Archives

Две нови продажни места на SunWireless при-пејд картичките

Како одговор на зголемената побарувачка на SunWireless при-пејд картичките, на задоволство на нашите корисници од Скопје – продолжуваме да ја шириме продажната мрежа со уште две нови продажни места со што услугата ќе ја направиме уште подостапна и само на чекор од Вас.

Одсега SunWireless при-пејд картичките ќе можете да ги набавите и во :

1. Тобако “Бета Хит Компани “ (Кисела Вода кај чешма)

2.Тобако “Мак-марлес“ (на самиот влез во ГТЦ)

Целата продажна мрежа на SunWireless при-пејд картичките ќе можете да ја видите на следниов ЛИНК со зумирање на градот за кој Ви треба информација.

SunWireless и во “Старо Буре“ во Лептокарија

SunWireless со задоволство Ви соопштува дека од неодамна својот сервис го направи достапен и за гостите во ресторан “Старо Буре“ кој се наоѓа во “ТЦ Лептокарија“ – Скопје.

Една од најдобрите гостилници во Скопје, одсега на своите гости им овозможува и првокласен сервис на безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер.

Се што треба да направите за да имате брз и стабилен безжичен интернет на Вашиот преносен уред (мобилен, таблет, лап-топ..), кога одсeга ќе го посетувате “Старо Буре“ е да ги прелистате достапните SunWireless Wi-Fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал.

После првото пребарување, ќе Ви се појави login страната на SunWireless каде треба да се логирате со Вашиот пост-пејд акаунт или при-пејд код.

При-пејд картичките одсега ќе можете да ги набавите и во самата гостилница.

Сурфај на SunWireless и во пивница “Стар Град“

Сите корисници на SunWireless,  љубителите на доброто пиво, посетителите на најдобрата пивница во Скопје – “Стар Град“, од денеска имаат причина да бидат задоволни со уште еден новитет :)

Со договорот кој беше потпишан пред неколку дена, овозможен е SunWireless сервисот и за сите гости на пивницата “Стар Град“ кои одсега ќе можат да сурфаат на брз и безбеден безжичен интернет од најголемиот македонски wi-fi провајдер.

Се што треба да направите кога отсега ќе ја посетувате Пивницата за да користите wi-fi интернет е да ги проскенирате достапните SunWireless wi-fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сгнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless логин страната на која треба да го внесете при-пејд кодот од картичките кои ќе можете да ги набавите од Вашиот келнер или на шанкот !

Пијте пиво и сурфајте !

SunWireless прозрачи и во “Палма Бистро“ во Веро Центар

Семејството корисници на SunWireless сервисот кое од ден на ден се зголемува (минатиот месец изнесуваше повеќе од 400.000 членови кои се прикачуваат на SW мрежата), од денеска има на располагање уште една ексклузивна локација каде ќе може да сурфа со најдобрата понуда за безжичен интернет.

Со задоволство Ве информираме дека SunWireless потпиша договор со кафе-ресторанот “Палма Бистро“ кој се наоѓа во “ВЕРО Центар“ со што од денеска нашиот сервис е обезебеден и таму.

Се што треба да направите за да користите брз и безбеден безжичен интернет кога одсега ќе го посетувате “Палма Бистро“ и Веро центар е со Вашиот преносен уред (мобилен телефон, лап-топ или таблет) да ги прелистате достапните wi-fi мрежи и да се закачите на таа од SunWireless со најдобар сигнал.

После првото пребарување ќе Ви се појави нашата логин страна каде ќе можете да се логирате со Вашиот при-пејд код од SunWirless.

При-пејд картичките од SunWireless можете да ги купите online , преку СМС , да ги најдете во нашите продажни места или во “Палма Бистро“.

SunWireless и во “Тренд“ во Скопје Сити Мол

После обезбедениот SunWireless сервис во кафе “Тренд“ на скопскиот плоштад, со задоволство соопштуваме дека од денеска нашиот сервис е целосно овозможен и во  “Тренд” во Скопје Сити Мол.

Одсега сите посетители на “Тренд“ во Скопје Сити Мол, ќе имаат можност да користат брз, безбеден и квалитетен wi-fi сервис од SunWireless.

Се што треба да направите за да користите безжичен интерент во “Тренд“, е да ги скенирате достапните ’SunWireless Trendwi-fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал.

После првото пребарување ќе бидете пренасочени на нашата логин страна каде имате можност определен период да се регистрирате за промотивно користење на wi-fi сервисот бесплатно а потоа сесијата можете да ја продолжите со внесување на Вашиот SunWireless при-пејд код.

SunWireless при-пејд картичка ќе можете да набавите и во самиот локал, од Вашиот келнер или на шанкот.

SunWireless одсега и во Кафе “Тренд“

SunWireless со задоволство објавува дека  нашиот сервис ќе биде овозможен и во еден од најелитните ланч-ресторани во Скопје  - Кафе “Тренд“.

Договорот кој беше потпишан пред неколку дена, на сите посетители во “Тренд“  ќе им овозможи да добијат првокласна услуга на безжичен интернет од водечкиот wi-fi провајдер во Македонија –  SunWireless.

Се што треба да направите за да користите брз и безбеден безжичен интернет во “Тренд“ е со Вашиот преносен уред (мобилен телефон, таблет или лап-топ)  да ги прелистате достапните “SunWireless Trend” wi-fi мрежи и да се закачите на таа со најдобар сигнал.

При првото пребарување ќе Ви се појави SunWireless логин страната каде имате можност определен период да се регистирирате за промотивно користење на  wi-fi сервисот бесплатно а потоа сесијата можете да ја продолжите со внесување на Вашиот SunWireless при-пејд код.

При-пејд картичките кои важат 30 дена од моментот на активирање ќе можете да ги набавите од Вашиот келнер или на шанкот.

НОВО : Купи SunLite при-пејд ваучер преку SMS

На задоволство на своите корисници, SunWireless објавува дека од денеска во својата понуда вклучува нов при-пејд ваучер кој ќе може да се купи преку SMS порака.

Имено, SunLite при-пејд картичката со  вклучен интернет сообраќај од 512мб со времетраење од 12 часа, брзина до 2Mbps,  корисниците ќе можат да ја купат со испраќање на SMS порака со содржина TAP WIFI на бројот 141 551.  Ваучерот чини 59 денари и може да се користи во сите SunWireless хотзони.

Со овој ваучер, корисниците ќе можат експресно да добијат при-пејд код кој ќе може да го користат во повеќе од 500 хотзони вклучувајќи и многу ексклузивни локации како Аеродромите во Скопје и Охрид, поголемите хотели, автобуската станица во Скопје, ресторани, студентски домови, кафе барови и др.

SunWireless со двојно зголемени капацитети во студентските домови од Штип

Во текот на минатата недела техничката екипа на SunWireless работеше напорно на надградување на својот сервис и во студентските домови “Браќа Миладиновци“ и “Оаза“ од Штип, па сега, станарите во овие два студентски домови ќе можат да ги користат придобивките од двојно зголемените капацитети со кои на студентите ќе им се овозможи брза и квалитетна врска на безжичен интернет.

Студентите од студентските домови од Штип  ќе можат да користат wi-fi интернет со купување на при-пејд картички кои ќе можат да се набават во околната продавница за компјутерска опрема или online на следниов ЛИНК.

ВИДОВИ НА ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИ:

1.SunMobile ,со цена од 99 денари, со 512 мб сообраќај.

2.SunM, со цена од 299 денари, со 6 гб сообраќај.

3.SunL, со цена од 499 денари, со 12 гб сообраќај.

Картичките траат 30 дена од моментот на активирање

КАКО СЕ КОРИСТАТ ПРИ-ПЕЈД КАРТИЧКИТЕ ?

  1. Корисникот се прикачува на мрежата на SunWireless со најдобар сигнал (3 или повеќе цртички)
  2. При првото пребарување на некоја рандом веб страна (пр. google, facebook, rezultati итн..) сервисот автоматски  пренасочува на login страната каде треба да се внесе 16-цифрениот код од при-пејд картичката.
  3. После “Submit“, корисниот добива потврда за успешно логирање и може да сурфа на интернет во наредните 30 дена.

ДСД “Браќа Миладиновци“ и ПСД “Оаза“ се приклучуваат на листата на студентски домови каде спаѓаат уште и “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ , “Кузман Јосифовски-Питу“, “Пелагонија“, “Томе Стефановски-Сениќ“ од Скопје и “Орде Чопела“ од Прилеп во кои SunWireless веќе обезбедува свој сервис. Во наредниов период компанијата својот сервис ќе го обезбеди и во уште неколку други студентски домови ширум Македонија.

Македонците најмногу користат wi-fi за интернет преку мобилен или лап-топ

Во најновата публикација на Државниот завод за статистика на Република Македонија, објавена пред 2 дена, насловена како “Користењето на информатичко-комуникациските технологии во домаќинствата и кај поединците“ во првото тромесечје од 2012 година ,  22% од корисниците на интернет користеле мобилен телефон за пристап на интернет надвор од дома или на работа.

За мобилен пристап до интернет најчесто била употребувана безжичната мрежа (пр., јавен WiFi, WiMax), па
така, околу 18% од корисниците на интернет во последните 3 месеци го поврзале својот пренослив компјутер
на интернет преку оваа мрежа.

За пристапот на интернет преку мобилен најчесто била употребувана безжичната мрежа (Wi-Fi) , па така, околу 15% од корисниците на интернет преку мобилен во последните 3 месеци го поврзале својот мобилен на интернет преку Wi-Fi. Само 4,8% од македонците користеле 3G за пристап на интернет преку мобилен телефон.

Во однос на користењето на интернет надвор од дома преку преносни компјутери (лап-топ, таблет  итн..) повторно Wi-Fi технологијата била прв избор на македонските граѓани па 18,2% користеле wi-fi  споредено со 6,8% од испитаниците кои користеле интернет на преносниот компјутер преку некоја мобилна телефонска мрежа со USB.

Заедничка пресконференција со ONE – утре во 11 часот

Чест и задоволство ни е да Ве поканиме на утрешната (Петок, 26.10.2012 год.) прес конференција која ќе се оддржи во кафетерија “Драма“ на ул. “Македонија“ во Скопје со почеток од 11:00 часот, на која ќе ја официјализираме соработката со телекомуникацискиот оператор ONE.