни фотографии, оваа фотографија беше една од нив.

Споделете ни некоја интересна случка поврзана со Вашето друштво?

Хм… интересна случка со моето друштво. Бидејќи сме доста големо друштво и скоро сите сме членови на Културно Уметничкото Друштво ќе ги одделам оние случки коишто ни се случуваат на турнеите, едноставно незаборавни…

Што Вашите пријатели значат за Вас?

Тие го исполнуваат мојот живот секојдевно. Бидејќи со нив го поминувам воглавно поголемиот дел од денот неможам да го замислам животот без нив. После семејството, пријателите ми се највредното нешто што го поседувам во мојот живот.

Што мислите за SunWireless?

Подолго време сум корисник на SunWireless и сум доста задоволен. Живееме во општество каде што најчесто ние младите неможеме без интернетот. Со развојот на технологиите и воведувањето на смартфоните се појавува недостиг на пристап кон бежичниот интернет.  Со воведувањето на SunWireless тоа веќе не е така, недостигот е заменет со доста квалитетен бежичен интерент.  Со досегашното користење на SunWireless  можам да кажам дека сте едиствени и неспоредливи со никоја друга компанија од вашата област на работење. Задржете го тоа!

Избрани најдобрите фотографии од SunWireless фото-конкурсот

SunWireless конкурсот на тема “Јас и моето друштво“ заврши. Пријавени беа вкупно 201 фотографија, а по првичната селекција во финалниот избор влегоа дури 76 од кои жири комисијата составена од вработени во компанијата гласаше и одбра 5 со најголем број на поени.

Победници на овогодинешниот фото-конкурс на SunWireless се :

1.Тијана Миљковиќ

2. Благојче Мојаноски

3. Ивана Пешевска

4. Ана Христовска

5. Атанас Јованов

Конкурс за најдобра фотографија на тема “Јас и моето друштво”

Објавува конкурс за

НАЈДОБРА АМАТЕРСКА ФОТОГРАФИЈА

Втора година со ред, SunWireless ги повикува сите ученици и студенти да ги достават своите аматерски фотографии направени со мобилен телефон или аматерски фото-апарат на тема “Јас и моето друштво“.

Фотографиите се испраќаат на следнава e-mail адреса : konkurs@sunwireless.com.mk

Конкурсот трае до 15.02.2014 година.

Најдобрите 5 фотографии кои ќе ги одбере комисија на SunWireless на 20.02.2014 год. ќе бидат наградени со SunXL при-пејд картичка во вредност од 699 денари.

SunWireless со нови 1500+ хотспотови се проширува во Шпанија

SunWireless со задоволство објавува дека потпиша договор со водечкиот шпански и еден од најголемите светски Wi-Fi оператори – GOWEX, со кој на своите корисници ќе им овозможи нови над 1500 хотспотови кои ќе можат да ги користат кога ќе ја посетуваат Шпанија.


Истовремено, со овој договор и корисниците на GOWEX кога ќе престојуваат во Македонија ќе можат да се логираат на сите SunWireless хотзони.

Душко Кончалиев, еден од сопствениците на SunWireless, по повод потпишувањето на договорот изјави: “Ние сме многу задоволни што добивме партнер како GOWEX, кој претставува еден од најголемите глобални играчи на телекомуникацискиот пазар, со што ја продолжуваме нашата мисија да обезбедиме најдобра услуга за нашите клиенти и партнери. Исто така, привилегија е што токму Шпанија е првата земја за нашето ширење надвор од регионов

Извршниот директор на GOWEX, Хенаро Гарсија, се надоврза: “Партнерството со SunWireless ни овозможува одлична основа за нашето понатамошно ширење во Југоисточна Европа и сме многу среќни што имаме можност да соработуваме со партнери кои ќе ни овозможат дополнителен развој на нашите роаминг и адвертајзинг платформи и во овој дел од Европа “

Со овој договор клиентите на SunWireless добиваат можност да користат безжичен интернет на многу јавни локации низ Шпанија, вклучително и најголемите плоштади, хотели, аеродроми, ресторани, кафе барови, трговски центри и возилата за јавен превоз.

За SunWireless

SunWireless е водечки Wi-Fi оператор во Македонија и на Балканот со повеќе од 550 хотзони агресивно ширејќи ја својата мрежа во Косово, Србија, Албанија и Грција.

SunWireless е ексклузивен Wi-Fi провајдер на низа атрактивни локации како аеродроми, хотели, студентски домови, ресторани, молови, кафе барови, спортски центри и др.

SunWireless има бизнис партнерства со Boingo, iPass, Skype, TAV и ONE Telecomunications.

За GOWEX

GOWEX е една од најголемите светски телекомуникациски компании со седишта во Мадрид, Парис,Дубаи, Лондон, Буенос Аирес, Шангај и Коста Рика.

Специјализирана е за т.е. “Wireless градови“ и има развиено уникатна роаминг и адвертајзинг платформа за своите корисници и партнери препознаена низ целиот свет.

GOWEX има бизнис партнерство со AT&T, Deutsche Telekom, Oi Brazil, PCCW, Boingo и др.

@SunWireless номинирана за Најдобра компанија на Твитер а SunWirelessBlog за најдобар ИТ Блог

Во организација на блог агрегаторот “Blogirame“ вторпат по ред и оваа година ќе се оддржи изборот Блогираме и Твитер Награди“ на најдобрите Македонски блогови и твитерџии распоредени по неколку категории.

SunWireless се заблагодарува за поддршката од заедницата и нашата номинација во 2 категории “Најдобра компанија на Твитер (@sunwireless)“ и “Најдобар ИТ и/или Интернет Маркетинг Блог (SunWirelessBlog)“.

Сите Вие можете да се вклучите во изборот на најдобрите и да гласате на следниов ЛИНК.

SunWireless и МЗТ Скопје организираа интерактивен избор на Играч на натпреварот

За прв пат во Македонија на кошаркарски натпревар, синоќа на средбата помеѓу МЗТ Скопје и Калев Талин во рамки на четвртото коло од Еврокупот – беше организиран интерактивен избор на Играч на натпреварот.

Како резултат на соработката помеѓу SunWireless и МЗТ Скопје Аеродром беше направена специјална веб апликација достапна на логин страната на SunWireless мрежата во СЦ Борис Трајковски, која на присутните посетители им овозможи да учествуваат во изборот и со своите гласови да го изберат најдобриот поединец на теренот.

Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски беше играчот кој доби најмногу гласови од публиката и стана прв кошаркар во Македонија кој е избран за играч на натпреварот директно од тие кои се најповикани да одлучат – навивачите !

Како гласаа навивачите:

Дамјан Стојановски – 33%

Cade Davis – 22%

Тодор Гечевски – 16%

….

Таргетирано огласување со SunWireless Advertising сервисот

SunWireless во Македонија е присутен со повеќе од 550 хотзони меѓу кои неколку екстра атрактивни локации како Аеродромите на ТАВ во Скопје и Охрид, дел од најпознатите хотели во Републиката, сите студентски домови, арената “Борис Трајковски“, Аква Паркот, Автобусите на ЈСП, Автобуската станица, најпознатите кафичи и ресторани, главните улици и плоштадите во 17 поголеми градови низ Македонија. (листа на сите хотспотови тука).

На сите овие локации, посетителите кои сурфаат преку SunWireless (месечно бројот на уреди кои се прикачуваат на SunWireless Wi-Fi мрежата е од 450.000 до 500.000) најпрво ја добиваат логин страната на SunWireless на која преку Advertising сервисот е овозможено огласување за сите брендови и компании кои сакаат да таргетираат определена специфична публика преку повеќе различни методи.

Вашиот оглас на SunWireless Hotzone логин страната може да биде таргетиран според неколку параметри:

  • десктоп или мобилна верзија
    таргетирање врз база на уредот со којшто корисниците се поврзуваат на интернет
  • локација
    таргетирање врз база на локацијата на којашто се наоѓаат корисниците – на било која локација во нашата мрежа
  • јазик
    таргетирање врз база на јазикот на којшто корисниците ја користат логин страната

Овие можности Ви даваат слобода точно да ја изберете Вашата целна група и директно да ја таргетирате со Вашиот оглас – за разлика од стандардното online огласување.

Hotzone Login Page

Пример: Доколку сакате да таргетирате бизнис корисници – можете да се огласувате на хотспотовите како “Бизнис салон на Аеродроми на ТАВ“ и/или во Хотел “Александар Палас“.

Пример: Доколку сакате да таргетирате студенти или млади – можете да се огласувате на хотспотовите “Студентски домови“, “Центар на Скопје, ул. “Македонија“ и “Кеј“ итн.

Исто така можете да таргетирате и по определени градови, села, или населби.
Освем стандардното огласување преку банери, на SunWireless advertising сервисот е овозможено и огласување преку full branding на логин страната, реклами во меѓустрана или целосно “спонзориран хотспот“ кога брендот спонзорира FREE интернет за сите оние кои ќе ја погледнат рекламата (може да биде и во видео формат) на компанијата.

Секоја кампања се прави по закуп на импресии за определена хотзона (локација) со определен буџет за кој одлучува огласувачот.

Овој сервис за прв пат во Македонија овозможува спроведување на масовни кампањи на мобилен маркетинг и е вистински начин за диверзификација на огласувачките канали на маркетинг агенциите и компаниите и секако внесување доза на иновативност за сите нови кампањи.

Извор: Маркетинг365