Archives

Кинези направиле сијалица со безжичен Интернет

Група научници од Кина успешно направиле сијалица која може да емитува безжичен сигнал за Интернет.Експертите навеле дека оваа сијалица има подобар бежичен сигнал одошто оној од обичниот рутер.

Вкупно четири уреди може да се поврзат на оваа сијалица која емитува сигнал со брзина од 150 мегабајти во секунда.

Следниот месец научниците ќе пуштат 10 вакви сијалици во продажба, со цел да видат каков ќе биде интересот за нивната употреба во секојдневниот живот.

Извор: Нова Македонија

Светски рекорд во безжичен пренос на податоци

Научниците од Институтот за технологија во Карлсруе (КИТ) за првпат постигнаа брзина на пренос на информации од 100 гигабајти во секунда со безжична технологија и со тоа поставија нов светски рекорд.

Брзина од 100 гбпс досега беше можна само преку оптички кабли, но сега истата брзина научниците ја постигнаа со користење на безжична мрежа со фрекфенција од 237.5 гигахерци на оддалеченост од 20 метри.

Ова откритие дополнително ја отвора можноста за целосно безжична иднина, каде нема да постои потреба од оптички кабли или бакарни жици за поврзување на Интернет. Главен недостаток на постоечкиот начин на ширење на мрежата е нивната цена и комплицираното поставување во урбаните области. Рекордната брзина од 100 гбпс е постигната во лабораторија, а претходно со брзина од 40 гбпс е остварен пренос на информации на далечина од еден километар.

Извор: Вест

За прв пат во Македонија публиката избираше играч на натпреварот

Како резултат на соработката помеѓу SunWireless и РК Металург, за прв пат во Македонија, публиката во салата Борис Трајковски го избираше “Играчот на натпреварот“ !

За оваа интерактивна акција беше изработена специјална веб апликација која беше поставена на логин страната на SunWireless и до која можеа да пристапат сите присутни на натпреварот синоќа против РК Партизан и да гласаат за играчот кој според нив забележа најдобар настап.


Публиката со 51% од вкупните гласови, како “Играч на натпреварот“, го изгласа младиот Филип Талевски кој својата одлична игра ја круниса со ова специјално признание кое за прв пат во Македонија беше доделено директно од тие кои се најповикани да одлучат – навивачите !

1. Филип Талески 51 %

2. Павел Атман 20 %

3. Раде Мијатовиќ 11 %

3. Никола Митревски 11 %

ТАК тобако – ново продажно место

Како одговор на зголемената побарувачка за SunWireless при-пејд картичките од жителите кои се наоѓаат во скопските населби Карош и Тафталиџе, Ве информираме дека одсега при-пејд картичките можете да ги најдете уште на една физичка локација блиску до Вас.

ТАК Тобакото кое се наоѓа на бул. Партизански Одреди во Скопје, помеѓу ТЦ Лептокарија и Скопје Сити Мол е ново продажно место на SunWireless при-пејд картичките.

Целата листа на продажни места можете да ја видите на следниов линк.

Ве потсетуваме дека картичките исто така можете да ги купите online или преку SMS.

SunWireless во ТВ емисијата “Добра идеја“

Популарниот ТВ проект “Добра идеја“ кој ги опфаќа најуспешните и најиновативни производи и идеи од Македонија посвети емисија за почетокот и растот на SunWireless.

Истата во целост можете да ја погледнете во продолжение:

Ново SunWireless продажно место во Охрид

Почитувани корисници, SunWireless продолжува во својата намера своите услуги да ги направи што подостапни и на само чекор од Вас.

Во таа насока Ве информираме дека нашите при-пејд картички одсега ќе можете да ги набавите на уште една локација во Охрид. Станува збор за продавницата Тути-Фрути 2013 која се наоѓа во центарот на Охрид во близина на фонтаната.

Останатите продажни места во Охрид и низ цела Македонија можете да ги погледнете на следниов линк.

Истовремено, Ве потсетуваме дека SunWireless при-пејд картичките можете да ги купите и online.

SunWireless одсега и во СЦ “Борис Трајковски“

SunWireless и спортската арена „Борис Трајковски“ имплементираа  безжична (Wi-Fi) мрежа со висока густина – прва во регионот

Водечкиот Wi-Fi мобилен оператор во Македонија, SunWireless, со задоволство објавува дека е потпишан договор со „Борис Трајковски“, најголемата спортска арена во Македонија и една од најголемите во регионот, со кој се овозможи SunWireless да инсталира Wi-Fi мрежа со висока густина во арената.

Арената Борис Трајковски, со максимален капацитет од 8.000 седишта е прва во Југоисточна Европа и најнова меѓу елитните спортски локации во светот кои инсталирале ваква врвна Wi-Fi технологија. Со тоа, арената  им се придружува на стадионите како Сантијаго Бернабе во Мадрид,  Етихад во Манчестер , O2 арената во Лондон, како и Жилет Стадионот во Бостон, САД.


Весна Стојановска, управителот на SunWireless, изјави: ” Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе им биде достапна на посетителите на Арената и драстично ќе го подобри севкупното искуство кое го нуди овој простор и со тоа ќе ги охрабри посетителите да ја споделат возбудата на играта со нивните пријатели и семејството.

Натпреварите и концертите во живо се социјални настани кои нудат големо задоволство и нам ни е навистина драго што можеме да им понудиме на навивачите и посетителите ваков систем кој ќе им овозможи подобро искористување на нивните мобилни и таблет уреди во самата Арена. Ова не е само престижна зделка, ова е технички предизвик за нас и ние сме навистина среќни што спортската арена “Борис Трајковски” препозна во SunWireless лидер на пазарот”.

Wi-Fi мрежата со висока густина на SunWireless ќе помогне во елиминирање на проблемите со конекција во самата Арена и ќе им овозможи на посетителите подобар пристап до информациите за услугите на Спортскиот Центар, информации за спортските клубови, информациите за клубските апликации, претстојните настани и севкупно ќе придонесе за подобра online вклученост на посетителите.

ТЦ Лептокарија обезбеден со SunWireless Wi-Fi

Делот од населбата во општина Карпош (Скопје) , попознат како “Лептокарија“ е обезбеден со SunWireless Wi-Fi сервис.

Со пуштањето во функција на сервисот во ресторанот Старо Буре и неколку околни места, во поголемиот дел од ТЦ Лептокарија е достапен SunWireless сервис за безжичен интернет кој можат да го користат сите оние кои таму живеат, пазаруваат или се релаксираат во многубројните кафе-барови или ресторани.

SunWireless при-пејд картичките најблиску можат да се купат од Ресторанот “Старо Буре“ или online преку следниов линк.

Најефтино решение за користење на интернет на одмор

Статијата е преземена од fakulteti.mk и првично е објавена на следниов ЛИНК

Како наближува екот на туристичката сезона, се повеќе и повеќе студенти се спремаат за одмор во некои од нашите туристички центри.

Ако ова лето решите да ги посетите Охрид и Струга една од работите кои треба навремено да си ги обезбедите, секако покрај “капачката опрема“, е и пристапот до интернет. Станува незамисливо во денешно време да се поминат повеќе денови а воопшто да не се отвори мобилниот телефон, лап-топ или таблетот и да не се провери mail, Facebook или Twitter.



Покрај Охридските и Струшките интернет-кафулиња посетителите имаат можност да користат и некои од пакетите на домашните мобилни или Wireless оператори со различни карактеристики во при-пејд и пост-пејд понудите прилагодени за сечиј џеб.

Едно од најевтините решенија за користење на интернет додека сте на одмор во Охрид и Струга е Wi-Fi мрежата на SunWireless.

SunWireless има повеќе од 100-тина локации (хотзони) во Охрид и Струга каде може да се користи безжичен интернет меѓу кои и главните плоштади и шеталишта, најпознатите кафичи, ресторани, плажите и хотелите. Значи речиси секаде каде што би имале потреба.

Од нивната понуда како најповолни за студентите би ги издвоиле следниве при-пејд картички SunMobile 512 Mb интернет за 99 денари, SunS 2 GB за 199 денари и SunM 6 GB интернет за 299 денари.

Сите картички траат 30 дена од моментот на активирање и можат да се користат на мобилен, лап-топ или таблет.

ЛИНК до мапата на продажни места во Охрид и Струга. Зумирајте за градот за кој сакате да видите и ќе можете точно да ги лоцирате нашите продажни места.

SunWireles – партнер на Летниот Академски Курс 2013

SunWireless, како и многупати претходно, уште еднаш покажа дека е постојан пријател на студентите и младите, овојпат пружeјќи несебична поддршка во реализирањето на настанот “Летен Академски Курс“ кој традиционално веќе 11-та година по ред во Македонија го реализира Бордот на европски студенти по технологија – БЕСТ Скопје.

Меѓународниот академски курс оваа година ќе се оддржи од 3-ти до 12-ти  Јули, и на него ќе учествуваат 22 студенти од различни европски универзитети.

Оваа година настанот е поддржан и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) кој ќе обезбеди предавања од врвни професори од својот кадар.